Миленко е најлошиот спортски коментатор?

  • Креатор на темата Креатор на темата Тиња
  • Време на започнување Време на започнување

Тиња

Водоматач
Член од
10 мај 2009
Мислења
64
Поени од реакции
4
Ги проверував темите од форумов, бидејќи конкретно сакав да пишувам за овој коментатор потикнат од денешната трка и не најдов слична. Не знам како повторно го вратиле на телевизија и покрај се, бидејќи човекот не исполнува минимални критериуми за да ја работи таа работа. Мислам дека поише му лежат тие емисиите со ванземаљци и надрилекари, али чоече која некултура, која убитачна досада е коа почнува да збори за Формула и за неговите сеќавања коа Ное ја товарел барката и не знам ти што.

Денеска запна дека не навивал за никого, а ги умре Мекларен од отекуење, се додека не разбра оти Ферари ја утнале. За еден у публиката што беше облечен у Мекларен вика ОВОЈ НАВИВА ЗА ПОГРЕШНА ЕКИПА! Чекај бе, у кој сон тоа него му се сонило дека сите треба да навиваат како него? Вчера исто така јадеше бубрези дека не го сакал Тимо Глок оти бил местач??? Со тоа претпоставувам дека алудира дека Глок го пропуштил Луис на задњата трка лани во Бразил, со шо покажува уствари дека нема појма. Да сакаше Глок да му помогне на Хамилтон ќе влезеше у бокс, а не од седми да излезе четврти затоа што возел со гуми за суво по дожд, додека другите мењаа. На Хамилтон никој не му помогна и ширењето лаги е контрапродуктивно и лошо за секој што е на таква позиција, а како коментатор треба да ги води и неупатените низ преносот.

Океј, ја можам да си призаам дека си го сакам Мекларен и Хамилтон и дека сум навијач, ама овој морлокот што ги вреѓа на секоја трка треба да лежи затвор за расизам со тоа неговото ословување на шампионот како ЦРНЧЕТО. Си кашла доека збори, си пее на химни, кои што се интонираат у чест на некого, абе да се крстиш со лева. Уличарскиот речник што го употреби за Ферари ДА ГИ ДИГНЕНЕ ИНЖЕНЕРИТЕ НА КЛОЦИ е несодветен за телевизија, не знам како тие од Канал 5 го трпат таму. Јас навистина сум изнервиран и можда малку афектно го пишувам овој пост, но сметам дека е на место и дека на ваков некултурен и вулгарен квази-коментатор не му е место на телевизиа.
 
Миленко ти е лудило го слушна ли на крај со химната кога почна да завива:pos2:
 
А да се оладиш малце и кој не ти одговара тоа што он го збори/коментира да си смениш програма, а?
 
Што толку се потресе па ти што сереше за мекларен. Еве и јас навивам за нив ама па јас се утепав од смеење на неговите коментари.

п.с. Посебно кога ги дупчеше ферари.:pos2:
 
Супер беше денес.
 
А да се оладиш малце и кој не ти одговара тоа што он го збори/коментира да си смениш програма, а?
Не следам формула и не знам како коментира Миленко ама Канал 5 плаќа големи пари за правата за пренесување и треба да размислуваат во насока како да соберат што повеќе гледачи а не да ги бркаат и тие што седнале да гледаат. А и колку што знам во вакви случаи каде се откупуваат права кабелските телевизии имаат обврска да ги исклучат сите странски канали кои вршат пренос на телевизискиот продукт за кој некоја македонска тв куќа платила пари, што значи дека и нема баш многу опции за гледање на формулата на други места.
 
а да си смениш канал ако не ти се допаѓа коментирањето на Миленко
башка гледам имаш и интернет па можеш и преку нет да си гледаш
а Миленко има огромно искуство во врска со Ф1 така да му нема рамен во таа област засега
башка денеска закон беше


а и гледам тебе револтот ти е што бил против мекларен епа што дај сега сите да навиваат за тимот твој скапан никаков
е неможе така
 
Не следам формула и не знам како коментира Миленко ама Канал 5 плаќа големи пари за правата за пренесување и треба да размислуваат во насока како да соберат што повеќе гледачи а не да ги бркаат и тие што седнале да гледаат. А и колку што знам во вакви случаи каде се откупуваат права кабелските телевизии имаат обврска да ги исклучат сите странски канали кои вршат пренос на телевизискиот продукт за кој некоја македонска тв куќа платила пари, што значи дека и нема баш многу опции за гледање на формулата на други места.

Миленко си е Миленко, "експерт" за секоја можна област од фудбал, формула па до политика, религија а сеа гледам почнал и со НЛО да се занимава така да можеш да претпоставиш колку он е успешен коментатор. Меѓутоа Канал 5 сметаат дека со Миленко успеваат соберат повеќе гледачи, колку е тоа точно они си знаат.
Мене лично Миленко не ми смета и ја сум фан на Ферари па ги реметеше нив и сега што требаше ја да се расплачам овде или било каде затоа што Миленко рекол нешто против нив?
 
Закон беше. Релаксирано цело време со интересни испади и информации за кои ретко кој ги знае од прва рака. Формула е досаден спорт, скоро 70 проценти од времето ништо не се случува а Миленко просто го потполнува тоа време. Подобро да кажува заебанции него да ќути 10 минути.
 
Не ми е омилен ама не ми е ни одвратен.
Баш е кул бе :)

Во оваа сезона кога мојот омилен тим ферари е како аматерски тим кој постојано губи јас гледам Ф1 ради Миленко. И секој негов збор и против ферари го сваќам баш на шала.
Се пресмејувам кога гледам формула.
Мене ми е досадно и шаблонски она коментирање ајде сега Маса го претрка Раиконен. Ете Хамилтон има проблеми со моторот. Возат 34 круг. Сега 35ти. Уште 24 круга до крај. Ете сега во бокс ќе оди тој и тој. И победи Батон, бравос. Глејте го доделувањето на наградите. Чао.
Досадно е тоа. Ова е баш интересно. Човекот си кажува што му лежи на срцето.

Сакам наскоро да почне кај нас да се коментира на фудбал со двајца коментатори и по можност од новиве генерации кои се поинтересни од старите досадни коментатори.
Ние сме научени на досадно коментирање, треба да има промени.
 
Шо стори еј за Миленко се нервирате .. ко да не го знајте шо чоек е. Минатата сезона ги отепа гибање ферари и ај да плачиме сите фаној на ферари сега .. Инаку чоекот си е закон ако ме прашаш мене, поубо вакви коментатори кои можат да те насмеат отколку оние шо се прат научници а врска немат од ф1.
Сега нормално дека на некој ке му смета таквото коментирање , слобоно можи да намали звук на телевизорот , да гледа на нет , на хрватската мислам ја дават итн.

@ rossonerka Добар аватар =)
 
хаха фатив последни 12 круга(формула гледам само во случај на тежок очај и досада) и баш се изнасмеав.
Тресеше глупости онака опуштено коментирање, викање испади и слично во превод се што сака да чуе гледач кој е неутрален и незаинтересиран за Формула 1.
Проблемот за него е што си ја дели публиката со фаворизирањето на една страна на едни што го обожаваат и на други што кај и да ќе им скурчи и ќе упалат стрим некој за да гледаат.
Иначе јас обеќам дека ќе упалам и наредна трка да ѕирнам и чујам што ќе збори.Лаењето на хмната клоцаше газои!!! :icon_lol:
 
Брат ти ко ќе изглеаш една утакмица фудбал коментирана од Јанко-Јади Бурек,тогаш на Миленко на коленици ќе му паѓаш за начинот и информациите што ги коментира!:tv:
 
Абе звер си е човекот. Ако не повеќе барем знае како да те насмее среде трка кога апсолутно ништо не се случува. А тебе мајсторе ако не ти се свиѓа уклучи си www.atdhe.net и пушти си формула таму со некој шпански или германски коментатор.
 
Брат ти ко ќе изглеаш една утакмица фудбал коментирана од Јанко-Јади Бурек,тогаш на Миленко на коленици ќе му паѓаш за начинот и информациите што ги коментира!:tv:

Миленко има огромно искуство со коментирање и известување во Ф1,
во земјава барем му нема рамен на тоа поле
а ти ако имаш нешто против него и коментирањето негово имаш други канали а имаш и на нет да гледаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom