Дали вашата соба ја чувствувате како ваше катче,како ваш свет?
Дали собата за вас е само обична соба за преспивање?
Дали сте сами во соба или ја делите?
Уредена е по ваша желба?
Секогаш е средена или се е хаотично?
За мене мојата соба е целиот мој свет.Кога сум дома обично речиси 97% од времето го поминувам во неа.
Иако е несредена,со книги на сите страни,најмногу си ја сакам и за мене е совршена...
Многу мразам на пример кога ми ја оставаат вратата од собата отворена.
Кога ќе влезам си се заборавам внатре.
Не поминувам многу време дома,ама кога сум дома,уживам во мојата соба и баш си ја осеќам како простор за релаксација.