Споредбите Пандев против Панчев ако сакате да ги направите направете ги според придонесот кои го имат во целина за македонскиот фудбал, значи кога ги споредувате не се споредува само како играчи туку споредете ги и како фудбалски работници.
Пандев беше лидер на клуб од рангот на БЕЛАСИЦА во една од најјаките сезони на мафудбалот како тинјеџер, направи трансфер директен од македонска лига во Италија, беше носител на игра во Лацио, беше еден од најкорисните играчи на Интер во ЛШ, играше буквално на секоја позиција каде што ќе го наместеше Мурињо уште голман не одигра, во Наполи со каков менталитет е клубот остави голема трага, во Џенова е идол на години во кои Панчев беше пензионер два пати ги спасуваше од испаѓање и е најзаслужен што клубот сеуште е во Сериа А.
За Панчев кога не сум го гледал како играч нема што да коментирам, оставил трага во Ц.Ѕвезда како шпиц, заминал од Југославија и се изгубил целосно, тоа е кратко.
Е сега што имат направено како фудбалски работници, Панчев колку знам воопшто нема инвестирано во макфудбалот, има две кратки епизоди во раководство на Вардар, никаде го нема околу ФФМ, редовен со душа и срце за неговата Ц.Ѕвезда, редовен фалбаџија на сите ексју репрезентации посебно на српската а главен критикувач и плукач по македонската.
Од друга страна Пандев со инвестиции од милиони евра во макфудбалот, најголемиот проект надвор од ФФМ неговата Акдемија, тоа што ние му замеруваме струмичани но сепак си е негово лично право основање на нов фудбалски клуб кој од 4та го внесе во 1ва без никакви фузии, со инвестиции, редовно исплатени плати, oтварање на академии во повеќе градови низ државата, обука на тренери за млади фудбалери по сите критериуми, мотивирање на играчи млади кои ги носел на натпревари по Италија како пример Елмас што видовме скоро по тие инстаграм преписки, наметна менталитет на страшна борбеност и пожртвуваност и пријателство меѓу сите играчи во оваа генерација.
Може уште да се пишува, но ова ептен мало резиме е доволно да видиме кој по што е заслужен за развојот на македонскиот фудбал и кој е најголем во него.