Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Фората е дека во Југославија постигнал успех каде конкуренцијата е поголема од самостојна Македонија. Остај тие черипикинг досетки ;)

П.С
На 25 години има ОСВОЕНО ЕВРОПСКИ КУП...
Што освоил Пандев на тие години?
Брее се фатил за годините. Еве Пандев на 26 освоил ЛШ и сите други титули таа година. После 26 години освоил уште 4 титули. Панчев после 26 години нема освоено ништо.
 
Си запнал за тие 5 гола. Човекот на 18 години отишол во Италија. Сигурно не го пуштале да игра често, требало многу да се докаже како странец. После тоа веќе почнува да игра стандардно секаде. Абе Дарко на 31-32 години се пензионирал, толку можел.
Прегледај го приврзокот 327274
Него ти што ќе кажеш сега за 7 гола за 5 години од 92 до 97?
Неверојатни 2 гола повеќе во најзрелите фудбалски години.
Брее се фатил за годините. Еве Пандев на 26 освоил ЛШ и сите други титули таа година. После 26 години освоил уште 4 титули. Панчев после 26 години нема освоено ништо.
Со каков учинок освоил ЛШ на 26? Колку гола постигнал?

Панчев во најзрелите години не ни играл како што треба според статистика тоа не е спорно.
Screenshot_2022-03-31-22-04-28-92_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
Последно уредено:
Фората е дека во Југославија постигнал успех каде конкуренцијата е поголема од самостојна Македонија. Остај тие черипикинг досетки ;)

П.С
На 25 години има ОСВОЕНО ЕВРОПСКИ КУП...
Што освоил Пандев на тие години?
Панчев постигнал успех во југославија, а Пандев постигнал успех во Италија. Неспоредливо е едното со другото. Во Лацио беше најдобар играч убедливо, а бил и најдобар стрелец кога освоиле куп. Во Интер имаше многу важна улога во тројната титула, особено во ЛШ. Понатаму беше важен играч и имаше одлични сезони во Наполи, каде што освоил два купа што е сериозен успех за тој клуб. Сега гледам дека со Галатасарај освоил куп кај што бил и најдобар стрелец. Во Џенова направи чудо кога сите мислеа дека е пред пензија и со 9 гола им избори опстанок, исто и следната сезона со 7 гола на 36 години, на таа возраст панчев веќе беше во длабока пензија. Успесите и придонесот за репрезентација кој го има Пандев не вреди ни да го коментирам. Човекот е татко на модерниот македонски фудбал. На крајот на денот, глупа е статистичката споредба бидејќи пандев не е шпиц, за разлика од даре кој бил класичен гол играч.
 
Ако одиме со ваков cherrypicking, тогаш панчев за 5 години надвор од југославија има дадено дури неверојатни 7 гола и 1 гол за репрезентација. Врвен успех нема што.
1648755792163.png1648755817894.png1648755845296.png1648755907558.png1648756039023.png1648758014460.png

Незнам вие вардарци од каква перспектива гледате. Но за мене Елмас да има направено пола за работнички од панчев што има за вардар шознам. Јес да шо да напраи уште бркови немаше замина :aplauz:.

Панчев шо се испокараа со тричко кога беше панчев директор во на време брацово svrsa па џабе ни го дадовте?
Суво злато.Џабарлк. 800.000 пепел. Имаше такви дамки. Али имаше и ок проекти, против рак, против цигари..итн.
Сеа глеам пиво и спортска рекламира. тоа е голем timeline период.

Ќе го видиме сеа Пандев ван терен има време.
Прво почна со министер за надворешни да се кара пред најбитна утакмица. Споменици да им праел. Веројатно сака над МНР место тие на покрив 30 скулптури шо се да ги стаат и фудбалерите. Може има предлог Салвадор Аљенде да го тргне и него да го стават над бујар.

Пецката беше за местенката со Андора. И демек оваа генерација е чиста.Остај го ти кобрата. Ќе си боцка пати за внимание нормално е бе пер и сер алекс фергусон го барал. Рачунај психа распад југославија многу димензионално е ова не е туку така.
 
Attachments

  • 1648755880361.png
    1648755880361.png
    390,9 KB · Прегледи: 19
@Io Sono Interista @kano

Ајде можда претерав малце ама сеуште ме држи лутината пред некое време коа го прашаа за неговиот феил у Интер коа рече хех па мени није требао вечи клуб ја сам веч био у великом клубу хех. Ко у смисла Ѕвезда била поголем клуб од Интер.

Пандев можда не бил доминантет играч и прва виолина ама никако не смее да се потцени неговиот настап у Лацио, Интер и Наполи.
Ајде Џенова ќе ја тргнеме на страна.
Само за тоа е у право Дарко Панчев од се што има изјавено кекеккекекек

Иначе да речеше Галата да се тргне ок. Таму беше фејл сосе Прандели што го донесе ама у Џенова боготац беше. Лани или прехлани 10 гола даде у последни 20 мин од утакмиците како измена за нерешено или победа со што опстанок им избори. Често влагаше замена за узбекистанецот шо отиде у Рома. Да не беше Пандев ставан последни 20 мин , Џенова сега ќе беа средина на табела у серија Б.
 
Галатасарај не ја ни рачунам.
Џенова реков да се тргне во споредба со Лацио, Интер и Наполи каде освојуваше титули и беше битен играч за истите.
Али добро, во Џенова може нема титула ама успехот со нив, поготово опстанокот што го спомна Вардар Во Срцето е еднакво на титула.
После 32та година изигра највеќе утакмици у својата кариера. Нешто што не иде у прилог на муабетот дека не играл цело време и не можел.

Абе со рамноземјаш нема објаснување, ама чисто вака да се види и да остане запишано кој е и што е Горан Пандев.
Пред некое време баш имаше и статија на оффнет, искрено немав претстава дека вакви бројки има.
Зачудувачки е стварно и само проклет македонец може да го оспорува истото.
 
Зачудувачки е стварно и само проклет македонец може да го оспорува истото.
Човечка природа бе Џонтра. Знаеш како го викаа Панчев на времето? Даре национале. Гордост беше на сите додека играше. Сега плука по него кој стигне. И за Горан ќе го доживееш истото, остај го Зурла, тој е пред времето :D. За 20 години ако си уште на форумов или други социјални мрежи, некој копиљ ќе ти објаснува како некој нов добар играч што го имаме е каде-каде подобар од Пандев, дека овој немал голови, не бил важен играч и што уште не... ти ќе си ја трескаш главата од ѕид, ќе му црташ како било тогаш на времето, дека не е се во бројките, дека освоил ова или она, бил почитуван... тој ќе си ја тера песната и ќе те нервира.

Нам Македонците изгледа многу ни се двајца врвни фудбалери, мора еден да биде цело време, како Хајлендери сме :D
 
Не се 2-ца врвни....многу се'...:)

Еве од кој Барди учеше слободни удари...:)

Не се 2-ца врвни....многу се'...:)

Еве од кој Барди учеше слободни удари...:)

Никој не шутирал како Барди во нашава репрезентација, дечкото е еден од подобрите во Европа.
 
Човечка природа бе Џонтра. Знаеш како го викаа Панчев на времето? Даре национале. Гордост беше на сите додека играше. Сега плука по него кој стигне. И за Горан ќе го доживееш истото, остај го Зурла, тој е пред времето :D. За 20 години ако си уште на форумов или други социјални мрежи, некој копиљ ќе ти објаснува како некој нов добар играч што го имаме е каде-каде подобар од Пандев, дека овој немал голови, не бил важен играч и што уште не... ти ќе си ја трескаш главата од ѕид, ќе му црташ како било тогаш на времето, дека не е се во бројките, дека освоил ова или она, бил почитуван... тој ќе си ја тера песната и ќе те нервира.

Нам Македонците изгледа многу ни се двајца врвни фудбалери, мора еден да биде цело време, како Хајлендери сме :D

Искрено, за плукањето кон Панчев најголема кривица оди кај самиот него, со секое појавување во јавност човекот си привлекува гнев, се бламира и излага со скроз непотребни изјави во лоши тајминзи. Која беше потребата од онаква изјава и јавна прозивка кон Пандев, од што беше испровоциран за такво нешто?
Секогаш ќе има и напалени млади глави кои нема да го почитуваат доволно тоа што некој го направил и оставил како белег, ама многу поголем хејт доаѓа од самите постапки на Панчев отколку кон неговите перформанси или споредби со денешниве играчи. Никој тука на темава немаше ни да ги споредува Панчев и Пандев да не искочеше со идиотската изјава, ама едноставно човекот пати за внимание, а се што направи пост-кариерата во фудбалот беше 2 тотално неуспешни мандати и фијаско во раководните структури на Вардар.
Искрено, се надевам нема и Пандев да тргне по негови стапки, ама како тргнал и он со јавни препукувања и од тоа што ми делува влегува во некоја си борба за функција во ФФМ, може многу лесно и он да стане мета на хејт и плукање.

Никој не треба да го спори тоа што го постигнаа двајцата во кариерите и секако оставија огромен белег во македонскиот фудбал, ама кога привлекуваш ормаза кон себе од мнозинството едноставно секогаш ќе има луѓе кои во афект ќе пробаат да те оцрнат и за тоа што треба и за тоа што не треба.
 
Влегување во политика, макар и фудбалска, е рецепт како да те замрази пола држава. Ова им се случи и на Шукер во Хрватска и на Савичевиќ во Црна Гора. Оние кои останаа надвор од тоа си ја зачуваа репутацијата. Плеткај нешто, води си клуб, биди менаџер, тренер, и уживај си...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom