Македонски претставници за Евросонг 2013 (Лозано и Есма Реџепова)

  • Креатор на темата Креатор на темата -Nirvana-
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Секоја почит за Есма, но како што спомна некој погоре можно е да е ова некаква партиска заслуга...
Настрана сета ова, интересна комбинација со добар потенцијал. Уште да се направи интересна и допадлива песна (без рок и гитара оваа година), да се пее на англиски и Есма да се убаци со некој свој препознатлив дел. И да, нели пожелно е Кирил Џајковски да учествува во креирањето на песната :)
 
Не знам од каде впечатокот дека Влатко Лозановски бил најдобриот македонски вокал моментално. Го имам слушано во живо, воопшто не бев импресиониран, напротив ужасен беше.
 
Ааа овие ке ја наредат.....овај...усерат де...
 
Секоја почит за Есма, но како што спомна некој погоре можно е да е ова некаква партиска заслуга...
Настрана сета ова, интересна комбинација со добар потенцијал. Уште да се направи интересна и допадлива песна (без рок и гитара оваа година), да се пее на англиски и Есма да се убаци со некој свој препознатлив дел. И да, нели пожелно е Кирил Џајковски да учествува во креирањето на песната :)
Се се ама со ова некако неможам да се сложам.
Верувам дека секоја земја треба да си пее на официјалниот јазик. Сепак е евровизија а не англовизија. Не толку одамна дисквалификуваа ако песнтата содржеше 10 % зборови на друг јазик. Сега се е комерцијализирано и затоа евровизија го изгуби својот шмек. Згорна на тоа и гласање по комшивска основа.
Веќе ако се оди нека се пее на македонски јазик, инаку да се прашувам јас мислам дека е време да се збогуваме со евровизијата се додека е ваква како што е сега поставена.
 
Чекајте да слушнеме подетално па и песна да слушнеме па тогаш да коментираме чини или нечини

Јас сум голем обожавател на песните на Лозано :)
 
Кралицата на ромската песна Есма Реџепова и Влатко Лозаноски-Лозано годинава ке ја претавуваат Македонија на Евросонг, што ке се одржи во мај во Малме, Шведска.
Честа им припадна на две реномирани имиња од македонската музичка сцена – Кралицата на ромската песна во светски рамки Есма Реџепова Теодосиевска и нашата поп ѕвезда Влатко Лозановски-Лозано.
Со овој необичен спој на искуство и младост, МРТ верува дека ќе ја постигне единствената посакувана цел – достојно претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност .
- Мислам дека ке бидеме добра комбинација со Влатко бидејки гласовните можности ни се поклопуваат и ке биде супер. Срекна сум, можам да дадам придонес, ме знаат во Европа. Сега не зборувам за пласман ама ми е важно да ја претставувам Македонија. Се споија младоста и искуството. Супер е Влатко, јас многу го почитувам како пејач. Ете со Адријан Гаџа конкуриравме и не отидовме ама сега МТВ сама ме одбра – вели Есма.
И Влатко е презадоволен, вели дека му се исполнила желбата.
- Задоволство и чест ми е да ја претставувам Македонија. Есма е поискусна и се надевам дека ќе имаме добра песна и секако добар пласман. Мислам дека сме добра спој. Ни се јавија од МТВ, ни кажаа дека сме одбрани и не прашаа дали прифаќаме. Секако дека прифаќам, голем предизвик е и да се настапи со Есма и да се биде дел од Евросонг. Но, и одговорност. Можеби не ова година ама ете таа е државта, тие се пејачите. Јас четири години настапував на домашниот избор, сум бил при врвот но не сум победил – вели Влатко.
Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Малме, ќе биде кон крајот на февруари 2013 во студиото 3 на Македонската телевизија.
 
Јас пак помислив,ќе не преставуваат на Скопското Кале,
за овогодишната Прочка,каде конечно ќе им текне на Коце
и компанија да ја возобноват таа наша долга традиција.
Ама ај има време уште два-три месеци,белќи ќе ме чујат.
 
веста ти е бајата, да не беше во подрум во меѓувреме? Мене ме интересира само критериумот на МТВ за избор на претставник. Или кој на друм, тој кум
 
Целта им е само Македонија ДА СЕ ПРЕТСТАВИ на еуросонг? Не да победи или да земе некое убаво место (2,3,4,5..) ?
Каква ли мотивација, бре бре...
И плус, незнам шо не им е јасно на старците у МТВ, али песни како Loreen - Euphoria се најактуелни и процентуално повеќе се слушаат низ светот (и Европа се разбира). Треба некоја да е таква, модерна, со убав ритам (да потсеќа на хаус песните, ко еуфорија де..).
Ние изглеа со труби и сега (катаљин, кама ја...чек..ај не....на Турците сеа ќе им се улизуваме со песната).
Криво ми е зошто не се претставуваме како модерна земја, него некоја што си тера свој стил (а згора на тоа има некаков удел во културата од другите земји).

Земи или остави ебаго.
 
Мене и двајцата ми се антипатични, а особено Лозано.
Ми личи на некоја тавтабита со наочари и секогаш кога ќе го видам добивам нагон да го плеснам со некоја папуча и да го залепам за ѕид. Песните не знам какви му се, пошо знам само една (Сонце не ме грее) и од неа ми доаѓа да си ископам гроб и да си легнам во него. Таков е целиот лигав и млитав, ко некој мекотелец. Права лигња. Лигњослав. Башка стално носи таму некои елечиња и кошулчиња и ми личи на прваче на приредба.

За Есма, самопрогласената хуманитарка и реинкарнација на Мајка Тереза ич да не почнувам. Секоја чест за вокалните способности, али кога ќе почне со хвалоспевите оток невиден е. Есма има пеено пред Тито, пред Ганди, пред Нехру, пред Мандела, пред Џорџ Буш... Есма има пеено и на Тајната Вечера. Сепак, за разлика од бубашвабата погоре, Есма барем знае квалитетно да ме насмее пошо ептен сака да глуми интелектуалка и често употребува зборови на кои не им го знае значењето или па погрешно ги изговара.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom