Ако можеше Албафон со 16000 претплатници да издржи 2 години пред да пропадне овие според сите математики и број на корисници не би требало да издржат повеќе од 1 година под услов ако не перат странски црни пари во Македонија.
Јас чисто сумљам дека ќе останат овие живи и по таа 1 година. Чим прават реклами разни на фејзбук, по страни, чим прават донации и ќе прават своја мрежа во Македонија чисто нивна и ќе се 3ти Мрежен оператор со своја сопствена мрежа. Директорот на МТС во интервју го слушав кажа дека иако овој пазар е мал, сепак имало место за уште еден мрежен мобилен оператор со сопствена мрежа. Тие ќе си постојат овде, чим сателитската им успеа овде и имаат многу корисници на нивната сателитска телевизија, ќе имаат и мобилна понатаму ќе направат измени сигурно ќе има нови постпејд исплатливи тарифи. Имаат тие милиони евра кај нив, сигурно не влегуваа на македонскиот пазар така ако немаа пари, бидејќи тие не се обични смртници и тие знаат правилно како да заработуваат и вложуваат пари.
Сега ја користат мрежата од А1, поранешно оне.вип преку која нудат мобилна телефонија и интернет со преносен 4г рутер. Ќе успеат понатаму многу, тие имаат пари преку некои чори патишта, имаат јаки врски фатени и во влада и ќе туркаат далеку. Не се тие како нас обични смртници, тие се јака фирма и со нив нема никој работа.