Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби овој Даци требаше да добие шанса, најдобар стрелец е во Белгија втора лига и неговиот клуб обезбеди влез во првата лига.
На Даци сезоната во Белгија му заврши пред два месеца (последното коло им беше 16.04.) така да претпоставувам од таа причина Милевски воопшто не рачунаше на него како опција за овие натпревари. Он Несторовски не го повика поради слабата минутажа (иако последните кола доби шанса) а не па Даци кој последниве 2 месеци е практично на одмор и не е во натпреварувачка форма.
 
Последно уредено:
Ретко кога имам пропуштено натпревар на репрезентација од 2008 кога играле. Сум ги плаќал (добро, татко ми) 1000ка со Шкотска и 1000ка со Холандија во 2008/09. Ама тогаш барем играле нешто, се труделе. Биле слаби да, пак губеле, ама се труделе. Ова последниве години е мизерија. Џабе пласманот на ЕП, кога на тоа ЕП играа како да се туристи. Не ме заебавај, Андора покажува поголема желба за игра отколку нашиве. Млитави сите. Елмас на сите интервјуа се курчеше дека сме добри и ќе сме прошле група, а играше послабо отколку рандом лик на термин фудбал во балон. И не е само он, немаме напаѓачи, немаме некој што знае да шутне. Играч како Митрович, па макар и 10 пати послаб, ама да знаеш дека ќе шутне. Оној неухранетиот Спировски шутира од 30 метри, топката се мачи да стигне до гол. Тоа не се играчи, и не треба да бидат во репрезентација. Ако некој гризе на терен, се бори до последен здив, тој треба да има место во први 11. Не зборам за квалитет, туку за нивната желба.

Да, картите се прескапи, и од принцип луѓето не ги даваат парите, односно ги трошат на нешто друго. Не може блок карта со Италија и Израел да биде 300, а сега Грузија и Гибралтар 700.

Да, одиме за нашата репрезентација. Ама кога играат нашите. Кога се влечат како црева на терен, со мерак гледам како играат Грузијците или било кои други што дошле да играат. Она со Бугарија беше срамота, тие што отишле до Разград треба да си ги бараат парите назад.

Денес типувам млитав натпревар од 1-0, или евентуално нерешено.
 
Денес ќе тепаме 3/4 - 0 демек да се извадат за поразот од Грузија
 
Не може блок карта со Италија и Израел да биде 300

500 беше. И таа карта ја имам.


Ова последниве години е мизерија.

Лол. Баш во претходниот коментар ги напоменав сите успеси кои оваа генерација ги направи, они - не се труделе.
Јас не знам што да ви кажам. Никогаш немаме добиено репрезентација како Италија или Германија, а оваа генерација ги доби и двете, во гости!
Истотака заврши и второ место во квалификациска група, нешто што било незамисливо за претходните генерации. Уствари претходно никогаш не сме завршиле ниту трето, а не па второ. Бевме вечно 4ти а понекогаш и петти. Токму оваа генерација еднаш заврши на трето и наредни квалификации на второ место.
Откако е дојден Милевски имаме 5 победи, 4 нерешени и 3 порази. Два од тие три порази се против Португалија, односно Германија и овој последниот.
Значи во 12 натпревари ние имаме највеќе победувано и за тебе тоа е доволно да кажеш дека последниве години сме мизерија.

Еве ти слика од нашите резултати во 2007 и 2008

1655042397562.png


Или па можеби 2015-2016та бевме подобри?
2-2-13 скор од кои и двете победи во пријателски против Црна Гора и Азербејџан.

1655042722426.png


Само за споредба


2020-2021-2022
12 победи, 8 нерешени и 8 загубени од кои 3 се поразите од групната фаза на ЕП.


Ок, признавам дека последниве неколку натпревари не сме на ниво ама па не значи дека треба да ги споредуваме со тимови како Молдавија и Андора. Па уште Андора имале повеќе желба. :unsure:
Сум го зборел и претходно истото на оваа тема - Ние Македонците се понашаме ко нашата репрезентација да е составена од играчи како Гризман, Мбапе, Донарума, Кејн и ко да треба по автоматизам да мелеме екипи од типот на Грузија. Тие се играчите и не е ова клуб па да купиме некој. Сосема солидно е се што покажаа овие изминати 2-3 години и јас немам што да им замерам ниту па да очајувам за некој си пласман во група Б од лига на нации.
Добро, шанса е за европско, не викам не, ама и таму ќе е тешко. Ги има Грција/Косово, Турција со кои никако нема да биде лесно. Па дури нема да ме чуди и Грузија да ги исплеска сите овие и да се пласира. Се гледа дека Грузија се напреднати како репрезентација а тоа го докажаа и против нас и против Бугарија а и Шведска пред некое време ја испеглаа.
 
Се согласувам со скоро сѐ што кажа, може и јас малку претерав, ама не збориме за резултатите, туку за желбата за игра. Да не се лажеме, такви утакмици како со Германија и Италија се дешаваат еднаш у повеќе години. Поготово со Италија, не беа ништо посебно ни они, ама првото полувреме бевме класична бункер екипа. Да тој е квалитетот, ама нема желба, како да кажам. Тој е мојот впечаток. После едно полувреме немаат сила, и се влечат на терен. Кога имаме шутнато на гол освен Трајковски со Италија? Не се игра секоја утакмица да влезеш со сѐ топка во гол. Со Грузија голот го дадовме од метро и пол, со Германија исто тука некаде.

Не знам како да опишам. Димитриевски не е жив ако не прими глупав гол. Општо, сами се победуваме, сами сме си најголема закана. Грешат во одбрана, не размислуваат, примаат бош голови.
 
Нема денес пренос на арена од утакмицава ????
 
Страшен од вакви ситуации. Браво!
 
дајте бе линк за Арена 1 ,,,не за Арена премиум 1
 
станува интересно... на Хендикеп обложувалници
 
БОБИ ОТКАЗ !!!! ФФМ МАФИЈА !!!! МРШ БОБИ ИДИ СИ !!!!



Далечни крици .....:LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom