Македонската кошарка!

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Фершпед Работнички, конечно, ја победи Струмица 2005. Го скина шампионот "малерот" во финалето, победи со сигурни 79:70, намали на 3-1 во финалето и што е најважно, остана "жив".

За разлика од претходните три натпревари, во овој, втор во " Градски парк", бранителот на титулата одигра како еден вистински колектив.

Ако повторно најмногу се чекаше од Симиќ и Тасовски, овој пат проработе "колективот".

Поточно одиграа оние кои добија најголеми критики. Пред с$ Владимир Поповиќ, кога беше потребно, во последниот период и Немања Пауновиќ, што со стандардно добрата игра на Симиќ, и "поентерското излегување" на младиот Костоски, беше доволно да се победи оној во зелено-бела комбинација.

Се чини дека на овој натпревар на струмичани им недостигаше нешто, пред с$ Златко Гоцевски. Јунакот на двете од вкупно три победи сакаше многу, но на крајот даде малку. Уште еднаш влезе во проблеми со личните грешки, и по вторпат, интересно, во "Градски парк" предвреме седна на клупата поради петтиот прекршок.

Се чини дека токму неиграњето на првиот играч на Струмица 2005 во финалето во средишницата на третата четвртина се покажа како пресуден момент.

Гостите ја загубија елементарната предност, скоковите, нивниот рекет остана незаштитен во нивниот нов обид да дојдат до пресврт.

Направија неколку обиди гостите од Струмица во текот на натпреварот, но како по некое непишано правило, им недостигаше оној последен чекор, впрочем како и оној со кој ќе ја затвореа оваа финална серија која ќе потрае барем до сабота, кога се игра наредниот натпревар, број 5.

Изворедно почнаа домашните кошаркари. Понесени од солидно пополнетото гледалиште, одлично со по две "тројки" стартуваа Веселиновски и Поповиќ. Шест поени имаше и Пауновиќ во таа прва четвртина, кои со оние четири кои дојдоа до Симиќ беа и повеќе од доволни за почетните 21-9 по само седум минути од играта.

Оваа разлика и го одреди текот на натпреварот.

На струмичани им требаше доста време да се вратат од почетниот шок. Фершпед Работнички поведе и со 24:11 по "тројката" на крајно мотивираниот Поповиќ.

Но тука некаде "шпедитерите" некако подзастанаа. Дојде времето на Струмица 2005, поточно нивната најдолга серија поени на натпреварот. Струмичани направија 11-2 по што се приближија на најниските 26:23 во 14. минута од играта.

Но тоа беше само најава за нивна добра игра. Многу лошо делуваше нападот на гостите, особено откако Софадитис го зазема местото на Богоев.

Младиот Костоски даде тон на играта на актуелниот шампион и најави подобри минути. Домашните имаа плус 10 (35:25) во 19. минута, но струмичани " се потфатија" во финишот на полувремето за крајни 35:29 по една "тројка" на Флуелен.

Кога дојде "тројката" од Грнчаров во првиот напад за 35:32, се чинеше дека гостите се подготвени да го направат пресвртот. Но Симиќ и Костоски не дадоа противникот да ја преземе контролата, особено врз резултатот.

Уште еднаш одбрани шампионот, дојде до нова двоцифрена разлика по серијата од 13-2 во која Поповиќ учествуваше со осум поени за 50:36 за Фершпед Работнички по 26 поминати минути.

Само за момент, во 29. минута, рамнотежата ја наруши техничката грешка на искусниот Србиновски, од која гостите профитираат со четири поени за 55:45, а оваа делница од играта да заврши со сепак достижни за Струмица 2005 (56:47).

А потоа дел од играта резервиран за Пауновиќ. Крилото на "Шпедитерите" ја искористи сета празнина во рекетот на струмичани по излегувањето на Гоцевски (четири лични грешки). По неговите шест поени во серија (плус два од Симиќ), шампионот се одвои на овој пат недостижни 64:49. Но во оние шест минути кои останаа до крајот, се обидоа, пробаа да вратат нешто Хаџивасилев, Флуелен и Богоев. Но не успеаја во тој, се чини, последен обид. Кога останаа без Гоцевски, беше јасно дека својата втора меч топка која носи титула ќе ја бараат на наредниот двобој во Струмица.
 
Мене ми се чинеше дека Струмица немаше желба да победи, како намерно да загубија.
Се разбира, честитки за Работнички кои чесно си победија против една таква мизерна Струмица.
 
Струмикс напиша:
Мене ми се чинеше дека Струмица немаше желба да победи, како намерно да загубија.
Се разбира, честитки за Работнички кои чесно си победија против една таква мизерна Струмица.

И ја го приметив истото. Изгледа Струмица се чуваше за да тепа наредната утакмица и на домашен терен да ја прослави титулата. toae:
 
Струмикс напиша:
Мене ми се чинеше дека Струмица немаше желба да победи, како намерно да загубија.
Се разбира, честитки за Работнички кои чесно си победија против една таква мизерна Струмица.
Не не се виде дека не играа како што знаат да играат....може попаметно ке беше да победеа уште вчера вака им даваат можност на Работнички да се врати...мада тешко да се случи тоа...to e to
 
Мое мислење, Струмица не играше со 100% од можностите, ама се заеба. Сега серијата е сведена на една утакмица иако сите мислат дека Струмица има уште 3 меч топки. Ако по некоја случајност Работнички победи на следната утакмица во Струмица, наздравје нека им се 200те литри млеко, кои ке бидат истурени по улиците како кога штрајкуваа млекарите.

Зашто мислам дека ако Работнички ја победи 5тата дека ке биде првак? Зашто после во Скопје ке биде пекол, каде што Струмица нема шанси да издржи, а за седмата Милоевиќ, Мицевски, Златевски (судии) се тука да ја решат. Зашто Струмица се поеба? Како прво, не е толку надмоќна како што многу мислат дека е. На втората и третата се покажа дека не се толку доминантни во серијата. Работнички вчера играше „без„ Симиќ и Тасов (Тасов го нема никаде во финалнава серија) и редно време е да се разбудат и да изиграат една солидна партија и двајцата.

Дали Гркот не знае што е Работнички во лигава, стварно незнам, ама едно знам, дека не смееше толку индолентно да влезат во утакмицата вчера. Двајцата грци, циганот и оној Крстевски се тотални утки во тимот и тотално безопасни по кошот на Работнички. Е Кицулис игра добра одбрана па тоа го вади, али другиве тројца се катастрофа.

За навивачите да кажам нешто или пак ке летаат опомени? :)
 
abe crnjata koga pobara TIME OUT be najbolji e ejjjjjjjjjjjjj se iskrsime od smeenje so radikal!!!!!:))))))))))))))))))))

aj sega seriozno i ja mislam deka stumica ne trebase ova da si go dozvoli greska nevidena im e.Vcera igraa ko gotovo da e titulata e nivna ne se igra na taa karta nikogas!!
 
aerodromka напиша:
abe crnjata koga pobara TIME OUT be najbolji e ejjjjjjjjjjjjj se iskrsime od smeenje so radikal!!!!!:))))))))))))))))))))

Какво само засилување е тоа циганот еееееееееј. По глупо, посебично створење не сум видел. Ај бар кога е циган, нека има бар физички предиспозиции, овој кошарка прв пат заиграл на 24-5 години. Катастрофа е. Работнички си ги трие рацете кога ке влезе во игра. Ако погоди на третата утакмица, не значи дека е добар играч. работнички цело време го остава да шутира, зашто зане дека поима нема.

Али тајмаутот беше слика и прилика, колку само беше траги-комично. Гледал циганот НБА и со тоа што го побара тајмаутот додека беше во лет со топката, покажа дека кутриот немал играно кошарка претходно, туку само гледал НБА. За жалење е нашава лига со вакви странци
 
Radical Boy напиша:

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: јбг да иаме странци као што имавме пред 8-9 години сеа лигава ќе ни беше екстра али... здравје може ќе почнат да доаѓаат кај нас да играат странци кои вредат :) али стварно неаме еден добар странец ејјјј барем едееенннн :)
 
DoolroX напиша:

morban be
 
aerodromka напиша:

ејјј да бееее не ми текна на него :) оние србине од работнички се катастрофа невидена, иако ок изигра вчера поповиќ :) црнецот од струмица - ноу комент,а кицулис знае да изигра некоја ок утакмица ма да веќе 10 натпревари не ја изиграл таа утакмица иако како што кажа радикал во одбрана е добар :) другите грци незнам зашто се уште во тим кога реално не вредат и држат место на помладите струмичани кои сигурно ќе изиграат подобро од нив :) во пелистер србите одамна реков дека за ваква лига каква што е нашава се екстра играчи,а за лига како во србија не би играле ни во последниот тим :) значи за да се постигне напредок и да ни тргне лигава напред мора да се земат некои квалитетни странци,значи кога зборам квалитетни не мислам на играчи кои играле во тим на малта или луксембург или па играле на маалски кошеви во гетата на њу јорк :) а за да се земат КВАЛИТЕТНИ ќе треба газдите на клубовите да го одврзат кесето и да платат дебело но барем ќе се исплати,а во спротивно ќе имаме залутани странци како до сега и нема да мрднеме од оваа точка
 
Radical Boy напиша:
Мое мислење, Струмица не играше со 100% од можностите, ама се заеба. Сега серијата е сведена на една утакмица иако сите мислат дека Струмица има уште 3 меч топки. Ако по некоја случајност Работнички победи на следната утакмица во Струмица, наздравје нека им се 200те литри млеко, кои ке бидат истурени по улиците како кога штрајкуваа млекарите.

Зашто мислам дека ако Работнички ја победи 5тата дека ке биде првак? Зашто после во Скопје ке биде пекол, каде што Струмица нема шанси да издржи, а за седмата Милоевиќ, Мицевски, Златевски (судии) се тука да ја решат. Зашто Струмица се поеба? Како прво, не е толку надмоќна како што многу мислат дека е. На втората и третата се покажа дека не се толку доминантни во серијата. Работнички вчера играше „без„ Симиќ и Тасов (Тасов го нема никаде во финалнава серија) и редно време е да се разбудат и да изиграат една солидна партија и двајцата.

Дали Гркот не знае што е Работнички во лигава, стварно незнам, ама едно знам, дека не смееше толку индолентно да влезат во утакмицата вчера. Двајцата грци, циганот и оној Крстевски се тотални утки во тимот и тотално безопасни по кошот на Работнички. Е Кицулис игра добра одбрана па тоа го вади, али другиве тројца се катастрофа.

За навивачите да кажам нешто или пак ке летаат опомени? :)

Во разговор со гркот, разбрав дека знае кој и што и како е Работнички, а и поднаучува во врска судии како стојат работите...
Инаку, кој што сака нека каже, ама јас сум убеден дека Струмица не изигра како што знае и како што може. Може и грешам, ама така ми се виде. Не беше тоа играта која ја играа и на претходните натпревари, па и низ регуларниот дел од првенството. И, искрено, се плашам да не стане од (скоро) готово - вересија. А Радикал кажа и зошто, да не се повторувам.
@ Радикал: За навивачите си има теми за нив, таму кажи си.
@ Aeродромка: Е жими Морбан е...
 
abe toa e sigurno deka strumica ne igrase kako stomozese da igra toa se gledase i tie sakaat da pobedat vo strumica i doma da ja proslavat titulata
pred svoite fanovi:D
 
MaTrIkS напиша:
abe toa e sigurno deka strumica ne igrase kako stomozese da igra toa se gledase i tie sakaat da pobedat vo strumica i doma da ja proslavat titulata
pred svoite fanovi:D

да али не се прави така зашто тоа може како бумеранг да им се врати :) титула си е титул, подобро да ја освоиш на време отколку да стравуваш за неа до последен момент :) како прво не играат против соколи или амак за да можат да сметаат на сигурна победа на домашен терен туку против работнички кои сигурно нема да се предаде во струмица :) секое потценување на работнички може скапо да ги чини струмица и од готово вересија да направат :)
 
А и Струмица има забележителен пад на формата како изминува серијава. Како што кажав, кај и да е, треба да се разбудат Тасов и Симиќ. Ако намерно ја изгубија оваа утакмица, направија грешка според мене. Да го декласираш 4:0 претставникот во Јадранска лига е многупослатко одколку освојување титула дома. Баш вчера зборевме со луѓе од навијачка група од кај нас и сите едногласно се сложивме дека 500 пати е послатко во туѓа сала да се озвои титула. Ама за разлика од Ајдуци ние ке бевме 1000 души на 3:0 за нас.

Струмикс, тоа го реков, зашто тотално сум разочаран од навивањето на двете навивачки групи, ај СРВ веќе и се откажаа, ама Струмичани при 3:0 да дојдат во толкав мал број и да имаат такво лошо навивање....
 
АЈдее .. АБе нели овие последни постови ви беа Радикал и Аеродромка .. или па грешка сум прочитал али ајде нема веза

бтв за Струмица мислам дека сакаа таму да изгубат за дома на домашен терен да слават а и тоа и ке се случи .. не дека работнички се па некоја посалам екипа и тие се гола вода .. ама ајде
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom