Мојата соба - мојот свет?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали вашата соба ја чувствувате како ваше катче, како ваш свет?
Дали собата за вас е само обична соба за преспивање?
Дали сте сами во соба или ја делите?
Уредена е по ваша желба?
Секогаш е средена или се е хаотично?


За мене мојата соба е целиот мој свет. Кога сум дома обично речиси 97% од времето го поминувам во неа.
Иако е несредена, со книги на сите страни, најмногу си ја сакам и за мене е совршена...
Многу мразам на пример кога ми ја оставаат вратата од собата отворена.
Кога ќе влезам си се заборавам внатре.
Не поминувам многу време дома, ама кога сум дома, уживам во мојата соба и баш си ја осеќам како простор за релаксација.
 
Дали вашата соба ја чувствувате како ваше катче,како ваш свет?
Дали собата за вас е само обична соба за преспивање?
Дали сте сами во соба или ја делите?
Уредена е по ваша желба?
Секогаш е средена или се е хаотично?


За мене мојата соба е целиот мој свет.Кога сум дома обично речиси 97% од времето го поминувам во неа.
Иако е несредена,со книги на сите страни,најмногу си ја сакам и за мене е совршена...
Многу мразам на пример кога ми ја оставаат вратата од собата отворена.
Кога ќе влезам си се заборавам внатре.
Не поминувам многу време дома,ама кога сум дома,уживам во мојата соба и баш си ја осеќам како простор за релаксација.


Па фактички е мој свет затоа што скоро по цели денови сум во неа.
Уредена е по моја желба,но цело време менувам,преместувам,префрлам итн...затоа што несакам цело време исти работи и морам да сменам.Иначе дали е средена баш и не се замарам многу...прилично е средена :icon_bigg
 
si ja sakam sobata..iako cesto mi e premnogu rasturena:icon_conf
ja sakam zatoa sto e po moj vkus i najprijatno se custvuvam vo nea
 
па да, мојата соба мој свет.. скоро секогаш средена,али од понеделник до петок на фотејлите обавезно има по некој куп облека... :)
си ја сакам собата, со све ми е опремена, и за гости и само за мене... голема е бааги па имам место за све, и затоа мн ја сакам
и да, само моја е, не ја делам со брат ми, кој за разлика од мене “ужива“ во 2 на 4 :)
 
Многу си ја сакам собата, баш си ја осеќам како нешто свое за кое јас си се грижам :) обожавам да си ја средувам уредувам надополнувам.. Убаво ми е кога ќе ги затворам очите и онака си се осеќам сигурна во „своето место„ :)
Не ја делам со никој ( фала богу )
и е баш онаква каква јас што сакам да ми биде и ПРЕКРАСНА МИ Е
хехе, си се испофалив ...ако...ако
 
Дали вашата соба ја чувствувате како ваше катче,како ваш свет?

Da. :helou:

Дали собата за вас е само обична соба за преспивање?

Pa ne bas, ipak e mesto kade sto mozam na mira da se odmoram, da ucam, da slusam muzika itn...

Дали сте сами во соба или ја делите?

Sam sum. hehe:

Уредена е по ваша желба?

Pa ne bas ama mi odgovara kako e sredena. toae:

Секогаш е средена или се е хаотично?

Biroto e haoticno, a sve drugo e sredeno. hehe:
 
Ја делам со брат ми иако не поминуваме ни двајцата многу време во неа освен за спиење,ја посетувам кога треба да си земам алишта,книги и слични ствари останатиот дел од денот го поминувам во дневна,каде може да се каже дека и учам и спијам понекогаш, и го малтретирам компјутерот кој малтене е селска к*рва затоа и не ми стои во соба,значи мојот свет е се освен мојата соба,не и се замарам...ах да уредна е и средена,секогаш,не за друго кажав не ја погледнувам :icon_lol:
 
Мојата соба е уредена како да влегле Апачи.

Поделена е на три светови,

мојот од братми и сестрами.

Направен така што сите можат да уживаат,сплет на

скинер,панкер,металка. Одлична комбинација.
 
Мојата соба моментално е кујната, таму ми е креветот за спиење:(
Па ако мирисот на манџи и сличи ќерефекии е мојот свет ДА ТИ СЕ ПЉУКНАМ У СВЕТОТ
 
Дали вашата соба ја чувствувате како ваше катче,како ваш свет?

Па, на некој начин да зашто имам слобода да ја уредам како сакам, на ѕидот на стои тоа што јас сакам, од биро да тргам или ставам предмети кога јас сакам, компјутерот ми е во соба, музиката заедно со него.
Дали собата за вас е само обична соба за преспивање?

Не, обожавам и во текот на целиот ден да си легнам на кревет/ седнам во фотелја и да си слушам музика, да разлистам некое списание, да видам што има на нет итн. Едноставно, можам да се опуштам.
Дали сте сами во соба или ја делите?

Сама сум и многу среќна поради тоа :)
Уредена е по ваша желба?

Да, плави ѕидови и хамерот што ме потсетува на моите најмили, а другото често се менува.
Секогаш е средена или се е хаотично?

Некогаш ептен ме фаќа мрза да раскренам кога ќе видам дека собата ми е како ураган да прошол низ неа, ама искрено и јас не можам да седам во толку хаотична соба и некако непријатно ми е чувството и секогаш тоа чувство ме тера да ја раскренам.:)
 
Па по долги години спеиење во дневна еве 2 години више имам соба,не ја доживувам како нешто посебно со уредување и декорации не се замарам(постерите ме мрзи да ги лепам) кревет компјутер ТВ и тоа. По хигиена не сум многу имам флаши, тетрапак,кесички од гумени бонбони и ресани чипсови и тањири на столов фамрерки и трењерки(баш во моментов)и во поголем дел од времето.Секоја сабота убав момент ми е генералката правоШмукалка бучи прашина се брише џам се отвара искачаат лошите духови
Сепак каде-каде е подобро кога си имаш свое место па и кога ти е несредено не влијае на други а ако нејкеш да гледаш никој си имаш каде да идеш
 
си ја обозавам собата 99% си седам во неа се ми е тука креветот, телевизорот, компјутер си имам, си имам и справа за везбање али само и бришам прашина од неа, си имам книги многу али кој да ги чита, и си ја сакам собичката и секогаш ми е чиста мразам несредени соби како на пример на сестра ми, во мојата се си е на место!
 
Дааа дефинитивно мојта соба е мојот свет.И незнам како ке се одделам од неа догодина кога ке одам на факс.

Да, уредена е по мој вкус, од ова лето и во нови бои-кафеаво и жолто, ја делев со сестра ми но сега таа е во Софија и вече 4 години ќивеам сама во неа.
Правам се во мојата соба, од седење пред компјутер, до учење и спиење, дури и понекогаш мама ми се лути зашто само седам во собта и на никое др место.

Не можам да замислам, да учам на друго место освен во мојата соба, и секогаш сакам да е тишина, вратата да ми е затворена, се да ми е на местѕо, уствари не ми пречи нередот што сама ќе го направам,ама ужасно ми пречи нередот кога некој друг ке го направи во неа.
 



:kesa:

Испробував мулти-цитат.

Него, на темава...
Во соба јадам, пијам, спијам, играм кошарка... работам.
Не ја чистам, биохемиски оружја колку сакаш. Имам две мутирани чудовишта под кревет. Двапрста дебел слој прашина, на лустер, плакар, маса, монитор. Храна има во секое време, на тепихот. Убаво е, пријатно. Добредојдени се сите.
 
Сам сум во соба и одлично ми е,собата ми е баш мое катче каде што пишувам песни, си свирам на гитара и слично,а најбитно е што во неа сум ги поминал најтешките моменти во животот. Секогаш кога ке ми се случи нешто лошо, со саати седам во соба и размислувам или плачам или нешто трето.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom