Мојот најчест проблем?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
се нервирам за ситници...ама таков сум...се ставам на срце...
 
Најчесто проблеми ми прави мојот јазик. Што ми смета, што не ми смета, се ''плескам'' во лице и после ми се лутат. Некогаш знам да проговорам неубави зборови (оу мај гад најчесто во негативна смисла) на сред улица ако видам некој што не ми ''штима'' добро е што досега сум поминувала само со погледи и мумлања од другата страна и не се нашол некој што ќе ми ја лепне една да се опаметам.:bilor:

Проблеми ми прави и мојот нагласен оптимизам. Секогаш на работите гледам од најдобрата можна страна и си правам проблеми бидејки најчесто не е така. Реализам ми треба мене. :smir:

Расеана сум. И тоа ми пречи многу. Се губам, се заборавам нешто јас. Не ми доаѓа памет чоече. :bilokojzbor:

Тоа би било се. А да, можеби и комшиите малку ми го отежнуваат животот, а излезам некаде цртка ми бележат, со кој, како, кога, па си раскажуваат бабине после. Дома не ме пазат така како комшиите. Бог да чува ... :uvo:
 
Прво, не посветувам доволно време на тоа што го сакам. Не зборувам за ништо особено, туку општо.

Второ, наивен сум. Додуша порано бев повеќе сега искуството со луѓе ме оправи малце.

Трето, понекогаш размислувам премногу напред за моите години. Што би било кога би било...дрн, дрн јарина, одсега си го живеам животот како сакам, за последиците подоцна.

Четврто, сомневањето кај другите. Кај мене тешко се добива доверба, а пак ако ја изгубиш не ја враќаш. Но, понекогаш претерувам, и не верувам на најбаналните работи....
 
уффф! нон стоп молчам....
лесно се провоцирам за кавги (ама работам на тоа),
и во деновите кога целиот свет е против мене, многу зборам работи кои не ги мислам.......... тоа би било тоа, засега хахаха
 
проблемите со околината
 
Премногу зборувам... во последно време се трудам да го поправам тоа.
Се нервирам за глупости понекогаш, а знам дека ништо нема да се измени, дека пак останува се по старо.
Премногу им верувам на луѓето и не научив дека некои работи треба да ги чувам само за себе.
 
Што сум смирена личност и сум убаво воспитан.
Треба да бидам морон и да пљукам по секој што не мисли како мене и да тепам секој шо ќе ме погледне накриво.
 
parite definitivno i toa sto se plesnuvam vo faca
 
mijot najcest problem me boli zabot
 
што едноставноста ја сложувам и после ме боли глава од неа
 
не сум комуникативна, барем така мислам! околината ме смета за дигната, шмизла, или што ти ја знам, а всушност јас потсвесно се кријам под таа маска поради стравот да се релаксирам! едноставно, не можам да бидам опуштена покрај личност шо мислам дека не ја знам доволно... па макар и за најбанални работи! но најиритирачкото нешто е што понекогаш се случува, ДУРИ и откако ќе се зближам со некој, да ми треба многу време да соберам храброст за да му кажам нешто..
не се ценам доволно!
лесно се депримирам!
прибирлива сум..
:toe:
 
Толку често прам мајтапи,шо ко ќе сум стварно сериозна луѓето ме гледат ко да не сум во ред и не ме сфаќат озбилно...
 
Мојот најчест проблем? Мрзлив сум мнооогу (Mrzitis acutis gravis), срамежлив не до толку ама сум.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom