Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
како се нервирам значи...мизерни 1-1 да играш со ваква блгарија
 
Не ја потценувајте Грузија, имаат многу добра млада генерација. Кога игравме претходниот пат им фалеа некои клучни играчи. Сеа се у полн налет. Ќе бидне интересно треба да се напуни градски гледам фул карти се пуштени у продажба и да им се даде поддршка на нашиве. Јебига тоа со бугарите на отварањето, ама ќе се анулира ако ја добиеме Грузија следна. Малце не баш најлесна задача ама тоа е што е.
 
203 у светот на ранк листа .

Ја тепаме 2-0:roker:

Че не гали Грузија.

:sramezliv:
 
Последно уредено:
Грузија е најдобра шанса за нашите да докажат дека резултатите во последно време не биле случајност, и дека сепак сме за две нивоа подобри од порано. Забревтана Грузија која со Гибралтар и Бугарија даде 9 голови и плус најава од Сањол дека оди на исто сценарио во Македонија. Играме пред наша публика, после два воведни неубедливи натпревари и нема подобра можност за нашиве. Како и дали ќе ја искористат да ги направат Лигава на нации интересна тоа ќе видиме.
 
Грузија покажа дека се квалитетна репрезентација по победата над Шведска во ноември, овој Квараскелија два комада им сервираше на Швеѓаните.
Многу опасен играч е дечкото, грузискиот Меси, имавме среќа што не играше тогаш за Грузија на натпреварот за пласман на ЕП.
Нашиот пристап на претходните две утакмици не ветува апсолутно ништо, плус очајно фали Адеми во средината, негова замена кој може да одигра така борбено во овој ростер за жал немаме.
Грузија по петардата која им ја сервираа на татарите си обезбедија многу по поволна ситуација за разлика од нас.
Победа на дуелот со Грузија за нас е императив, ниту нерешено не ни одговара.
Ќе биде ова тежок меч за гледање.
 
Имам осет дека ќе не размонтираат. Со оглед на тоа колку сме во лоша форма и тимски и индивидуално, нема да бидам изненаден од пораз со 2 гола разлика.
Нашиве се многу млитави овој јуни...
 
Мислам дека ја преценувате Грузија, и претходно во Лига на нации имаа одлични резултати, па кога дојде ред на нас ги испердашивме на нивен терен. Треба дисциплина, фокус, реализација. Поквалитетни сме и треба тоа да го искористиме. Веројатно се добри против селекции послаби од нив, имаат повремени блесоци, но резултатите од последните квалификациони циклуси им се смешни.
 
Не треба ни потценување ни преценување. Грузија е во залет и настрвени се за одмазда против нас. Ние не игране добро овој месец. Сето тоа е така. Ама поквалитетни сме се уште од Грузија. Ако ја средиме играта можеме да ги победиме. А распоредот е напорен за сите, па и за нив. Во ваков густ распоред со четири меча за десет дена формата варира од меч во меч и за поголемите репрезентации а камоли за овие од Лига Ц.
 
Мислам дека ја преценувате Грузија, и претходно во Лига на нации имаа одлични резултати, па кога дојде ред на нас ги испердашивме на нивен терен. Треба дисциплина, фокус, реализација. Поквалитетни сме и треба тоа да го искористиме. Веројатно се добри против селекции послаби од нив, имаат повремени блесоци, но резултатите од последните квалификациони циклуси им се смешни.
Да, само што играа без најдобрите играчи.
Не велам дека ќе не испердашат, ама икс е сосема реална опција. Не верувам и дека ќе одат на победа толку агресивно како што си мислите.
Голем проблем ми е тоа што нападов ни е очај, нема гол кој да даде. За да победиме ќе треба срединава или одбранава од корнери/слободни да дава голови.
 
Ете, после сите успеси против Германија и Италија, второ место во регуларни квалификации пред Романија и Исланд, дојде времето да стравуваме од светската велесила во ногомет ГРУЗИЈА ваууу :ROFLMAO:
 
Ете, после сите успеси против Германија и Италија, второ место во регуларни квалификации пред Романија и Исланд, дојде времето да стравуваме од светската велесила во ногомет ГРУЗИЈА ваууу :ROFLMAO:
Не е за стравување од Грузија. Повеќе се плашам од нашите играчи. Способни од тоа да и дадат гол на Италија во плејоф во 90та минута, до тоа да изгубат од држава од рангот на Бугарија, Летонија, и сличните.З Грузија со 5 гола во гости, на истата таа Бугарија на која и дадовме едвај 1 гол, е во полн залет и мислам дека и ќе не добие. Не знам што се случува, ама немаме напаѓачи, немаме играчи што гризат на терен. што ќе донесат одлука. Сѐ е млитаво, ради реда, пасовите се со пола снага. Дури и против Гибралтар играа млитаво. Не е изговор дека паузирале, се чувале или што знам, Гибралтар нема ни тројца професионални играчи, а гризеа на терен и покажаа желба за разлика од нашите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom