Billa Bong
I love Basketball
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 6.590
- Поени од реакции
- 11
Фершпед Работнички, конечно, ја победи Струмица 2005. Го скина шампионот "малерот" во финалето, победи со сигурни 79:70, намали на 3-1 во финалето и што е најважно, остана "жив".
За разлика од претходните три натпревари, во овој, втор во " Градски парк", бранителот на титулата одигра како еден вистински колектив.
Ако повторно најмногу се чекаше од Симиќ и Тасовски, овој пат проработе "колективот".
Поточно одиграа оние кои добија најголеми критики. Пред с$ Владимир Поповиќ, кога беше потребно, во последниот период и Немања Пауновиќ, што со стандардно добрата игра на Симиќ, и "поентерското излегување" на младиот Костоски, беше доволно да се победи оној во зелено-бела комбинација.
Се чини дека на овој натпревар на струмичани им недостигаше нешто, пред с$ Златко Гоцевски. Јунакот на двете од вкупно три победи сакаше многу, но на крајот даде малку. Уште еднаш влезе во проблеми со личните грешки, и по вторпат, интересно, во "Градски парк" предвреме седна на клупата поради петтиот прекршок.
Се чини дека токму неиграњето на првиот играч на Струмица 2005 во финалето во средишницата на третата четвртина се покажа како пресуден момент.
Гостите ја загубија елементарната предност, скоковите, нивниот рекет остана незаштитен во нивниот нов обид да дојдат до пресврт.
Направија неколку обиди гостите од Струмица во текот на натпреварот, но како по некое непишано правило, им недостигаше оној последен чекор, впрочем како и оној со кој ќе ја затвореа оваа финална серија која ќе потрае барем до сабота, кога се игра наредниот натпревар, број 5.
Изворедно почнаа домашните кошаркари. Понесени од солидно пополнетото гледалиште, одлично со по две "тројки" стартуваа Веселиновски и Поповиќ. Шест поени имаше и Пауновиќ во таа прва четвртина, кои со оние четири кои дојдоа до Симиќ беа и повеќе од доволни за почетните 21-9 по само седум минути од играта.
Оваа разлика и го одреди текот на натпреварот.
На струмичани им требаше доста време да се вратат од почетниот шок. Фершпед Работнички поведе и со 24:11 по "тројката" на крајно мотивираниот Поповиќ.
Но тука некаде "шпедитерите" некако подзастанаа. Дојде времето на Струмица 2005, поточно нивната најдолга серија поени на натпреварот. Струмичани направија 11-2 по што се приближија на најниските 26:23 во 14. минута од играта.
Но тоа беше само најава за нивна добра игра. Многу лошо делуваше нападот на гостите, особено откако Софадитис го зазема местото на Богоев.
Младиот Костоски даде тон на играта на актуелниот шампион и најави подобри минути. Домашните имаа плус 10 (35:25) во 19. минута, но струмичани " се потфатија" во финишот на полувремето за крајни 35:29 по една "тројка" на Флуелен.
Кога дојде "тројката" од Грнчаров во првиот напад за 35:32, се чинеше дека гостите се подготвени да го направат пресвртот. Но Симиќ и Костоски не дадоа противникот да ја преземе контролата, особено врз резултатот.
Уште еднаш одбрани шампионот, дојде до нова двоцифрена разлика по серијата од 13-2 во која Поповиќ учествуваше со осум поени за 50:36 за Фершпед Работнички по 26 поминати минути.
Само за момент, во 29. минута, рамнотежата ја наруши техничката грешка на искусниот Србиновски, од која гостите профитираат со четири поени за 55:45, а оваа делница од играта да заврши со сепак достижни за Струмица 2005 (56:47).
А потоа дел од играта резервиран за Пауновиќ. Крилото на "Шпедитерите" ја искористи сета празнина во рекетот на струмичани по излегувањето на Гоцевски (четири лични грешки). По неговите шест поени во серија (плус два од Симиќ), шампионот се одвои на овој пат недостижни 64:49. Но во оние шест минути кои останаа до крајот, се обидоа, пробаа да вратат нешто Хаџивасилев, Флуелен и Богоев. Но не успеаја во тој, се чини, последен обид. Кога останаа без Гоцевски, беше јасно дека својата втора меч топка која носи титула ќе ја бараат на наредниот двобој во Струмица.