Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе се е добро со ова идол ама не чини што баш приметив од почеток до сеа цело време се задржуваат на некои (оваа монро,џиџи,онаа што изглеала постаро,тоа детето 15 год....) и одма ти прават нешто како "фаворит" измегју нив,а има некои не ни сме ги виделе или па сеа првпат ги глеаме.Бар ја така мислам. :raz::icon_bigg
 
^ Така е. И после ќе се чудите од каде овој/оваа во финале а досега не го покажале иако некои од експонираните ќе бидат во финале. Ова веќе е поминато одамна, но кога ги монтирале емисиите веќе се знаеле финалистите. Глупо е што дел финалисти малку ги прикажуваат а други кои се испаднати повеќе и на крај реакцијата кај публиката „абе Рајко добро пее зошто испадна и кој е овој Петко досега не ги прикажаа, гарант со врски е“ а уствари нема врска тој Петко сто пати пее подобро од Рајко и има подобар глас.
Но донекаде ги разбирам, сепак се работи за шоу и мора да ги прикажуваат повеќе тие за кои мислат дека ќе и бидат интересни на публиката заради гледаноста. Од истите причини во Бугарија тие тројцата забеганите беа до сам крај.
 
Па досега во главно повеќе биле застапени најинтересните за публиката. Дали во изглед или во однесување.
На пример тој Денис од Охрид не пее нешто сјајно, ама сигурно ќе стигне далеку заради изгледот. Некој билдер како Тарабунов е.
А од машките интересен е Христијан, убава боја на глас и харизматичен. Иванна многу си го сака :pos2:

Од девојките впечаток ми остава Наталија која пее преубаво
 
мене тоj Денис ми е aнтипaтичен, Ивaн e дaлеку позгоден од него, исто и Виктор.. Костa и Христиjaн се слaтки...

Биљaнa и Jaнa ми се фaворити од девоjките

сегa зa сегa
 
И кај вас на школо 90 % пеат:Сакам БМВ алпина.....или само кај мене?:nesum:
 
И кај вас на школо 90 % пеат:Сакам БМВ алпина.....или само кај мене?:nesum:
Кај сите е така бе, + Свирете ја зајди зајди тивко полека. :/

Незнам како до сега не се ја слушнале песната.

Да не сум офтопик, ако некој ги знае финалистите нека ми ги прати преку ПП.
 
Ми се допаѓа кои поминаа.. Освен тој Денис, кој не пее посебно убаво според мене..
 
Мој фаворит Анита Мицова - Струга
images.jpg

И Охриѓанецот Денис Мурат.

Честитки за Охридско-Струшкото лоби :)
 
Костa не поминa? A поминaa Денис и Aнитa? Aх, секогaш вaкa ми се случувa... бљaк. Не ни ми се гледa репризa сегa. Се нaдевaм први ќе одпaднaт..
 
Не помина детето, баш штета..

Да, страшен талент кој верувам ќе успее и без Идол само ако тотално не го уништи пубертетот. Очекувам во иднина уште многу да го гледаме ...
 
Криво ми е за Коста, многу голем паничар е , мора да го изгуби тоа ако сака да направи нешто повеќе.
Инаку задоволна сум со останативе, Нико, Иван и Кристијан одат понатаму така да ќе има што да се види и чуе.
Мое предвидување е дека жениве ќе отпаѓаат како круши со тек на елиминацииве и машко ќе биде Идол и тоа некој од оваа тројка што ја сппмнав, освен ако битолчанецот Виктор не изненади.
 
Костa не поминa? A поминaa Денис и Aнитa? Aх, секогaш вaкa ми се случувa... бљaк. Не ни ми се гледa репризa сегa. Се нaдевaм први ќе одпaднaт..

Коста беше детето? Прекрасен вокал се надевам ќе биде успешна ѕвезда во иднина, вечерва тотално потфрли. Заслужено излезе од конкуренцијата.
 
Многу се разочарав кога видов дека Коста нема да оди понатаму.:nesum:Прекрасно е детето.Сепак, добро е тоа што е млад, па понатаму може да се обиде повторно...

Билјана Ѓошева пак не ја видовме како пее.Инаку, јас навивам за неа.:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom