Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
На крајот од денот излезе дека можеби е во право онај тн белгиски холандски новинар за буба дека ќе проба на трка од Ф1 Ерменија со еден полуиграч тој од вардар на среќа или не на среќа не победија и вратија во реалноста и блиското минато

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk

Каква реалност бе дечко? Со втора постава игравме, не сме ние Шпанија па да очекуваме и вториот тим да ни е технички поткован и да везе по терен.

Ко што кажав претходно, да ни се живи и здрави прва 11-ка до тогаш, засилени со свежа крв од втор план, со целата еуфорија што ќе се пренесе на терен, очекувам да бидеме изненадување на Европсково.

Рано е да се збори, али ме радуваат изјави ко на тој белгискиот новинар, ќе бидат само мотивација плус кога ќе дојде време.
 
Ако пак од секоја лига по една репрезентација оди на ЕП 2024, тогаш подобро што остануваме во Ц. Нема теоретски шанси да се пласираме преку Б лигата.
Не се многу залажувај дека ќе биде полесно преку Ц лига. Во Б лига ќе имавме практично загарантиран плеј оф макар и завршиме последни со 0 бодови, и таму во плеј оф ќе игравме против најслабите од таа лига (овие сега што влегуваат од Ц дивизија - Црна Гора, Албанија и победникот од Словенија-Грција). За споредба, во Ц ќе имаме доста потешка група од оваа година, и ако воопшто се избориме за плеј оф тогаш таму ќе се бориме со Словачка и Турција, така да далеку од тоа дека ќе биде многу полесен патот преку Ц лига.
 
Лига на нации 2022/2023, Дивизија Ц:

Pot 1: Турција, Словачка, С.Ирска, Бугарија
Pot 2: Грција, Луксембург, Белорусија, Македонија
Pot 3: Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово
Pot 4: Фарски острови, Гибралтар, Молдавија/Казахстан, Естонија/Кипар
 
Од овие само Косово да ги избегнеме. Кој ќе гледа драми, тепања, пцуења и останати глупости.
А баш би сакал со Турците да се пробаме. Преку глава веќе со послабиве екипи.
 
Лига на нации 2022/2023, Дивизија Ц:

Pot 1: Турција, Словачка, С.Ирска, Бугарија
Pot 2: Грција, Луксембург, Белорусија, Македонија
Pot 3: Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово
Pot 4: Фарски острови, Гибралтар, Молдавија/Казахстан, Естонија/Кипар
То е, ќе се мачиме, ќе треба да се заслужи прво место.

Би сакал да ги избегнеме Турција или Словачка. Бугарите се најслаби од прв шешир.

За третиот..шо знам, би сакал нов противник, Литванците ми делуваат најслабо вака на хартија.
Ако може Фарски или Гибралтар од четвртиот топ, ако не..ок е, мора да се победува против секого од тој шешир
Автоматски споено мислење:

Од овие само Косово да ги избегнеме. Кој ќе гледа драми, тепања, пцуења и останати глупости.
Zoltar snaps his fingers. Your wish is my command.

Македонија во група со Бугарија it is.
 
за шо ќе се бориме сега кога ќе се пензионира Пандев, не се занесвајте после и Зидан или Клоп селектор да го ставиме нема да се мрдни репката.........
 
Постои голема вероjатност дека турците и словаците ќе се квалифицираат преку обичните квалификации така да и да се паднеме со нив мислам не би било проблем. Од бугарите сме појаки и би сакал само С. Ирска да ги избегнеме.
 
Јас би сакал со Бугарија од прв шешир да се паднеме, и мамата да им ја расплачеме! Четврт кој и да е, слаби се сите. Од трет, само со Грузија не пак!
 
Па и Б Дивизија ја гледам од репрезентацииве што останаа таму. Чисто се сомневам дека некои од Норвешка, Шкотска, Израел, Романија, Финска, Ирска, Србија или Русија би обезбедиле директен пласман на ЕП преку квалификации и ние на тој начин да искористиме плеј-оф...Така да не е загуба тоа што не се пласиравме во Б дивизија.
 
Турците гарант ќе се квалификуваат преку групите на Европско,така да не верувам дека ќе ни сметаат за тоа едно место преку лигата Ц.Е сега мртвиве С.Ирска и Словачка,ќе ни бидат ривали.
Потовите за Светско квалификациите,има екипи од погорните шешири што може да ни олеснат патот кон 2ро место :D
 
Лига на нации 2022/2023, Дивизија Ц:

Pot 1: Турција, Словачка, С.Ирска, Бугарија
Pot 2: Грција, Луксембург, Белорусија, Македонија
Pot 3: Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово
Pot 4: Фарски острови, Гибралтар, Молдавија/Казахстан, Естонија/Кипар
Давај ја Бугарија да си играме, П.С. Дај бе више да ја избегнеме таа Грузија па преку таквото од таа Грузија веќе.
 
Турците гарант ќе се квалификуваат преку групите на Европско,така да не верувам дека ќе ни сметаат за тоа едно место преку лигата Ц.Е сега мртвиве С.Ирска и Словачка,ќе ни бидат ривали.
Потовите за Светско квалификациите,има екипи од погорните шешири што може да ни олеснат патот кон 2ро место :D

Хмм, ајде мали анализи да правиме :D

Прв шешир:
Данска, Хрватска, Италија, Португалија се екипи со кои што мислам би можеле да сме барем компетитивни

Втор шешир:
Уууф, тука ќе зависи ептен
Швајцарција, Полска да ги избегнеме е добро. Шведска и Австрија исто не би било лошо да ги избегнеме..
Би било добро Романија, Србија, нешто такво..ама тешко..

Трет:
Русија, Унгарија и Норвешка да ги избегнеме. Со другиве..ќе биде мачно..ама можеме барем да се носиме. Ама мора овие три да ги избегнеме иначе во ситуација со три солидни екипи пред нас...немаме никаква шанса за ништо

Четврт:
Ние

Петти шешир:
Само не Косово. Не поради тоа што кажа бланко горе, туку пошто се нај-ок екипа од сите овие.

Шести шешир:
не е битно, мора две победи

Тоа е, ептен среќа ќе треба, ќе видиме..
 
Ти си пишал кои да ги избегнеме,а јас ќе пишам кои би ги посакал за противници.
прв шешир:билокој нека ни се падне,ќе видиме тоа летово со Холандија дали можеме да се надигруваме со прв ешалон репрезентации
втор:Романија,Словачка,Велс,Србија,Украина
трет:Ирска,Грција,Финска
петти:билокој освен Ерменциве и Косово
шести:нека дојде кој сака е наша порака :icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom