Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
На Gley имаат додадено некој нови македонски содржини. Не знам дали нешто од ова сте гледале.

Скопје 2020 - документарен филм за загаденоста во Скопје
Луѓе без земја - и ова најверојатно документарен филм за некоја партизанка и егејка Вера Фотева.
Вера - филм за вера сместена во дом за стари лица која сака да стави крај на нејзиниот живот.
Театарот Скупи - документарен филм за пронаоѓањето на театарот Скупи.

Од друга македонска содржина филмови кој верувам се имате гледано е
Џган
Дедо и внук
Панкот не е мртов
Пепи и Муто
Стела
Трето полувреме
Ефектот на среќата
HEY!
Врба
Скопје remixed
Пред дождот
Балканот не е мртов
Ослободување на Скопје
Незаборавна пролет во заборавено село/ Pranverë e paharruar në fshatin e harruar
Ова не е американски филм
Прашина
Сенки
Мајки
Моето езеро
Година на мајмунот

Од македонски серии
Преспав
Куќен притвор
Фамилија Марковски
На терапија

Слаба понуда на филмови ама ајде да се надеваме на додавање уште филмови. Јас не сум претплатен но бидејќи еднаш кога даваа бесплатно испробав и ми остана на телевизорот инсталирана апликацијата.
Не ми се допаѓа кај Gley што премногу се фокусирани на додавање содржини од српската и пред се регионална продукција а многу помалку на македонска продукција содржини.
 
Слаба понуда на филмови ама ајде да се надеваме на додавање уште филмови. Јас не сум претплатен

Сонувам за денот кога Marcello ќе престане да се надева и ќе изгледа, прочита, преслуша нешто во својот живот.
 
Најверојатно дека е наша копродукција го имаат ставено во таа листа. А и на доста места околу Преспанско е сниман, и пола екипа беше од кај нас :icon_mrgr:
 
309654431_515923893872364_6868556834261793456_n.jpg
Одамна немало толку македонски филмови во кино диструбиција а во толку кратко време. Снежана на крајот умира, Мими и Најсреќниот човек на светот во октомври па Кајмак во ноември.
 
Прегледај го приврзокот 347024
Одамна немало толку македонски филмови во кино диструбиција а во толку кратко време. Снежана на крајот умира, Мими и Најсреќниот човек на светот во октомври па Кајмак во ноември.
Па по толку застој од 2020 навака и очекувано е.

Вкупно со овие 4 има 13-14 долгометражни филма што треба да имаат премиера, не сметајќи ги тие што се снимија годинава.
 
FB_IMG_1665575626029.jpg
Во битолското кино премиера на уште еден македонски филм. Ама прв пат слушам за него, изгледа некој независен проект. Глуми режисерот, некоја непозната глумица и единствено Ана Стојановска која е позната.
 
Прегледај го приврзокот 347982
Во битолското кино премиера на уште еден македонски филм. Ама прв пат слушам за него, изгледа некој независен проект. Глуми режисерот, некоја непозната глумица и единствено Ана Стојановска која е позната.
Режија, сценарио, продукција, директор на фотографија, монтажа и главна улога - Илија Павлов. One man show!
 
Прегледај го приврзокот 347982
Во битолското кино премиера на уште еден македонски филм. Ама прв пат слушам за него, изгледа некој независен проект. Глуми режисерот, некоја непозната глумица и единствено Ана Стојановска која е позната.
Беше и на Манаки, а непознатава девојка е млада глумица што глумеше во кратките Касапот и Проблемот на Тина, ама слабо ги знаеш глумциве, ако не играле кај Теона. :гик:

Истиов лик скоро снимаше втор независен филм со Никола Ристановски, Оливер Митковски, непознатава Душица и ваљда за тебе исто така непознатата Симона (попозната од Исцелител).
 
Македонска продукција на фб. :D

Прегледај го приврзокот 347968
Овие Award, тогаш Award Entertaiment се тие на Тоше што му го правеа документaрниот серијал 5 години Балкан.
https://www.award-film.com/tose-proeski.html

Исто и неколку концерти на Тоше му имаат снимано некој концерти.

А од како се Аward Film & Video нивна продукција е Ах, љубов моја.
 
Последно уредено:
Овие Award се тие на Тоше што му го правеа документaрниот серијал за 5 години кариера.
https://www.award-film.com/tose-proeski.html
Award е продукцијата која се грижеше за скоро цела кариера на Тоше, каков црн документарец. Освен „Некаде во ноќта“ и „Синот Божји“, првите два негови албуми кои беа издадени под капата на Авалон, скоро цела останата дискографија на Тоше беше во продукција на Award: „Ако ме погледнеш во очи“, „Ден за нас“, „По тебе“, „Божилак“ и српските/хрватските верзии на истите беа на Award. Award Film i Video е само дел од целата продукција, основана уште во 2002
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom