Модниот пазар во Шутка

  • Креатор на темата Креатор на темата Fasty
  • Време на започнување Време на започнување
Бев еднаш со татко ми требаше брави за врата да земеме и успат ај да видиме што облека има.Сите скоро истите работи ги продаваат , маици Lacoste :) , адидас , најки , ферари , дрн дрн. ... :P
 
Ауу па сите зимаат роба од шутка ако гледаме најреално.Ќе купи 20 пара фармерки на големо и после ќе ги продава по 2-3 илјади денари.Тешко во Македонија нешто оригинал да најдеш
 
Тоа ми беше муабетот. Исти пари и ист квалитет како во ГТЦ.
Ама во ГТЦ барем нема да те утепа сонце, нема да се ценкаш со бациња, нема да се направиш со кал до колена (ако врне), има соблекувална и не мора да се пресоблекуваш на тезга.
 
Тоа ми беше муабетот. Исти пари и ист квалитет како во ГТЦ.
Ама во ГТЦ барем нема да те утепа сонце, нема да се ценкаш со бациња, нема да се направиш со кал до колена (ако врне), има соблекувална и не мора да се пресоблекуваш на тезга.

И не ризикуваш да се вратиш без ретровизор дома (во најмала рака) :)
 
епа ќе фатиш 19ка и ќе заштедиш на ретровизори, јас сум од Велес и барем еднаш годишно одам во Шутка, од причина што е истата роба ама е за 100-200 денари поефтино, ако купуваш повеќе парчиња се исплати да одиш, ако не не се исплати ради пат и мрцварење
се сеќавам лани си купив фармерки 3 пара, неколку кошули и маици и кога случајно прошетав по бутици во Велес пресметав дека всушност сум заштедил околу 1500 денари, а се вкупно платив 2500, што и не е мал процент, некаде 30-40% ти иде
проблемот во Шутка е што многу се искурназија, многу дигнаа на цени, ама ценкањето е лудило таму :) за сефте се спуштаат
 
Баталете ги пазарите, видоа дека народ се подава со мисла дека се поефтини па качија цени на велико. Истата облека шо ќе ја најдеш у ГТЦ, Рамстор, Бисер со културна гардероба за пробување и за купената облека-фискална, ја иам и на пазар по поскапа цена. Епа фала, ама ја нејќу некој да ме е*е у здрав мозок. Не може некој шо извадил картонска кутија да држи иста цена со некој шо плаќа кирија, вработени и данок.
Башка шо секогаш се начекува попуст низ бутициве, салоните за чевли, парфимерии и слично. Порано народ многу се лажеше за кондури да оди до шутка, ама сеа веќе секоја сезона по поголемите салони за чевли има солиден попуст или плати еден пар кондури/патики - земи два пара.
п.с.Еве до девојките препорака за бутик во кој секогаш ќе најдете нешто интересно по пристапни цени, а добар квалитет (понекогаш се наоѓаат парчиња на mexx, zara, bershka)
 
И не ризикуваш да се вратиш без ретровизор дома (во најмала рака) :)
Мене ме стегнаа со дијабола во уво, ама не најдов кој беше во гужвата:mad:
Еднаш бев лани, и веќе никогаш. Не дека ме погодија:pos:, туку затоа што немаше ништо посебно...
Цените исти курац како и по бутициве, чат-пат разлика во некоја стотка, ама како што кажаа погоре подобро ќе фрлам стотка повеќе и да купам од место каде што ќе можам барем на раат да се пресоблечам, отколку во тоа срањето во Шутка...
Секакви марки имаш LacostA, nAke, adiBas :icon_lol:
Али битно се пресмеав со циганите. До ден денес се паѓам од смеа, кога ќе ми текне:pos:
 
Во Шутка до сега сум бил еднаш. И додека шетавме со братучед ми слушам еден како вика „Ајмо ефтина роба - крадена роба.“:pos:
Мене не ми се исплати да одам во Шутка. И онака ретко наоѓам нешто што ми се свиѓа и во просек секое лето купувам по еден пар панталони и 2 маици.
 
Денес не е срамота да купиш од Шутка...туку од бутик.....бидејќи да дозволиш маичка од 300денари донесена од шутка,да ја платиш 700+....е тоа е срамота.

И немојте да се лажете по бутиците кои нудат прендирана стока.... тие што се малку поупатени во трговијата,знаат зошто го кажувам ова ;)

Инаку Шутка треба да се забрани со закон.....илјадници,и илјадници евра завршуваат на тој пазар,а државата ручки од тапан.
 
Не ми беше муабетот за квалитетот на робата, муабетот ми е за односот продавач - клиент хаос и катастрофа владее кој се разбрал со ром од шутка или со бугарите ко идентичен народ ми се.
таму му фалат неколку оделениа па за да го подобрат односот .И тие самите не се свесни што пропуштаат со тоа недолично однесување .
--- надополнето: Sep 9, 2011 2:16 PM ---
Тоа ми беше муабетот. Исти пари и ист квалитет како во ГТЦ.
Ама во ГТЦ барем нема да те утепа сонце, нема да се ценкаш со бациња, нема да се направиш со кал до колена (ако врне), има соблекувална и не мора да се пресоблекуваш на тезга.
а таму па во соблекувалната ако може така да се нарече може да си најдиш некој пар панталони па да си облечеш два пара и да не те ста од аларми .
п.с машки сме носиме пошироко па може да облечеме 2 пара еден врз друг хахаха
п.с од еден другар случка .
 
Добра е Шутка по прслуци идам, не за мене :icon_lol:.
 
Леле што сте запнале со тој не/квалитет?
Квалитет ти треба за патика/чизма. Јас лично имам 100 маички (дел од нив од Шутка), и не стигнувам да ги облечам по три пати годишно, што ќе ми квалитет?
Патики имам од Пума, ама за маички/фармерки и такви ствари ич не се замарам - цепам од Шутка и ич не ми е гајле.
 
За мене одењето во Шутка ми нема смисла. Зошто некој би посакал да се облекува во роба полна хемикалии што којзнае каде седела, а разликата во цените со тие од центар е максимум 500 ден? Ако веќе имате финансиски проблем, ќе си почекате попуст и иако не ќе може да купите нешто од Манго на пример, може да се купи квалитетна облека од другите продавници од типот на Спрингфилд, Котон итн. Имам отидено еднаш, и искрено не само што робата е одвратна туку немаш фармерки над 800 денари, а тие што редовно одат во Солун знаат дека на попуст во Зара се наоѓаат фармерки за 10 евра. Така да не будалете се, на крај на краиштата поважен е квалитетот од квантитетот, купете едно скапо и квалитетно парче што ќе го носите со љубов, а не повеќе за безвезе.
 
нека си идат провинцијата у шутка, супер е таму ко за нив, и барем помалце ќе ги глеаме и слушаме низ дуќаните по градов, мада гтц и веро центарот им се омилени за шлаење со празни раце и „разгледуење по дујчани“. а што се однесува до темава, шутка не знам каде се наоѓа нити сакам да знам, пазарам у грчка, а за тука, само у олтре
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom