Поради кризата се повеќе земји се откажуваат од Евровизија
Лондон, 7. декември 2012 (ИНПРЕС)
извор: klix.ba фото: архива
По Португалија и Полска, кои поради економската криза нема да учествуваат на Евровозија, своето учество го откажаа и Грција и Словачка.
Грците, кои секоја година се меѓу фаворитите, најавија дека поради економската криза, оваа година нема да допатуваат во Малме.
- Не е само проблем во тоа дали имаме или немаме 120.000 евра, колку што чини учеството и телевизиските права, туку сметаме дека е неморално да учествуваме на Евровизија во време кога владее најголемата криза во историјата на земјата, изјавиле од грчката државна телевизија.
Организаторите очекуваат да се откаже и Кипар, а слични најави има и од Словенија и Црна Гора.
Еуфоријата околу Евровизија 2012 веќе започна. Во понеделникот за само 20 минути биле продадени првите 5.500 влезници. (Крај)
Ако не победиме годинава кога пола Европа се откажа нема кога
