Статија на Есплозив 
Најпознатата ТВ водителка Мелита Ракичевиќ, која пред три дена беше физички нападната од сопственичката на салонот за убавина Јулија, ќе ја тужи за јавна навреда и за физички напад.
“Незнам зошто жената која лично не ја познавам ме нападна физички. Шокирана сум од целата таа ситуација. Со нејзиниот брутален напад таа најверојатно, поради не знам кои причини, сака да ми го наруши угледот. Јас сум јавна личност и мислам дека ова е направено со некаква задна намера“, вели Мелита.
Инаку пред три дена газдарицата Јулија( 38) мртва ладна пред една зграда во Скопје од заседа ја нападнала тв водителката Ракичевиќ и почнала да ја навредува и да ја тепа. Мелита избезумена повикала полиција која веднаш ја привела во полициска станица агресивната жена. Очевидци велат дека биле шокирани од глетката.
“Мелита е мој омилен лик на ТВ екраните. Жената викаше и ја нарекуваше со погрдни зборови. Јас стоев на балконот и викав за помош. Жената која ја нападна Мелита беше хистерична и многу викаше. Срамота е ова што им го прават на познатите личности. Редно време е некој да ги заштити од вакви агресивни луѓе“, вели еден очевидец на настанот.
“Не знам , се уште сум во бунило. Досега сум добивала заканувачки пораки, но никогаш не сум ги сваќала сериозно. Јас долго време сум на естрадата и навикната сум на тоа некој да те почитуваат, други да не те сакаат. Тоа е нормално.Таа жена ке добие од мене приватна тужба за физички напад и јавна навреда. Не ја познавам и не знам што сака од мене“, објаснува ТВ водителката.
Од денес, заради личната заштита, на Мелита веќе и се обезбедени двајца телохранители кои ке ја обезбедуваат секогаш кога таа ке се појави во јавноста.
Кампањиве на Мелита стануваат понапорни од оние на Обама :pos2: