Мора да ви е јасна една работа, мозокот е орган кој тежи од 2 до 4 килограми (кај секој човек различно) а троши 30 посто од енергијата на целиот организам. Ова е научен факт, а не мит. Знаете вие што ќе се случи ако користите 100% во секој момент? Ќе се стопи, буквално. Настрана тоа што не е ни можно доволно храна да внесуваме за цело време да работи со таков капацитет. Друга работа, нема никаква потреба сите центри во мозокот да работат истовремено. Никој нема да се најде во ситуација да жонглира, да решава интеграл, да пее и да вози кола во ист момент. Од друга страна пак, мозокот ги користи сите центри, тогаш кога му се потребни (значи не истовремено) и во тој поглед користи 100% проценти од капацитетот, ниеден дел од мозокот не е ради реда, да пополнува место.
И да резимираме, мозокот НЕ користи 10% од капацитетот, користи нешто повеќе (во даден момент) дури и кога е во најмала мозочна активност т.е кога спиеме.[DOUBLEPOST=1414669271][/DOUBLEPOST]
всушност има научен доказ, поставени се луѓе на магнетна резонанса на кои дадени им се различни задачи додека е набљудувано кои делови од мозокот се активни, и заклучено е дека во даден момент не повеќе од 35% и не помалку од 15% од центрите во мозокот се активни