Баш би сакала да знам што е подобро од Лансер за 13.000 евра ама на ново.
Инаку и јас за 13.000 евра можев Ауди А4 да земам на старо или некоја слична што е подобра од Лансер,али на ново сакав и затоа ако знаеш што е подобро од Лансер за 13.000 евра на ново кажи за сите да дознаат.
Прво би сакал да ти честитам за колата, со здравје да си ја возите и се најубаво...
Мое мислење е дека 13K се многу за ваква кола... Значи незнам што толку ве бендиса во хечбекот спрема седанот, имам и во живо видено лансер, се имам и возено во него и никако не ми остава впечаток дека уствари со хечбекот е направен чекор напред во однос на седанот

Значи купуваш кола од 13K која е излезена како верзија 2005та година, па можеа барем да го дотераат ентериерот, се ми делува ефтино и досадно на мицубишито во тој поглед... можеби во 2005-6 бил хит! ама сега не е. Значи се шо сменале од колата е задницата и никако ама баш никако неможам да сфатам дека тоа е причина за да колата стани best buy.
Плус тоа ти сеуште немаш возачка, и да бидиме реални ќе ти требаат барем едно 3 години дури можиш сама да се провозиш со колата... Шо е стварно долго време за чекање, до тогаш мене 10 пати би ми поминал ќефот а и не сум сигурен дека ќе можиш одма да ја процениш дали е најдобра кола... На твое место би ги опнал тие 13 иљадарки на банка, и би чекал некоја нова верзија на мицубиши (кога веќе толку си се заљубила во него) или би земал некој нов модел кој би бил со поќе тракатранци отколку овој.
Имав и јас можност да купиме нова кола пред некое време, кога немав положено. И добро е што не купивме, иако имам некое си шестмесечно возачко "искуство" сепак ни од блиску не е доволно за да ми купат нова кола... Си имаме фамилијарна кола која ја возиме јас и татко ми (понекогаш и мајка ми) и засега ги задоволува моите потреби...
п.с подобар избор од Лансерот за мене се: Новиот Megane, Astra Clasic III, новата Astra (иако е 1500 евра поскапа, сепак нов модел е), 308, Auris...
Уште еднаш честитки и среќна вожња, полека со рекламирањето на колата, затоа што сепак... Својата кола ни е најубава кола :smir: