За Дарданиа имам 5 прашања:
1.Зошто според последните парламентарни избори во 2011 излеговте едвај 19% на гласање?
Политичарите би рекле: Благодарам ,одлични прашања !
Албанците во 2011 имаа
21,05% од гласовите. (кај ги изброја ти 19%)
Тоа значи дека албанците во населението над 18 години ги има 21,05% (што не мора да значи , можеби албанците не се одзиваат на гласање колку што се одзиваат македонците или ај да речеме дека се одзиваат повеќе од македонците , во што јас не верувам).
Албанците имаат помладо население (под 18 години) , оваа население придонесува албанците во Основните и Средните училишта да бидат застапени со над 30%.
Ако ти со резултатите на избори сакаш да докажеш дека албанците ги нема 25% , тогаш да јас можам да глумам преку бројките на ученици дека албанците ги има над 30% ?
Секако не , албанците ги има измеѓу 21% и 33%. Тоа според мене е
26-27%
Се знае дека постарите лица повише излегуваат на избори , на пример има македонски општини каде излезноста е
80%.
Но на пример во Скопје каде има повише млади луѓе , излезноста е пониска , се сложуваш дека младите помалку ги интересира гласањето. (сум имал можност да видам).
Албанците се младо население , не очекувај да имаат над 25% од гласовите.
Према пописот од 2002 се констатира ова што го пишувам:
Од 509.000 албанци ,
170.000 се
под 18 години.
Што значи дека албанците имаат
340.000 гласачи.
Православните (македонци , срби , власи) имаат 290.000 лица под 18 години. Односно
1.020.000 гласачи
Останатите имаат
140.000 гласачи (турци , роми , бошњаци , католици...)
Што значи во Македонија според пописот од 2002 имало околу
1,5 милиони гласачи (18+ години).
Односно според пописот од 2002 ,
албанците сочинуваат околу
22,6% од населението
18+ години.
А на избори гледаме дека албанците имаат 21% од гласовите.
Разбра нешто ? (те молам не се фаќај за запирки и точки , пошто набрзина беше анализирано, фати го коренот на објаснувањето)
2.Зошто не дозволивте да се спроведе реален и регуларен попис
Тоа е голема грешка кој и да го прекинал пописот , јас едвај чекав да ги видам резултатите. УБЕДЕН сум 102% дека албанците ги има над 20% , според моите пресметки околу 25-27%.
Јас лично се попишав, и никој не побара од албанците да бојкотираат.
3.Како според твојте статистики Струга која е доминантно албанска општина никогаш не извадила повеќе од 50% албански гласови на избори?
Не верувам дека никогаш не извадиле над 50% , со изглегување на ПЕИ на сцена , еден дел од гласовите на тие кои во 2002 се попишаа како албанци , премина во таа партија.
На изборите од 2011 албанските партии во Струга имаа
49,22% од гласовите.
Со тоа што ПЕИ сигурно имале над
10% од гласовите (10-12%) , а они коалицираа со македонска партија.
И за оваа прашање можеш да ги искористиш податоците од првото прашање. Албанците и муслиманите имаат младо население под 18 години.
Пописот од 2002 (во старите граници на Струга вели):
Православни: 17.515 (13.342 над 18 години)
Муслимани: 18.967 ( 12.096 над 18 години)
Што значи дека во 2002 православните имале
1200 гласачи повеќе , иако во вкупното население биле
1450 помалку.
4.Погледни ја веб страницата на општина Кичево,во советот од 19 личности има само 2 од албанска националност а стои дека во општина Кичево има 30% албанци?
Во Кичево , Зајаз и Осломеј е иселено многу народ , тоа не спорам. Знаат и албанците , затоа сега ќе пратат авиони и автобуси со гласачи.
5.Зошто во струшкото село Лабуништа над 80% се попишани како албанци во 2002 година а албанскиот јазик не го познаваат?
Лична желба , не можеш да му забраниш никому , особено ако тоа се прави со кејф.
Иначе во Лабуништа во 1953та
29,5% од населението се изјаснило албанци.
Онда во 1961ва само
13,6% албанци.
И дното е во 1981 , само
4,7% албанци.
За да го постигнат ова , што мислиш , колку државни органи работеле на случајот ? Наместо да се ојаче националната свест , таму од 30% , албанците паднаа на 4,7%.
Луѓето повторно се осмелија да се изјаснат, се вратија на корените.
Иначе се знае , државна стратегија било албанците да се турцизираат и македонизираат , де преку промена на презимињата , де преку образованието.