Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Значи колку се филма Виктор готово ѕвезда сум а сите други само може вода да ми носите многу ми е одбивен со такво однесување или како што би рекле битолчани пренајодбивен ми беше:pos2:. Инаку Мики е супер , а штета е што вокал како неги или Иван нема да победи туку ќе победи оној битолчанецон
 
Ајде сеа еден коментар за кандидативе...

Се' на се' - солидна вечер. Иако не сум фан на рок музика - не беше лошо. Убедливо најдобар Виктор, убедливо најслаба Јана.

1. Мики - Настинкава маме му ебала. Не личеше на себе вечер. Најслаб перфоманс од сите гали до сега. Ај на баладата и така и така, ама на брзиве? Кај ја пееше една од најглупите песни што постојат (мое лично мислење), па уште и ја испеа ко да имаше запек.

2. Иван - Профи бачко, профи. 2те песни ги испеа фантастично. Ѕвер е типов.

3. Јана - Јано мори, Јано леле - не си за во идолов - иди си дома. Пее System of a Down на балада, ја испеа очајно, а на втората песна исфалшира до небо и назад. А башка и фризурата и беше ужасна... Се' на се' - ОЧАЈ!

4. Виктор - Перфекција. Повторно. Не знам зошто Игор толку го поти со непотребни коментари, ама сите знаеме дека не е во право. Ептен се бламира со неговите критики. Би се согласил со Тони дека на брзата песна можеше да му биде уште малку поенергичен, ама тоа е.

5. Дејан - Погрешен избор и на 2те песни. Ај првата ја испеа убаво, иако немаше ништо посебно за пеење, ама втората тотално ја утна. Рефренот го пееше ко да го фатиле за муда. Можеше многу подобро оваа вечер. Ако испадне - сам си е крив.


Друга работа, ја отупеа цела емисија со рекламирање. Па добро бе, јас како гледач сум должен да гледам кај се шетале идоливе или да ги слушам како пеат? Па стварно нема смисла ова. Песните ги скратиле на 2 минути само за да можат да прикажуваат "неоткриени" места во државава. Тешка патетика :tapp:

Исто така, Игор последниве неколку гали само го потврдува фактот дека треба да си замине од Идолов, затоа што ПРЕТЕРА. Изгледа ко сите животни комплекси да си ги лечи во идолов преку кандидатите. Срамота.
 
И пак замараат со фотографии и прилози...и пак сите се очајни....и пак сите се прават големи ѕвезди..и пак....и пак...
Само за Иван немам ништо лошо да кажам.Бегај што побргу од Идол, ова не е за тебе.
 
Ајде сеа еден коментар за кандидативе...

Се' на се' - солидна вечер. Иако не сум фан на рок музика - не беше лошо. Убедливо најдобар Виктор, убедливо најслаба Јана.

1. Мики - Настинкава маме му ебала. Не личеше на себе вечер. Најслаб перфоманс од сите гали до сега. Ај на баладата и така и така, ама на брзиве? Кај ја пееше една од најглупите песни што постојат (мое лично мислење), па уште и ја испеа ко да имаше запек.

2. Иван - Профи бачко, профи. 2те песни ги испеа фантастично. Ѕвер е типов.

3. Јана - Јано мори, Јано леле - не си за во идолов - иди си дома. Пее System of a Down на балада, ја испеа очајно, а на втората песна исфалшира до небо и назад. А башка и фризурата и беше ужасна... Се' на се' - ОЧАЈ!

4. Виктор - Перфекција. Повторно. Не знам зошто Игор толку го поти со непотребни коментари, ама сите знаеме дека не е во право. Ептен се бламира со неговите критики. Би се согласил со Тони дека на брзата песна можеше да му биде уште малку поенергичен, ама тоа е.

5. Дејан - Погрешен избор и на 2те песни. Ај првата ја испеа убаво, иако немаше ништо посебно за пеење, ама втората тотално ја утна. Рефренот го пееше ко да го фатиле за муда. Можеше многу подобро оваа вечер. Ако испадне - сам си е крив.


Друга работа, ја отупеа цела емисија со рекламирање. Па добро бе, јас како гледач сум должен да гледам кај се шетале идоливе или да ги слушам како пеат? Па стварно нема смисла ова. Песните ги скратиле на 2 минути само за да можат да прикажуваат "неоткриени" места во државава. Тешка патетика :tapp:

Исто така, Игор последниве неколку гали само го потврдува фактот дека треба да си замине од Идолов, затоа што ПРЕТЕРА. Изгледа ко сите животни комплекси да си ги лечи во идолов преку кандидатите. Срамота.

од тебе неочекував олку да му гушкаш јајца на некој искрено, како можи да речиш перфекција кога не ни блиску до тоа, виктор е ок онака, ама рок песни не му лежат, зборувам за песната од линкин парк
 
И уште реклами на спонзорите...шетањето на идоливе, аман веќе, ми ги потекоја ташаците.
Игор веќе стварно ја претера а и Тони со критиките за Виктор, го отепаа детето.
Тони вечерва ко некој ѓуптин ми е, стварно, а Игор ко некое педерче е облечен, катастрофа е вечерва. Калиопи, како и секогаш на ниво. Не знам шо друго да кажам освен нека се огледаат малку на "Ја сам идол" емисиите во Босна во продукција на ОБН, е тоа е организација и пеење, шоу, а не дудлање ко овде!
 
Опааа. Стварно почнале да им прават песни на 7те што не влегоа :)
Не беше лоша песнава на Анита, ама малку ми звучеше на "Доста" од Елена Ристеска. А башка и тоа кога и прескокна цедето - лош момент :icon_conf

од тебе неочекував олку да му гушкаш јајца на некој искрено, како можи да речиш перфекција кога не ни блиску до тоа, виктор е ок онака, ама рок песни не му лежат, зборувам за песната од линкин парк
На никој не гушкам јајца. Иако Виктор ми е фаворит, сепак се трудам да бидам објективен кон сите. Не сум фан на музикава, и ја неам слушано "Numb" многу-многу, ама мене ми се свиѓеше како ја испеа.
 
Чим Дејан иде понатаму најверојатно Јана ќе испадне. Е сеа Мики ако е толку баксуз... :nesum:
 
Мики оди понатаму .... изгледа Јана ќе отпадне. :toe:
 
Мислам дека и јас ќе почнам да плачам сеа...
 
Овие во публика се сериозно гадно, многу болни......
 
Добро е што Виктор остана оти сите тринаесетгодишни девојчиња во салата ќе извршеа самоотепанство.
 
Наредна гала Виктор отпаѓа и конечно ќе можем да го гледам на раат идолов :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom