гледам дека сте зборувале за марнет пред 2 години но она што е најтрагично е што сеуште е истата процедура...
се е исто... маме му ебем...
јас прибидејќи не сум фирма регистрирав .цом.мк домејн преку една хостинг компанија а хостингот ми е од странска компанија...
траеше тогаш процедурата доста долго но...
она што сега се нервирам е што пред 1 недела (7 дена) (168 часа)
побарав да ми бидат променети днс серверите... и сеуште чекам....
ко да чекам за америчка виза...
бтв...
еве нешто што најдов на нивниот сајт кој попатно да се напомене покатастрофален изглед неможел ни да има...
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Македонска академска истражувачка мрежа - МАРНЕТ
МК – ДНС служба
Бр. 20-55 од 21.12.2007 година
Врз основа на член 46 од Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски домен МК во областа на интернет и за користењето на поддомените во него, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје - МК - ДНС службата, донесе
РЕШЕНИЕ
- Се поништува регистрацијата на доменот со назив GOOGLE.COM.MK, регистриран на 3.12.2004 година на корисникот АРДХМЕРИА-НЕТ ДООЕЛ Скопје, бул. Гоце Делчев бр. 11, ДТЦ Мавровка, Мезанин лок 36, Скопје.
- Доменот GOOGLE.COM.MK се деактивира и се брише од Регистарот на домени.
- На АРДХМЕРИА-НЕТ ДООЕЛ Скопје му се забранува регистрација на домен за период од три години, сметано од денот на конечноста на ова решение.
Образложение
АРДХМЕРИА-НЕТ ДООЕЛ Скопје на 22.11.2004 година поднесе барање за регистрација на домен со назив GOOGLE.COM.MK.
Регистрацијата на бараниот домен е извршена на 3.12.2004 година.
На веб-страницата
WWW.GOOGLE.COM.MK чиј корисник е АРДМЕРИА-НЕТ ДООЕЛ Скопје е истакнато дека доменот со назив GOOGLE.COM.MK е на продажба (This domain is for sale).
Со одредбата од чл. 46 од Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски домен МК во областа на интернет и за користењето на поддомените во него е утврдено дека корисникот на доменот не смее да се откаже од доменот во корист на трети лица и да презема било какви работи поврзани за домените, доколку тоа го прави за стекнување финансиски, материјални или други користи од друг субјект. Во истиот член, ст. 2 е утврдено дека доколку МК-ДНС службата утврди дека корисникот на доменот постапува спротивно, може да се донесе одлука со која на корисникот му се забранува регистрација на домен за време од три години, а регистрацијата на предметниот домен ја поништува, го деактивира доменот и го брише од регистарот.
Согласно со наведеното и со примена на горенаведените прописи, се одлучи како во диспозитивот.
Правна поука: Против ова решение е дозволена жалба преку МК-ДНС службата до Комисијата за МК-доменот, во рок од 8 дена од приемот на решението, на адреса Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – МАРНет, Скопје, бул. Крсте Мисирков бб.
Генерален секретар
м-р Илија Пиперкоски,с.р.
Раководител на МК – ДНС
дипл.елек. инж. Горан Муратовски,с.р.
еве линк од известувањево
интересна ситуација во секој случај...
а иначе можете и да пробате да впишете
www.google.com.mk и да видите каде носи урл-то...
а шо се деси со петицијата, писмото или што и да е...???:jaj: