Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тешко се адаптирам на промени. И тоа знае да биде многу проблематично кога живееш активен живот, промени се случуваат секој ден. Јас сум роб на навики. Кога во било кое поле од моето животно секојдневие ќе дојде до промена, ми треба долго време да се привикнам и да ги прифатам новите околности.
Скоро секогаш песимистички гледам на важните нешта што треба да ме очекуваат во иднина. Ако на повидок е некоја голема работа што треба да ми се случи и за која шансите се големи, јас секогаш одам со мислата „Ма нема теорија мене ова да ми деси, премногу е добро за да биде вистинито, а јас сум највечи баксуз“Не дека е којзнае каков животен проблем ова, ама ми го комплицира секојдневието со тоа што ми ја окупира главата со црни мисли.
Пари. Планина долари да имам у двор, пак ќе ми бидат малце.Колку и да имам, вечно сум во недостиг. Секогаш имам нешто за кое парите што ги имам во моментот не ми се доволни.
![]()
Последна работа што ми го отежнува живеењето, а особено соживотот со моите дома, е односот со нив, кој во последно време се повеќе иде по надолна линија...
:podsmev:Само еден и единствен-далечината...
Најчесто проблеми ми прави мојот јазик. Што ми смета, што не ми смета, се ''плескам'' во лице и после ми се лутат. Некогаш знам да проговорам неубави зборови (оу мај гад најчесто во негативна смисла) на сред улица ако видам некој што не ми ''штима'' добро е што досега сум поминувала само со погледи и мумлања од другата страна и не се нашол некој што ќе ми ја лепне една да се опаметам.:bilor:
Проблеми ми прави и мојот нагласен оптимизам. Секогаш на работите гледам од најдобрата можна страна и си правам проблеми бидејки најчесто не е така. Реализам ми треба мене. :smir:
Расеана сум. И тоа ми пречи многу. Се губам, се заборавам нешто јас. Не ми доаѓа памет чоече. :bilokojzbor:
Тоа би било се. А да, можеби и комшиите малку ми го отежнуваат животот, а излезам некаде цртка ми бележат, со кој, како, кога, па си раскажуваат бабине после. Дома не ме пазат така како комшиите. Бог да чува ... :uvo:
Исто и јас...и мислев дека тоа ќе се смени ама не е така. А плус и недовбербата која ја имам кон луѓето.Премногу се замарам за ситници.Да,дефинитвно тоа би бил мојот најчест проблем.Колку и да е глуп и неважен,може многу да нервира.За некоја ситница,ќе земам да размислувам,па да филозофирам,а воопшто не е ни потребно такво нешто.
Ај можеби ќе се промени тоа во иднина.
:podsmev:
- Недовербата во луѓето ... толку ми е зголемено нивото на недоверба, што како што кажа јодамастерот, некогаш неможам да поверувам и во најмали ситници, што доста ми смета.
- Премногу размислувам ... од тоа па со вечери може да ме мачат несоници ... незнам да оставам пет минути да кулирам, без да мислам за нешто што треба да се реши, па макар било тоа и за неколку месеци подоцна ... страшно нешто значи.
.![]()