Мит или вистина? Користиме 10% од мозокот

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување

Користиме 10% од мозокот

  • Мит

    Гласови: 201 37,4%
  • Вистина

    Гласови: 337 62,6%

  • Вкупно гласачи
    538
Иако мозокот е сеуште еден од најмалку истражуваните делови од човечкото тело сепак тезата: користиме само 10% од мозокот (во буквална смисла) е мит. Фактички ние користиме и помалку од еден процент (хипотетички) од капацитетот на мозокот во секојдневниот живот, не зошто неможеме да користиме повеќе туку затоа што немаме потреба за повеќе. Ние теоретски користиме 100% од мозокот (значи целиот мозок) но фактички, во одредени ситуации многу помалку (така да и да користиме 10% од мозокот незначи дека останатите 90% се непотребни или неможеме да ги користиме, туку само дека се во моментот неактивни).

Мозокот не е поделен на проценти туку на сектори, така кога слушаме музика најмногу го користиме делот од мозокот кој е задолжен за примање звук, но исто така и за емоции, сеќавања... во истиот момент мозокот лачи разни хормони кои даваат наредби на телото (да заигра на музиката, да се чувствува среќно/тажно, да се наежи или да се возбуди...), но во истиот момент голем број од секторите работат со помал капацитет или воопшто не работат (концентрација, рефлекс, координација...).

Мозокот многу поинаку работи кога на пример се применува физички напор (пример спортување) тогаш најактивни се моторните функции на телото но исто така се засилуваат и органите во телото кои секако се диригирани од мозокот. Така срцето го забрзува пулсот, белите дробови впиваат повеќе кислород, се лачи голема количина млечна киселина, се произведуваат поголем број крвни зрнца и.т.н., но затоа неактивни (или помалку активни) се деловите од мозокот задолжени за информации, за емоции, за спомени, за логика...

Од овие два примера може да се заклучи дека мозокот не е прост збир на проценти, туку сплет на повеќе-или-помалку активни специфични мозочни сектори кои ги користиме во определени стуации. Така да неговата максимална искористеност (100%) е невозможна од проста причина што неможеме да ги правиме сите работи за кои мозокот е надлежен одеднаш.

Ова мислење кажува се. Нема простор за филозофирање на оваа тема.
 
od kade pak sega 10%., na psihijatrija ispit ako kazhsh poveke od 7% obaraa., sekidnevno 1 % da ., no sebkupno spored site analizi ., celokupnata iskoristenost ., pak orientaciono e nekade okolu 7%:coffee:
 
aj malku izvrteno ., yie ako/ shto imaat 10% ., tie iskoristuvaat drugi:coffee:
 
Не користиме 10% туку 20% значи 80% е неистражен но и овие 20% како функционира мозокот се претпоставка немаме точна дефиниција или нешто ,целиот ЦНС и неговата функција е неистражена,богзнае на што све сме способни само не знаеме...
 
И јас мислам дека е вистина тоа дека користиме 10-тина % од нашиот мозок за размислување,во спротивно ако ги користиме сите 100% од нашиот мозок тогаш зашто би постоеле законите на физиката o_O
Со текот на времето човечкиот мозок се повеќе се наказува т.е се еволуира во негативна смисла бидеќи,човекот све веќе работи на компјутер,и не размислува многу па така си го закржлавува мозокот

Едноставно со 100% искористеност човекот ке може само со размислување да подига предмети,и слично..едноставно би бил супермен:pos:
 
Chovekot prosechno koristi 7% a tie so nadintelegencija gi koristat site 10% . Nrma sansi da koriste 100% posho kako shto reche JoveGTI bi bil superman ;)
 
Еден од најголемите митови, не ми се верува дека толку сериозно сте го сватиле!:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc: Најмногу се нанервирав кога мојата наставничка го тврдеше тоа!
Видете викито шо кажува
http://en.wikipedia.org/wiki/Ten_percent_of_brain_myth
Мене сепак дискавери ми е поверно и разбивачите на митови
http://dsc.discovery.com/tv-shows/mythbusters/mythbusters-database/ten-percent-brain.htm
--- надополнето: 27 август 2013 во 13:59 ---
Ne verucvan deka koristome 10%,mislam pomalku se

Докажано е околу 35%. Замисли дека треба да работи пола центар за вид, пола центар за слух, пола центар за мирис, пола центар за мирис, и центрите за контрола на екстремитетите во МИНИМУМ! Замислете кога се преоптоварени сетилата колку користиме!
 
Јас мислам дека многу од нас не го користат воопшто
 
Јас мислам дека многу од нас не го користат воопшто

Потполно се согласувам, некои не го користатт воопшто, некои што велат дека го користат 10% навистина го користат...
 
Се обраќам до тие кој што сметаат дека користат само 10% од мозокот

06015_04X.jpg

Ве молам да си одберете кој дел го користите а кои делови не ви работат. Значи ако го користите делот за делот за дишење, срцев пулс итн.. не може да користите делот за долготрајна меморија, вид, слух итн..

Повелете choose wisely! :)
 
Немам читано ништо за тоа но кажувам мислење од искуство зависи од адреналин и сконцентрација и желба можеби грешам вие начитаните кажете ми поправете ме ... Имав неколку ситуации такви што ни јас не верував дека сум јас ... Како дете со другарите одев по бетонски ѕид тенок колку моите стапала и одевме по тој ѕид полека зошто една грешка паѓаме 4-5 метра на бетон ... И така ојме ојме полека тетеравење но имаше проблематични деца поголеми од мене што им беше слатко да ме закачаат и коа ме видоа и јас нив после нивното урлање изгледа им беше намерата да паднам доле и јас се враќам назад и гледам овие почнаа да мрдаат многу не знам што точно правеа но ми се чинеше како да бараа камења и си викав овие ќе ме маваат со камења а јас си викав леле ќе ме утепаат и почнав да трчам полека па спринт и така поминав едно 40 метра по што тие метри гледав како летаа каменчиња пред мене од нивни обиди па стигнав до пошироко место скалила имаше но следуваше пак тој бетонски ѕид тесен но пред да стигнам до тој тесен ѕид некој ме допре по главата мислев ме стигнаа а после заболе главата па слушам како камен да паднала на тие скалила и коа гледам беше камен малце помала од мојата глава се зачудив зашо не паднав на место и така врескајќи отидов до тој тесен ѕид и стигнав до крајот па се симнав и гледам ги нема овие па застанав да си земам воздух ... Сега како што поминаа 10-15 години уште ги памтам и ги гледам ги гледам сеа и се вреѓам зошто уште не сум им вратил да добијат животен белег од мене ...
 
Јас ако ти ја разбрав поентата со темава глава сечам. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom