Атеист
Дежурен Шаман
Атеизмот е верување кое бара многу поголема вера отколку теизмот.
Атеизмот е вера исто толку колку што и ти веруваш дека денeс ќе ручаш. Класична манипулација и пуста желба на ФК Ватикан и атеистите да ги стави под иста капа. Ти можеш и 5000 пати да изјавиш дека тоа е така, ама не е. Кој тоа те научил дека 1000 пати кажана лага станува вистина?
Потполно ќе се сложам. Од ништо не настанува нешто. Тоа ексклузивно право на создавање нешто од ништо ја има твојот бог Јахве. Само тој од ништо прави нешто. Ниедна теoрија не го тврди тоа.Треба навистина фанатичка вера за човек да верува дека се настнало од ништо,
Невидена манипулација на се што вели науката, се ти е погрешно. Нема никаде хокус покус.дека слепата материја си се самоорганизирала со помош на слепите и самосоздадени сили, и дека потоа некако тики така (хокус покус) безживотните хемиски соединенија оживеале, па потоа во нив си се самосоздававале огромен број на нови генетски информации одговорни за нови органи, за сетила, за мозок итн и така настанувале животинските видови и човекот итн итн. Тоа е атеистичката низа на зависно поврзани логичко и научно невозможни настани. Навистина е потребна фанатична вера за да се верува во атеизмот.
Хокус покус во невидени размери прави само твојот Јахве. Нема материја, (нека биде.... и хокус покус биднаааа...) нема земја (нека биде.... и хокус покус биднаааа...) нема човек (нека биде.... и хокус покус биднаааа...) и тн... до недоглед.
Невиден хокус покус.
Ти можеш да прифатиш и дека Месечината е целата составена од кашкавал и да тврдиш дека постојат докази за тоа, ама тоа не го прави твоето тврдење вистина.
Во горната изјава само смени ги местата на еволуцијата и Господ и ќе добиеш еквивалентен теистички исказ.
Ќе добиеш Исказ кој не значи ништо, кој е лажен и невозможен.