Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Можи некој да ги напише сите финалисти. Зулу не работеше, а не ми се чека да извадат торент.
Фала :)
 
Пак не ги дознав финалистите, нека ги напише некој и нека ми кажи дали има некој Радовишанец во финале ? :)
 
Е сега немам фаворит!:ne_zboram
Поздрав до Коста, му посакувам успешна самостојна кариера...
 
Криво ми е за Коста, многу голем паничар е , мора да го изгуби тоа ако сака да направи нешто повеќе.
Инаку задоволна сум со останативе, Нико, Иван и Кристијан одат понатаму така да ќе има што да се види и чуе.
Мое предвидување е дека жениве ќе отпаѓаат како круши со тек на елиминацииве и машко ќе биде Идол и тоа некој од оваа тројка што ја сппмнав, освен ако битолчанецот Виктор не изненади.

Па со оглед на тоа колку години има (да не кажам годинки) и не помина лошо. А ќе се врати он, со или без Идол, сеедно.
Туку твоето предвидување некако не ми се допаѓа, не поради квалитетот на учесничките, туку поради тоа што нема да одстане ниту едно машко да гледа Идол ... ок, барем јас нема :)

едит: на HBO во моментов почнува RocknRolla ... ух, зафркната коинциденција ќе ме здрма параноја сега :)
 
Финaлистите...

Иво Димитров
Нико Ѓоргиевски
Мики Секуловски
Дејан Јованов
Христијан Тодоровски
Емилија Ѓорѓевска
Александра Михова
Јулијана Димоска
Катерина Инчевска
Билјана Ѓошева
Виктор Апостоловски
Јана Бурческа
Иван Раденов
Влатко Иљачев
Денис Мурат
Анита Мицова
Лаура Крлиу
Ивица Велоски
Елизабета Јовановска
Наталија Данаилова
 
Аман бе, што финале ќе беше ова со 50 кандидати преостанати, јас си мислев само 10 ќе идат у финале...
 
Финaлистите...

Иво Димитров
Нико Ѓоргиевски
Мики Секуловски
Дејан Јованов
Христијан Тодоровски
Емилија Ѓорѓевска
Александра Михова
Јулијана Димоска
Катерина Инчевска
Билјана Ѓошева
Виктор Апостоловски
Јана Бурческа
Иван Раденов
Влатко Иљачев
Денис Мурат
Анита Мицова
Лаура Крлиу
Ивица Велоски
Елизабета Јовановска
Наталија Данаилова

Катерина Симоновска е, од Куманово, да не си го утнал презимето?
Аман бе, што финале ќе беше ова со 50 кандидати преостанати, јас си мислев само 10 ќе идат у финале...

Е па од овие 20 ќе останат на крај 10. Уште еднаш ќе има преполовување. :helou:

Иначе мое мислење е дека машките се даааалеку подобри од девојките, со одредени исклучоци. :)
 
Иначе мое мислење е дека машките се даааалеку подобри од девојките, со одредени исклучоци. :)
Севкупно - да. Ама па од друга страна ги имаш овие 3 кои пеат неверојатно добро, плус Билјана Ѓошева и Лаура Крлиу. Ќе биде интересно. :)
 
Најверојатно е како американскиот идол, следната фаза е преполовување. Таму има 24 кандидати, 12 машки и 12 женски. Пеат во две вечери, еднаш машките, еднаш женските, се гласа и по најдобри 5 одат понатаму, + 3 од со вајлд карта.
Како ќе биди овде, не знам. :)

Иначе, мислам дека се одбрани најдобрите. :)
 
Незнам зошто ги исфорсирале толку типично комерцијалните поп фацки. Во тек на целото шоу потенцираа дека по правилата на идол се бара поп пејач, што воопшто не е точно. Во Германија на двапати победуваше рокер.
Како и да е негледав ама ми е криво што испаднал Бобан битбоксерот, мислам дека типчето супер ја разбиваше монотонијата. Вака од 10 кандидати троица се копии на Ламбе Арнаудов, мислам дека тоа не е поентата, на оваа шоу.
 
Незнам зошто ги исфорсирале толку типично комерцијалните поп фацки. Во тек на целото шоу потенцираа дека по правилата на идол се бара поп пејач, што воопшто не е точно. Во Германија на двапати победуваше рокер.
Како и да е негледав ама ми е криво што испаднал Бобан битбоксерот, мислам дека типчето супер ја разбиваше монотонијата. Вака од 10 кандидати троица се копии на Ламбе Арнаудов, мислам дека тоа не е поентата, на оваа шоу.

И јас бев за Бобан, одличен беше, навистина, ама малер го затера, последниов пат кога ги избираа финалистите, едноставно гласот му пукна. Не можеше да пее, навистина беше лош иако јас навивав за него од првиот момент. :(
 
Од Гевгелија беа двајца, тој Коста и тој другиот како се викаше?? Според мене тој е најдобар и плус има фацка за идол..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom