Нај нај телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Nezavisen
  • Време на започнување Време на започнување
Нај-нај во последно време некако се трудат Канал 5 и Алфа. Ми се допаѓа тоа што Алфа стави телетекст, кој е на добар пат да го надмине оној на А1 бидејќи почнаа први да ги стават информациите. Се изненадив вчера кога уште први на текстот ја ставија информацијата за „Илинден“, кога немаше на ниедно друго место.

А1 малку закочија, ама не верувам дека Велија би оставил се на случајноста, така да ако сака да продолжи неговата куќа да биде најгледана ќе треба да земе и нови проекти. Сител почнаа нешто, ама уште им треба.

Друга работа на која сите треба да им се посветат, е визуелноста! Со исклучок на А1 и Алфа (ама и кај нив со некои дупки), сите други се катастрофа во тој поглед.

И да, прочитав дека нашите телевизии сега делеле рекламен колач од 40 милиони, додека до пред некоја година се грабале само за 8 милиони!
Златни владини реклами. :)
 
А1 е најдобра ама во последно време почнаа да даваат многу глупи филмови. Сител се само бледа сенка на А1, имаат интересна програма некогаш, али многу копираат. Исто мислам дека треба да ги исфрлат од програма оние шпанскине серии и да дадат нешто попаметно.
 
Незнам кај гледате дека а1 е најдобра кога и да пуштам а1 гледам реклами :tapp:
 
Тежок избор а?Сител од нашиве мислам дека за сега ми е фаворит поради Срвајвал али го мразам поради Вучич
Овој Велија пак неможам ич да го гледам така да и програмата негова ретко ја гледам.Плус многу реклами :)

Од странскиве Хрт и Нова,екстра филмчиња даваат :)
 
Незнам кај гледате дека а1 е најдобра кога и да пуштам а1 гледам реклами :tapp:

епа да не се рекламите ние ќе гледавме пречки како тоа на Мтв што беше што пишти навечер цеа вечер
 
Многи ја почитував А1 ама некако почнува телевизијата да ја користат за препукување со Сител така да, да ги тргнеме овие телевизии дефинитивно Канал5 и Телма ми се најдобри само што немаат некои големи Буџети како А1 и не можат да даваат високобуџетни филмови и серии
 
А1 и Сител се најгледани, факт. Тоа што и двете се подеднакво простачки (со тоа што едната е провладина), е друга приказна. Та Бекстејџ та Ексклузив, исти таков. И двете се преплавени со шупачки реални шоуа, квизови кај шо саат време некоја водителка вергла зелени дури не пошандрца, нешто што го даваат така, чат пат измеѓу рекламите, филм ќе да се викаше... И така.

Било кои вести ги гледам, фудбал и може да се деси некој филм. Телма претежно.
 
Апсолутно се согласувам со тебе, Сител и А1 се најгледани, и сепосељачки, исти се, како копија едан на друга. се повеке гледам странски телевизии.
 
Најгледани канали ми се Discovery Channel,National Geographic,History Channel,TV 1000 и HBO.Од македонскиве гледам Премиер Лига и Сурвајвор на Сител и Големиот Брат,24 и ЦСИ на А1.Во последно време добри филмови даваат и на Канал 5.
 
Да им е*** ја се живо укинуваат само канали,прво ХРТ2,па НОВА и ОБН,па сега сите Дискавери,друго на ред што ќе биде незнам.Само да ми го вратат ХРТ 2 нека укинат се друго ако треба,тоа ми е омилен канал.Највеќе ради спортот таму секоја утакмица на Динамо и на Хрватска ја гледав,а сега ептен ретко освен ако не се мачам преку интернет да наоѓам стримови.Тука некаде ми се Дискавери(сите) и Хистори чанел.
 
Македонскиве ретко ги гледам, така да имам повеќе телевизии кои би можел да ги ставам во нај нај: на пр. еве Nova TV i RTL Hrvatska. Како прво одлични филмови, одлични серии понекогаш и спорт, добри емисии...то е то. :wink:
 
Тв само кога ми треба некој филм на а1 пример иначе ги сметам како сите да се поткупени така што пример а1 и сител секогаш ќе бидат VS...иначе ја гледам најмногу The voice музичка бугаркса телевизија и не се замарам со вести
 
А1 знаат да дадат добри филмови исто како и сител али ко шо кажаа погоре ептен почнаа да се препуцаваат меѓу себе а и копи пејст една од друга праат! Канал5 кога би имала буџет како овие две дефинитивно би била најгледана... знаат и канал5 да дадат одлична програма некад. ова за македонскиве телевизии а од странскиве Discovery дефинитивно најдобра телевизија шо може да постои!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom