Прво сосема заслужено второ место во групата. Имавме и малце среќа стативата на Хаџи во 84 мин, но тоа си е проблем на Романците
Милевски си доби заслужени критики по трите нерешени со Ерменија и Романија дома и овој скапан Исланд на гости, за да во овој собир гледаме една поинаква Македонија. Иако фалеше моторот Адеми сепак најде соодветна замена во Костадинов. Дечкото мислам дека си обезбеди трансфер. Го имаше секаде во клучните утакмици некни со нинџите од Ерменија и денес против Исланд и башка многу има напреднато со пасовите, мислам дека немаше кикс. Барди што да кажам прсшање на време е кога ке го "црпне" некоја посериозна екипа од Леванте. Може не Барса и Реал али Вилереал, Севилја па и Атлетико Мадрид би биле идеални. Одбраната исто на ниво во двете утакмици. Муслиу која стабилност ја има секоја чест. И тој според мене прашање на време кога ке направи трансфер во топ пет лигите. Се на се одлична поставеност игравме фудбал допадлив за око максимално ефикасен (на двата клучни натпревари гол разлика 8:1), не чека светла иднина во фудбалот и за прв пат можам да кажам дека имаме 15-16 фудбалери кој можат да играт во први 11....
Баражот е еден натпревар што и да се деси они се веке победници, но докажавме дека можеме и мислам дека можеме да направиме проблем. Сега за првиот натпревар кога го немаме Елмас убаво е да се направи напор да се убеди Гоче да изигра, ке биде од огромна помош...