Јок, освен ако режисерот, кој што сега мислам е главен уредник на Алфа, не го пушти на телевизија.
Туку и онака излегуваат по два-три играни филма годишно, не ми е јасно зошто не ги пуштаат по фестиваливе наши за да ги изгледаат што повеќе луѓе. Многу ми смета што еден Манаки како фестивал што сега слави 40 години не се отвора со македонски игран филм.
Во секоја земја во регионов, си имаат фестивал кај што ги даваат сите домашни филмови што излегле од затварање на претходното издание до сегашното плус премиери на нови филмови. Во Хрватска тоа е Пула, во Србија е ФЕСТ, Босанците се промовираат на Сараевскиот итн, само ние сме најотепани, себичен, да-му-умре-козата-на-комшијата народ.
Лани, самиот режисер Митко Панов, го понудил Сведок да се прикажува на Манаки, ама го одбиле. Филмот може содржински не ми се допадна, ама визуелно беше бонбона (што е и самата поента на фестивалов, кинематографите) и можеа да го дадат во чест на Бруно Ганц кој неколку години претходно го имаа за гостин на фестивалот. За срамота.
Место да учат од помладиот и поуспешен Сараево, они си тапкаат во место секоја година, па уште се фалат Фатих Акин го довеле.