Миленко е најлошиот спортски коментатор?
На прашањево неможам да одговорам бидејќи е оксиморон.
Миленко не е спортски коментатор многу одамна. На него само парите му се во глава и тој треба да ги изгуби сите “привилегии“ што ги има како БИВШИ спортски коментатор.
Алекс убаво си даде линк од времето кога Миленко беше коментатор и си ја сакаше работата, само што тоа е минато свршено време. Денес тој по тоа што го презентира при пренос ужасно се досадува и едвај чека да заврши со преносот за да си брка “спонзорства“ кај владата и да се докопа до некоја посериозна фотељичка за да може да си лапне и некоја позериозна паричка нели. (види кај темата за Победа. И немој случајно да ме направите “Мајмун“ не сум од Прилеп)
Како “интересни“ информации во пренос на Ф1 ми кажува трачарски муабети од жолт печат наместо да каже нешто околу самите болиди, тактики и такви работи кои се суштински за трката. Ако сакам трачарење (а Миленко е ко баба на чешма) ќе гледам трачарски емисии, јас сакам да гледам Ф1 трка ЈАСНО Алекс. Ме заболе мене за тоа што што и со кого прави Мозли во спална, а овој твојов идол константно ме малтретира со такви глупи информации. А на патека не е битно дали се случува драма со претекнувања излетувања или грешки на некои возачи, “важни“ и “интересни“ треба да ни се трачарењата.

Споредбите со Табаковски не држат бидејќи Табаковски искрено и од срце сака Ф1 а Миленко ова го работи само за пари.
Табаковски имаше мана што се врзуваше исто со спонзори и во тек на пренос фаворизираше некој од тимовите. Кога беше со Тутунски Комбинат ги форсираше Мекларен а последните години е врзан со претставникот за Рено во Македонија, па ги фаворизираше нив и тоа цело време против Ферари а приватно е голем фан на Ферари.

Ама секогаш беше сконцентриран на преносот и го коментираше тоа што се случува на патеката со информации врзани за болидите и тактиките на тимовите. Не се занимаваше со трач муабети.
Јас навивам за Ферари и искрено не ме погодува ако Миленко ги навредува или омаловажува бидејќи неговото мислење не ми вреди ни 5 пари.
Друго многу битно што ми смета кај Миленко е неговиот РАСИЗАМ и НАЦИЗАМ.
Мислам дека имаме закон против ова. А зошто не се казнува ? (спонзор влада)
Јавно на телевизија ти некого да ословуваш со ЦРНЧЕ, МАСЛИНКА... или па сетете што тресна на трката во кина нешто како „овие 5 кинески магариња“ (за стјуардите што беа покрај патека).
Се преслушува ли тој пред да каже нешто бидејќи е на национална телевизија или мисли дека е пред гранапче и си праи муабет со пијаници.
И вака Алексо.
Јас сум во Македонија и кога веќе некоја телевизија во Македонија ги има правата за пренос на Ф1 трки сакам и да слушам квалитетен коментар на Македонски. Моментално сум принуден кога гледам во живо Ф1 да ги слушам глупостите на твојов Миленко и да се нервирам. А после морам да ги симнувам трките од интернет и си ги гледам со уживње без нервоза.
Табакот беше насилно сменет со кампања покрената од овој твојов.
Сега се приклучувам и јас ако има кампања да се смени Миленко и да дојдат по можност помлади, двајца, коментатори. И најважно да бидат коментатори што ја сакаат со жар Ф1 а не меланхолични и досадни трачари ко овој.
Ми викаш да се навикнам следниве 3 години...
Во што сакаш да се кладиме дека и ако не се прифати од канал 5 иницијатива за негова промена, тој сам ќе си замине порано. Бидејќи му е ужасно досадно да коментира, иако оваа година тоа го прави за многу повеќе пари од лани, не му се доволно. Не е навикнат поштено да си одработи и да си ги заработи хонорарите.