Иако мозокот е сеуште еден од најмалку истражуваните делови од човечкото тело сепак тезата: користиме само 10% од мозокот (во буквална смисла) е мит. Фактички ние користиме и помалку од еден процент (хипотетички) од капацитетот на мозокот во секојдневниот живот, не зошто неможеме да користиме повеќе туку затоа што немаме потреба за повеќе. Ние теоретски користиме 100% од мозокот (значи целиот мозок) но фактички, во одредени ситуации многу помалку (така да и да користиме 10% од мозокот незначи дека останатите 90% се непотребни или неможеме да ги користиме, туку само дека се во моментот неактивни).
Мозокот не е поделен на проценти туку на сектори, така кога слушаме музика најмногу го користиме делот од мозокот кој е задолжен за примање звук, но исто така и за емоции, сеќавања... во истиот момент мозокот лачи разни хормони кои даваат наредби на телото (да заигра на музиката, да се чувствува среќно/тажно, да се наежи или да се возбуди...), но во истиот момент голем број од секторите работат со помал капацитет или воопшто не работат (концентрација, рефлекс, координација...).
Мозокот многу поинаку работи кога на пример се применува физички напор (пример спортување) тогаш најактивни се моторните функции на телото но исто така се засилуваат и органите во телото кои секако се диригирани од мозокот. Така срцето го забрзува пулсот, белите дробови впиваат повеќе кислород, се лачи голема количина млечна киселина, се произведуваат поголем број крвни зрнца и.т.н., но затоа неактивни (или помалку активни) се деловите од мозокот задолжени за информации, за емоции, за спомени, за логика...
Од овие два примера може да се заклучи дека мозокот не е прост збир на проценти, туку сплет на повеќе-или-помалку активни специфични мозочни сектори кои ги користиме во определени стуации. Така да неговата максимална искористеност (100%) е невозможна од проста причина што неможеме да ги правиме сите работи за кои мозокот е надлежен одеднаш.