N.C.I.S

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Мене оригиналната НЦИС ми здосади од таму 5-6 сезона кога за последен пат беа интересни епизодите со Тони кога беше на тајна задача кај Жабецот(Армен Асанте), со девојка му - ќерката на Жабецот, потоа со случувањата со директорката и мафијата, со Мајк Френкс и тоа е тоа. Мислам дека серијава беше интересна се додека истата не ја напушти Доналд Белисарио главниот продуцент, читав на интернет дека доста гледачи го осетиле тоа дека изгубила на популарност. Се подоцна е непотребно продолжување, за мене, иако има веќе 12тина сезони и кој знае до кога ќе трае, мене веќе ми е предосадна, се едни исти случувања, нема нешто ново се исто се случува, се исти заебанции со Тони и МекГи, исто глупирање на Аби...
Бев голем фан и ги чекав некогаш епизодите рано насабајле да излезат ама ми здосади, најверојатно дека сега на интернет имаме поголем избор на поинтересни серии.
Во Лос Анџелес ми се допаѓа се освен Ерик, Нел, Хети како и оној клапчо Нејт, да е без нив серијата со посериозни карактери би била врв, пример да ја води Гренџер и некои посериозни хакери, да нема лигавење како кај Ерик и Нел, грдо е. Некако не и лежи на сериозна серија со истраги, убиства, шпионажа да има такви ликови. И не ми е досадна воопшто, секоја епизода е скоро исполнета со некоја акција, некоја тајна задача кај некои непријатели и сл. Даниела е омажена за братот на Дикс кој е воедно каскадер во серијата.
 
Последно уредено:
Од каде е таа информациjа дека Белисарио jа има напуштено сериjата?
Jас како што памтам уште го има и во наjавна и во одjавна шпица, а и секаде го пишува како executive producer
 
Although he retains his title, he has not had any creative or executive involvement with NCIS since then.
 
И така и вака, по 12 сезони, сеуште се #1 по гледаност тв шоу у Америка .Не е мала работа тоа .
За тиа шо не им е досадна , следната епизода излегува на 2 фебруари :D
 
Реално далеку се од тоа ниво шо беа. Таа сезона со Арманд Асанте им беше врвот, наваму се добри, каде каде над просекот се, ама таа сезона нема да ја постигнат.
Јас останав разочаран од нив, после експлозијата во нивната зграда кога Џими правеше свадба, после такво финале, некој мораш да умре, многу розово се среди се тоа, не е нивни стил...
 
Добра епизодава, го убија и овој, сега шо имаат смислено за до крајов на сезонава, нема ваљда само филер епизоди да тераат.
 
Моментално го гледам финалето на десетта сезона. Значи нема спас од овој Мајк Френкс, еве и умрен уште замара... дефинитивно најдосадни ми се епизодите каде што тој учествува. (моментално си тече сцената со Гибс и Мајк додека го пишувам постот)

Кажете ми дека ова му е последен пат да се појавува во оваа серија плиз :shook:
 
Од сезонава, убедливо најубава ми е епизодата со МекГи и татко му, кога му го пишува писмото и кога всушноста се зборува и за сите правила на Гибс, како сублимат. Емотивна, интересна, прекрасна.
Една од поубавите епизоди во последно време.
 
Бидна ли season finale на 12та сезона. Wikipedia вика 12ти Мај. Не сам ја гледал 12тата сезона, ќе ја симнувам complete.
И овоа :D
 
Вечер ќе се прикажува во САД, утре ќе ја има по торенти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom