Македонски претставници за Евросонг 2013 (Лозано и Есма Реџепова)

  • Креатор на темата Креатор на темата -Nirvana-
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Листа на претставници кои сметам дека треба да отидат.

-Коста Бургов
-Рок Агресори (Нешто во Кукурику стил, колку поретардирано, толку поценето)
-Ристо Самарџиев (затоа што цела кариера ја помина во обид да победи и да отиде на Евросонг).
-Драганче Митрески
-Орце Стефковски
-Драган Вучиќ (Може пародијата со Гангнам во живо да ја изведе, ќе тепаме 100%)
-Ѓоко Танески (Затоа што најдобро комуницира на англиски)
 
Јас сум за Влатко Лозаноски ,пошо сум негов обожавател на музиката и плус ќе отпее најдобро

 
Нешто ко ова!
Не толку апла, малку поапстракно, за да може и големите критичари да го разгледаат текстот, К15 ги бива за тоа, Дедо Мраз од Коњари (ака Газда Велија), Билјана сајла немаше (што не го мочаш кучето пред зграда) и ред други се песна до песна.
 
Јас сум за нешто поразлично, но да нема никакви избори, туку по истиот принцип како лани. На пример, да ги поканат Суперхикс, да им дадат можност сами да си ја направат песната, да биде во стил на Африка (барем текстот да е таков, саркастичен), ама да нема никакво презентирање на песната и глупости како лани, досадно е, туку онака, да го пуштат само спотот по интернет, и конечно се ќе биде ОК (y)
 
За недела дена треба да го имаме името на претставникот. Дај боже да е Тамара, се` повеќе мислам дека таа е среќниот избраник! :P
 
Ова се топ 10 на Евровизиските фанови кои сакат да ги видат на Евровизија од Македонија:

 
Јас од понуденово на видеово сум за да изберат еден од овие Влатко ,Тамара ,Суперхикс, ,Дани , Дарко Илиевски , Димитар Андоновски
 
Суперхикс на Евровизија? :pos: :pos: :pos:
Онака, најмногу ја мразат Евровизија. Ако ги изберат и за чудо прифатат да одат - ќе направат for a laugh песна. А не верувам овие озбилниве од МТВ ќе се согласат на тоа.
 
Суперхикс на Евровизија? :pos: :pos: :pos:
Онака, најмногу ја мразат Евровизија. Ако ги изберат и за чудо прифатат да одат - ќе направат for a laugh песна. А не верувам овие озбилниве од МТВ ќе се согласат на тоа.
Еднаш беа во потесна конкуренција. И прифатија да одат, само со еден услов - сами да ја напишат песната. А со овој начин на избор, МТВ секако би го прифатиле тој услов - нели и Калиопи лани си бираше чија да биде песната со која ќе оди. :sneaky:
 
Лично мислам дека треба да праќаме дебитанти на Евровизиjа. Сите познати пеjачи што ги пративме кикснаа а башка после тоа кариерите им тргнаа надолу.
Каролина, Елена, Каљопа, Ѓоко итн
 
Ова евровизијава не искомплексира ко народ, златно сме си уфилмани дека сме најјаки.

Доста со ѕверките од нашава естрада, дај нека се организира некое шоу од типот на идол и победникот го праќаме на циркусот. Ем нови фацки и на така млитавата (е)страда, ем шо ќе изгубиме?
 
Дај бе еднаш нека заминат Суперхикс, да напраат конечно журка на ова глупиов настан наречен Евровизија.
 
Дај бе еднаш нека заминат Суперхикс, да напраат конечно журка на ова глупиов настан наречен Евровизија.

„На Лута Рана“ на пример во живо.... :)
Ама јбг, премногу се добри Суперхикс за на Евросонг. Греота е да ги праќаме на такво бедно шоу.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom