PIRATIC
diplomiran klozetar
А ако некој смета дека ќе биде нестабилен родител, мора по секоја цена, во име на нацијата, да има деца?
Не ... бракот и детето/децата се една сериозна работа која треба да се планира и која треба да се чува како зеницата во окото... доколку човек не е способен за такво нешто подобро воопшто нека не се нафаќа ... под тоа неспособен/неспособни мислам на повеќе параметри и од финансиски карактер како и од било кој друг аспект...
Но друга ми беше поентата на постот, сакам да кажам дека секаде онаму каде што има висок степен удрено на помодарство(вестерн веј оф лајф) таму е опаднат бројот на бракови, деца се помалку, а се повеќе разводи, изневерувања и.т.н. оваа треска ја зафати и нашава мала Балканска држава во последниве да не претерам десетина години...
ОК јас барем си признавам не сум способен(ХХХ фактори и причини), но зашто тие способните да не влегуваат во брак и да немаат деца... одење во врска по 10 год. а ниту брак, ниту дете, ниту бутур... а лица со работа, со пари и со сите други нишани...
И Албанците(во урбаните средини) веќе почнаа да се ориентираат на помали фамилии односно по 2 деца, но кај нив работата е во тоа што скоро и да нема ергени и стари моми, не познавам Албанец ерген, ниту пак Албанка стара мома, а плус и кај нив помал е процентот на разводите, а ние на пр. како нација станавме рекордери по разводи...
ОК сфаќам дека лично право си е на секоја една индивидуа сама да си избере во животот што и како, ама после никој да не се чуди(и да не плаче ко многумина/некои на форумов) зашто сме паднале на 40-50% од популацијата, а некои други скокнале дупло !