- Член од
- 15 ноември 2011
- Мислења
- 1.427
- Поени од реакции
- 751
Мене оригиналната НЦИС ми здосади од таму 5-6 сезона кога за последен пат беа интересни епизодите со Тони кога беше на тајна задача кај Жабецот(Армен Асанте), со девојка му - ќерката на Жабецот, потоа со случувањата со директорката и мафијата, со Мајк Френкс и тоа е тоа. Мислам дека серијава беше интересна се додека истата не ја напушти Доналд Белисарио главниот продуцент, читав на интернет дека доста гледачи го осетиле тоа дека изгубила на популарност. Се подоцна е непотребно продолжување, за мене, иако има веќе 12тина сезони и кој знае до кога ќе трае, мене веќе ми е предосадна, се едни исти случувања, нема нешто ново се исто се случува, се исти заебанции со Тони и МекГи, исто глупирање на Аби...
Бев голем фан и ги чекав некогаш епизодите рано насабајле да излезат ама ми здосади, најверојатно дека сега на интернет имаме поголем избор на поинтересни серии.
Во Лос Анџелес ми се допаѓа се освен Ерик, Нел, Хети како и оној клапчо Нејт, да е без нив серијата со посериозни карактери би била врв, пример да ја води Гренџер и некои посериозни хакери, да нема лигавење како кај Ерик и Нел, грдо е. Некако не и лежи на сериозна серија со истраги, убиства, шпионажа да има такви ликови. И не ми е досадна воопшто, секоја епизода е скоро исполнета со некоја акција, некоја тајна задача кај некои непријатели и сл. Даниела е омажена за братот на Дикс кој е воедно каскадер во серијата.

Последно уредено: