Mitsubishi Lancer Sportback

  • Креатор на темата Креатор на темата Helex
  • Време на започнување Време на започнување
^ Си се фалам бе, купи и ти нова кола па и ти после фали се, јас никаде не прочитав дека фалењето е забрането на форумов :baeh:
И јас не пишав на овој форум Кајгана дека ме имало на вести на Алфа телевизија,јас тоа го напишав на друг форум, а ти ако ме следиш мене и ме пратиш што пишувам по други форуми тоа си е твој проблем.



Требна ми си да те следам, туку отворам нови мислења само лансерот го гледаат кај што е паркиран и се чудат, лансерот на вести, од лансерот нема подобро возило за тие пари, купете си и вие лансер паа... итн, па доста спамираш затоа ти пишав погоре сите возиме коли па толку не се испофаливме, еве јас зедов Х6 па сега да го трујам форумов.

И да слика на гоогле има колку сакаш.
 
За вестите пишав на друг форум а не на овој,да точно на паркинг многу луѓе го загледуваат,нормално убава кола е и ја загледуваат.
Да, 100% сум сигурна дека од Лансерот нема подобо возило за цена до 13.000 евра.
Јас никаде не реков да си купат Лансер,само реков дека е најдобар за таа цена и дека нуди најмногу и тоа е факт.
Фалете си ги и вие вашите коли кој ви брани,ако никој не си ги фали своите коли не значи дека јас нетреба да си ја фалам мојата кола.
 
Добро бе доста го тупиш више!!!!!! 34 пати кажа дека лансерот е најдобро возила за таа цена!! Сфаќаме и се согласуваме за тебе ама не се повторувај!!! Аман не ја уништувај темата!!!!


BTW Ако колава е купена за тебе, од кога ќе положиш и така не смееш да ја возиш зошто е над 100кс. Ајт поздрав
 
За 13к и тоа како има што да се земи подобро од ланЦер, како бојлер што е одпозади. Ова твоево повеќе е замарање отколку фалење, почна веќе да го гушиш форумов со ланЦерот.

поздрав до тебе и твојот ланЦер
 
Ја немам возено низ улица бидејќи во Скопје е преголема гужва,инаку знам да возам и ја имам возено на огромен паркинг и супер се покажа,а и плус се имам возено во многу различни нови коли и нормално не велам дека е најдобра но за 13.000 евра верувај вреди за секој денар даден за неа.
Има одличен мотор,одлични перформанси,одличен изглед,одлична опрема и одлична цена - дефинитивно Лансеров е бест бај во моментов и за 13.000 е најдобар избор.
Јас во тој смисол ја изнафалив дека за цената добиваш најмногу од ова возило, а не ја изнафалив во смисол дека е најдобра на свет и дека ниедна друга неможе да се спореди со неа, погрешно сте сватиле јас во друг смисол ја фалам.

Ха, јас се чудам зошто Top Gear тестираат коли низ разни земји, патишта или терени - доволно било да се вози по паркинг. Инаку, како се однесува над белите линии меѓу колите, да не проклизува на бојата? И како се однесува на 120 км на саат, да не е тврда суспензијата?

:pos2:
 
За 13к и тоа како има што да се земи подобро од ланЦер, како болјер што е одпозади. Ова твоево повеќе е замарање отколку фалење, почна веќе да го гушиш форумов со ланЦерот.

поздрав до тебе и твојот ланЦер

Баш би сакала да знам што е подобро од Лансер за 13.000 евра ама на ново.
Инаку и јас за 13.000 евра можев Ауди А4 да земам на старо или некоја слична што е подобра од Лансер,али на ново сакав и затоа ако знаеш што е подобро од Лансер за 13.000 евра на ново кажи за сите да дознаат.
 
Баш би сакала да знам што е подобро од Лансер за 13.000 евра ама на ново.
Инаку и јас за 13.000 евра можев Ауди А4 да земам на старо или некоја слична што е подобра од Лансер,али на ново сакав и затоа ако знаеш што е подобро од Лансер за 13.000 евра на ново кажи за сите да дознаат.

Прво би сакал да ти честитам за колата, со здравје да си ја возите и се најубаво...

Мое мислење е дека 13K се многу за ваква кола... Значи незнам што толку ве бендиса во хечбекот спрема седанот, имам и во живо видено лансер, се имам и возено во него и никако не ми остава впечаток дека уствари со хечбекот е направен чекор напред во однос на седанот :toe: Значи купуваш кола од 13K која е излезена како верзија 2005та година, па можеа барем да го дотераат ентериерот, се ми делува ефтино и досадно на мицубишито во тој поглед... можеби во 2005-6 бил хит! ама сега не е. Значи се шо сменале од колата е задницата и никако ама баш никако неможам да сфатам дека тоа е причина за да колата стани best buy.
Плус тоа ти сеуште немаш возачка, и да бидиме реални ќе ти требаат барем едно 3 години дури можиш сама да се провозиш со колата... Шо е стварно долго време за чекање, до тогаш мене 10 пати би ми поминал ќефот а и не сум сигурен дека ќе можиш одма да ја процениш дали е најдобра кола... На твое место би ги опнал тие 13 иљадарки на банка, и би чекал некоја нова верзија на мицубиши (кога веќе толку си се заљубила во него) или би земал некој нов модел кој би бил со поќе тракатранци отколку овој.
Имав и јас можност да купиме нова кола пред некое време, кога немав положено. И добро е што не купивме, иако имам некое си шестмесечно возачко "искуство" сепак ни од блиску не е доволно за да ми купат нова кола... Си имаме фамилијарна кола која ја возиме јас и татко ми (понекогаш и мајка ми) и засега ги задоволува моите потреби...

п.с подобар избор од Лансерот за мене се: Новиот Megane, Astra Clasic III, новата Astra (иако е 1500 евра поскапа, сепак нов модел е), 308, Auris...

Уште еднаш честитки и среќна вожња, полека со рекламирањето на колата, затоа што сепак... Својата кола ни е најубава кола :smir:
 
Можеби е стварно добра куповина за таа цена ама спорбекот ми е многу безвезе од позади. Како да е шутнат и тој 1 метарски бојлер од ауспух можеле барем да го скријат некако
 
Убаво се...ама темава се претвора во troll тема...
400px-trollface_more_hd.png
 
Еј Lu, батали ги овие, гарант ти завидуваат бидејќи имаш волшебна кола.
Туку, дај кажи нешто за колава малку поопширно, ептен си кратка и концизна во описиве.
Ме интересираат следниве битни работи:

- Вози ли брзо и дали ги тицаш сите? Ако - Да, дали е побрза од Плава Птица?
- Има ли резервна гума одпозади?
- Дали има можност коа ќе ти скурчи (ако воопшто тоа се деси), да се преправи со тјунинг у онакво за сечење дрва?
 
:oftopic: Форумот е отворено место за дискусии и секој има право на мислење, забелешка, пофалба, критика... итн, тоа што таа има нешто да каже на темава и сака да го сподели тоа со останатите е нејзино право, доколку немате да споделите нешто корисно на темава слободно одминете ја... :)
 
Да,признавам дека и јас несвесно можеби претерав со фалењето на Лансерот и многу често го спомнував,од што сум среќна,али да бидеме реални и некои од вас го направиа Лансерот ко да е најголемо срање од кола што воопшто не е така.
Нормално дека има и подобри но и полоши автомобили од Лансер,колку пари толку музика,а за парите Лансерот си е одличен.
Тоа што го викате бојлер одоздола и не е нешто толку катастрофално па само заради таа ствар да го унаказувате целиот дизајн на Лансерот,што е до мене воопшто не ми пречи тоа што се гледа одоздола,но свар на вкусови е,на некој му пречи на некој не и тоа е тоа.

Поздрав до сите и уште еднаш извинете ми што малку почнав да замарам со лансерот :smir::smir::smir:
 
^ Создравје да си го возиш, догодина EVO :D
и успат шо ја кампузите Lu тука? и ја да би купил лансер и ја би се фалел бреее. А шо е супер кола е > факт. Еднаш стариот мој запна Фабиа да зема ја го малтретирав за лансер па се искаравме и уште ќе го тропам југово :) (мада супер ми е хахахаха)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom