Mr.Robot

  • Креатор на темата Креатор на темата Ryan Giggs
  • Време на започнување Време на започнување

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
12.283
Поени од реакции
22.853
Локација
Скопје - Македонија
Веб-сајт
www.youtube.com
mrrobotposter.jpg

mrrobot-key-art.jpg

Компјутерски програмер и анти-социјален случај Elliot ( Rami Malek ) вработен во фирма за компјутерска безбедност се поврзува со анархистичка хакерска група ( hint: anonymous ) предводена од лидерот Mr.Robot ( Christian Slater ) кој ќе побара од него да го намести директорот на EVIL CORP индиректно бараајќи од него да направи почеток во она што натака се најавува во серијата - Револуција на светско ниво и рушење на сите моќници кои го контролираат светот и животот на секојдневниот човек. Како за пилот епизода фантастична проследена со фантастична глума ( Rami Malek глуми феноменално ) и многу напнат трилер заплет кој всушност и ја прикажува вистинската реалност за она што ние го знаеме како хакери а не претставува баш она класично CSI бла бла со стискање на едно копче булшит :).
Пилотот за сега ме изненади иако не очекував првично многу, но крајно ме изненади и секако ја ставам на репоертоар за гледање.
Пилот епизода 10/10 глума, приказна, реализација ....
 
Последно уредено:
Ептен добра, уште подобро што сите технички детали/информации (ќе) се точни, значи некој што се разбира му е уште поинтересна.

Башка, сајтот е најјак http://www.whoismrrobot.com/
 
Одлична прва епизода. Овој Рами исто така одличен, првпат го среќавам во нешто, и улогата баш му одговара. Многу реална, интригирачка.
И обновена е за втора сезона.:)
 
Ќе биде ептен глупо ако си ги замислува фаците. Плус мислам дека тој ги прави нападите кога е напушен.

Sent from my P6-U06
 
Кога ќе го изгледаш,си мислиш дали навистина измислува се он,халуцинира како последица од омразата или пак навистина се дешава тајното друштво,следењето и даље. Јака серија :)
 
Кога е втората епизода?
 
Страшно добра прва епизода. Глумата е одлична, главниот лик баш е погоден. Се надевам дека ќе биде добра понатаму.
 
Мене единствено што ме иритираше беше Анџела, крајно антипатична глумица.
 
И мене ми се допадна премногу првата епизода :) Ќе видиме понатаму :D
 
ја прикажува вистинската реалност за она што ние го знаеме како хакери а не претставува баш она класично CSI бла бла со стискање на едно копче булшит :).
Немаш поим колку глупости, почетнички грешки и нелогичности има на сликава.

21eat1z.png


А врв беше IP адресата од тој главниот на корпорацијата - четвртиот октет ѝ почнуваше со тројка. :LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom