Кон болтуваното, по редослед:
- ниту сум надуван ниту ми е испран мозокот
- науката оди напред? Каде напред? Во убавата иднина? Или кон царството од антихристот за кој прашање кога ќе се појави? Ај прочитај малку, научи малку повеќе па ќе праиме муабет за убавата иднина...
- а тебе најбитно ти е као живееле поповите? А да погледнеш малку на својот начин на живеење?
- веруваш во Бога? Како? Со осудување на се живо околу тебе?
- поповите се казенти пред време за да одат во пеколот? Од кај ти е оваа генијална мисла? Да не е и тоа твој изум?
- да, јас сум гравиран во мозокот. Така вели и Христос, дека „..дојде да го запише заповедите/законите во срцата и во мислите од луѓето...„
Благодарам за сите навреди. Па и тие се христијански, нели?
-мозокот/умот, кој безусловно прифача туѓи мисли и ставови, без да се запраша дали се во право, или не, и.т.н. е испран мозок, твојот ум/мозок не е таков?
-Главната цел на науката е олеснување на животот на луѓето, науката оди кон подобра сегашност ( не подобар задгробен живот ).
Но, тоа што некој ( главно поради религиозни, политички и воени цели ) се искористува како алатка за нанесување зло, не е вина на науката, туку на религијата, политиката и војската.
Како што гледам, науката мнооогу мнооогу повеќе од религијата успеа да го направи светот подобро место за живеење на сите.
Не викам дека не треба воопшто да се верува, викам дека треба да веруваме самите во себеси, а не во некој друг мозок...дури религијата ( и тоа што религијата ја искористува науката за нанесување зло, не е дело на науката, туку на религијата ) му има нанесено многу големо зло на човештвото, и мислам дека крајно време е да и се стави крај.Да се стави крај на злото.
-во религијата кога ќе видиш нешто што верниците не го гледаат, т.е. несмеат да го видат, тогаш треба и ние да го замижиме тоа?
Епа, неможе...
-тоа што некој кажува свое мислење за работите околу него, што неможе да се каже дека е осудување, е со најдобра намера, а не со цел да му се нанесе зло на некому.
-за разлика од тебе, тој барем има своја мисла
-зборуваш „исус рече“ а не „исус рекол“..како да си го видел ти тоа...или веруваш дека си го видел, или веруваш дека нема потреба да го видиш за да веруваш дека знаеш дека си го видел?
Знаете колку луѓе во психијатриските болници низ светот има поради тоа што веруваат?
Што веруваат дека не ги пробива куршум, дека се пратени од господ, дека се слуги на господ/алах ( нели бомбашите самоубијци се тоа? зарем местото не им е во психијатриска болница?), што веруваат дека се некоја славна личност и.т.н. и.т.н....каде е нивното право да веруваат во што сакаат?
Каде е правото на слободен избор на научниците кои го развиваат генетскиот инжењеринг? Нели присилно се допрени нивните истражувања ( забрана за експериментирање со човечки клетки итн, која што забрана е поттикната од религијата, без да одделувам кои религии )?
Нели секој имаше право на слободен избор?
Каде е сега тоа право?