Не може блок карта со Италија и Израел да биде 300
500 беше. И таа карта ја имам.
Ова последниве години е мизерија.
Лол. Баш во претходниот коментар ги напоменав сите успеси кои оваа генерација ги направи, они - не се труделе.
Јас не знам што да ви кажам. Никогаш немаме добиено репрезентација како Италија или Германија, а оваа генерација ги доби и двете, во гости!
Истотака заврши и второ место во квалификациска група, нешто што било незамисливо за претходните генерации. Уствари претходно никогаш не сме завршиле ниту трето, а не па второ. Бевме вечно 4ти а понекогаш и петти. Токму оваа генерација еднаш заврши на трето и наредни квалификации на второ место.
Откако е дојден Милевски имаме 5 победи, 4 нерешени и 3 порази. Два од тие три порази се против Португалија, односно Германија и овој последниот.
Значи во 12 натпревари ние имаме највеќе победувано и за тебе тоа е доволно да кажеш дека последниве години сме мизерија.
Еве ти слика од нашите резултати во 2007 и 2008
Или па можеби 2015-2016та бевме подобри?
2-2-13 скор од кои и двете победи во пријателски против Црна Гора и Азербејџан.
Само за споредба
2020-2021-2022
12 победи, 8 нерешени и 8 загубени од кои 3 се поразите од групната фаза на ЕП.
Ок, признавам дека последниве неколку натпревари не сме на ниво ама па не значи дека треба да ги споредуваме со тимови како Молдавија и Андора. Па уште Андора имале повеќе желба.

Сум го зборел и претходно истото на оваа тема - Ние Македонците се понашаме ко нашата репрезентација да е составена од играчи како Гризман, Мбапе, Донарума, Кејн и ко да треба по автоматизам да мелеме екипи од типот на Грузија. Тие се играчите и не е ова клуб па да купиме некој. Сосема солидно е се што покажаа овие изминати 2-3 години и јас немам што да им замерам ниту па да очајувам за некој си пласман во група Б од лига на нации.
Добро, шанса е за европско, не викам не, ама и таму ќе е тешко. Ги има Грција/Косово, Турција со кои никако нема да биде лесно. Па дури нема да ме чуди и Грузија да ги исплеска сите овие и да се пласира. Се гледа дека Грузија се напреднати како репрезентација а тоа го докажаа и против нас и против Бугарија а и Шведска пред некое време ја испеглаа.