Може ли верникот да биде филозоф?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sultan
  • Време на започнување Време на започнување
Насловот на темата е „Може ли верник да биде филозоф“

Јас како што читам не е ограничено на верник конкретно од некоја религија на пр. како Мики што се ограничува на православните верници или пак Магус на некои “класични“ верници. Кои се тие класични верници?
Дефиниции, поправете ме ако грешам.
Верник = човек што верува дека ПОСТОИ Бог, односно совршено пра битие создател на се.
Атеист = човек што не верува дека постои Бог.
Агностик = “збунет“ човек :) односно се сомнева и бара доказ за постоењето на Бог.

Е сеа една малку груба класификација и ставање во калап на едни од најпознатите филозофи кои што се многу повеќе од овие нивни изјави, но да ја доловам суштината дека не е ограничена човековата мисла со тоа дали некој е верник, атеист или агностик.
Верник - Кант
A categorical imperative would be one which represented an action as objectively necessary in itself, without reference to any other purpose.
Атеист - Ниче
A casual stroll through the lunatic asylum shows that faith does not prove anything.
Агностик - Шопенхауер
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Сите овие се големи умови и филозофи со тапија, а тоа дали завршиле во рај или пекол не е предмет на дискусија нАли. Кои сме ние да судиме?
 
Класични - поголемиот дел, мнозинството, масата, збирштината...уморните, остарените кои ја одбиваат промената, мислата кои го трујат животот, ја трујат ведрината и полетната смеа.
 
A што е верник и што е филозоф ?
 
A што е верник и што е филозоф ?

И јас се прашував цело време на какви и кои верници ова се однесува. На форумов кога ќе кажеш верник одма се мисли на христијани или муслимани :toe:
 
Да, верникот може да биде филозоф. Верникот може да биде хирург, професор, леар, пекар итн.
 
A што е верник и што е филозоф ?

1. Верникот се потпира на од Бога објавените вистини и ја претпочита семоќта и волјата Божја пред својата немоќ и ограничена способност за осознавање.
2. Философот е потпира пред се, на својата способност за осознавање, сметајќи дека е барем доволно способен да ги осознае сите вистини во природата.
 
Филозофијата во изворнто поимање значи - учење на живот. Филозофите биле луѓе кои го објаснувале животот и нуделе одговори за животот. Ако филозофот за основа на своето учење го има Господ Исус Христос ќе го даде вистинскиот одговор.
 
Ако ја сфаќаме религијата како филозофија,тогаш секако дека може,ако пак на религијата гледаме само мрежа од мрсни попови и оџи кои преку духовното гледаат материјално,тогаш религијата не е филозофија,туку негативна материјалистичка појава...
Инаку верската филозофија е една од најтешките филозофии,го поставуваат прашањето за постанокот,појавите и се што не опкружува,како и прашањето за создателот/двигателот или последицата од што настанал светот и вселената...
 
Vernikot/vernickata moze da bide i porno star poso mora od neso da se zivee.
 
Филозофот не влегува во портата на филозофијата како некој кој се откажал од Бога, напротив може да поседува се што поседува еден обичен верник, но тој е секогаш свесен дека без разлика колку му значи она што го верува, без разлика колку е посветен на тоа, без разлика колку е емоционално врзан со оние кои се убедени во тоа, филозофот го задржува правото да испрашува и да се сомнева, а тоа е она што верата строго го забранува. Неможе да се биде филозоф во класичен смисол и верник, двете работи си контрираат...затоа секој филозоф може да стане верник, но не и секој верник треба да стане филозоф...
 
Филозофот не влегува во портата на филозофијата како некој кој се откажал од Бога, напротив може да поседува се што поседува еден обичен верник, но тој е секогаш свесен дека без разлика колку му значи она што го верува, без разлика колку е посветен на тоа, без разлика колку е емоционално врзан со оние кои се убедени во тоа, филозофот го задржува правото да испрашува и да се сомнева, а тоа е она што верата строго го забранува. Неможе да се биде филозоф во класичен смисол и верник, двете работи си контрираат...затоа секој филозоф може да стане верник, но не и секој верник треба да стане филозоф...
А ова е тоа што религиите ги прави најголем непријател за човечкиот интелект и слобода! Инструмент за перење мозок и манипулација!
Ако правото да преиспиташ и се сомневаш го прогласиш за грешно и забрането, со тоа стануваш репресор, робовладател и тиранин!
Со што фактот дека религиите се најголемото зло за човечкиот напредок, станува очигледен и непобитен!
 
Верникот не може да биде философ, гледано од православната вера,


Зборот филозофија е кованица од грчките зборови „филео“ (љубов) и „софија“ (мудрост) и значи „љубов кон мудроста“. Гледано од христијанската вера, христијаните не само што треба да бидат филозофи, туку тие и се повикани да трагаат по Божјата (небесна) мудрост која е пред се чиста, потоа мирољубива, блага, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна.

„ Човек кој ја љуби мудроста, го радува татка си, а кој се дружи со блудниците, го растурува имотот. “ (Пословици 29:3, Библијата)

„за да се утешат нивните срца и соединети во љубовта да дојдат до сето богатство на полната уверност на разбирањето, до познавањето на тајната на Бога, и на Христа, во Кого се сокриени сите богатства на мудроста и на знаењето. “ (Колошаните 2:2, Библијата)

„А мудроста која доаѓа одозгора, пред се е чиста, потоа мирољубива, блага, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна. “ (Јаков 3:17, Библијата)
 
Филозофијата во изворнто поимање значи - учење на живот. Филозофите биле луѓе кои го објаснувале животот и нуделе одговори за животот. Ако филозофот за основа на своето учење го има Господ Исус Христос ќе го даде вистинскиот одговор.

Кирил (константин) ако не се лажам, така?
 
За разлика од ова, секоја вера бара да веруваш во Бога, а не да истражуваш тоа. Куранот јасно вели “ Верници се оние кои веруваат во Бога,и после нема да се посомневаат “ ( Сура Хуџурат ). Мухаммед а.с. барал од своите следбеници да размислуваат за Створеното, но не и за Створителот.

Не е точно дека секоја вера бара да не истражуваш и слепо да веруваш во Бог. Тоа го бара Исламот затоа што Мухамед на тој начин си ја чувал четата, за да не му избегаат верниците во некоја друга вера. Па затоа им велел да не размислуваат и да не истражуваат за Алах, затоа што Алах ќе ги казни (туку едноставно мора да веруваат во Алах затоа што Мухамед им рекол така и тој гарантира за вистинската претстава на Бог).

Во христијанството тоа не е случај. Во христијанството Бог ги отвара сите карти пред луѓето и слободно им вели да го испитаат, да го вкусат, да ги проверат пророштвата (наспроти Алах кој не кажал ниту едно пророштво преку Мухамед, ниту направил некое чудо преку него). Христијанскиот Бог не се плаши да биде проверен и истражен.

„ Вкусете и видете колку е добар Господ“ (Псалм 34:8, Библијата)

„онесете ги сите десетоци во ризницата, за да има храна во Мојот Дом. Тогаш испитајте Ме - зборува Господ над Војските - не ќе ли ви ги отворам небесните брани и не ќе ли излеам врз вас благослов со полна мерка; “ (Малахија 3:10; Библијата)

"Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста и јас ги објавив; Направив брзо и се збидна...Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне, за да не речеш: Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така!" (Исаија 48:3-5, Библијата)

Филозофијата, напротив бара да си скептичен. А во некои случаи толку скептичен што ќе почнеш да мислеш дека нема никогаш да ја пронајдеш вистината за најбитните работи во животот.

Тоа се нарекува агностицизам и е далеку од вистинската мудрост. Речиси ите вистински христијани биле скептични се додека не се увериле дека вистината е во Христос и Библијата воопшто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom