Македонска фудбалска репрезентација

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.432
Поени од реакции
42.705
Неможам уште да сфатам каков ќе биде форматот на натпреварувањето "следна сезона". Ако пак од секоја лига по една репрезентација оди на ЕП 2024, тогаш подобро што остануваме во Ц. Нема теоретски шанси да се пласираме преку Б лигата.

Ако е ист како овој за Светското, тогаш јебига.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.023
Поени од реакции
17.982
Реално ако гледаме некоја кармичка правда, заслужија они да одат во група Б кога веќе ние сме пласирани пред некој ден на ЕП, имаа многу големи срања периодот.

Нема потреба од плукање, одиме на ЕП.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
240
Поени од реакции
434
нема потреба од хејтање сега..Гледајте малку на позитивните работи. Овие што играа денес не се ни вториот состав. Добро е што и у21 се на ниво па има неколку играчи кои без проблем би играле за сениорите. За разлика од пред 5 10 години имаме огромен напредок.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.841
Поени од реакции
33.772
Ако е ист како овој за Светското, тогаш јебига
Нема да биде ист ко за светското - 4 репрезентации од Лига на нации ќе одат на Европско 2024. Е сега, како ќе бидат добиени тие 4, не знам. Дали исто како претходната Лига или може нешто да им текне: највисоко рангираните 4 кои не се пласирале до тогаш, да одат. Ќе видиме, не е уште одлучено.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.432
Поени од реакции
42.705
Нема да биде ист ко за светското - 4 репрезентации од Лига на нации ќе одат на Европско 2024. Е сега, како ќе бидат добиени тие 4, не знам. Дали исто како претходната Лига или може нешто да им текне: највисоко рангираните 4 кои не се пласирале до тогаш, да одат. Ќе видиме, не е уште одлучено.
Се надевам ќе си биде како форматот за претстојново ЕП, со плејоф составен од победниците на секоја група. Ако е така - тогаш нема зошто да жалиме што изгубивме денес. :)
 
Член од
8 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
1.380
Нема да биде ист ко за светското - 4 репрезентации од Лига на нации ќе одат на Европско 2024. Е сега, како ќе бидат добиени тие 4, не знам. Дали исто како претходната Лига или може нешто да им текне: највисоко рангираните 4 кои не се пласирале до тогаш, да одат. Ќе видиме, не е уште одлучено.
Mislam deka ist ke bide... mozebi od kvalifikaciite na CP ke gi ima tie -4, bidejki nemashe da ima efekt ligava na nacija ako ne e isto kako za EP
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.940
Поени од реакции
84.375
Последен натпревар на Мрме како селектор со овој договор :(

ДАЈТЕ МУ НОВ ДОГОВОР ФФМОВЦИ ЕДЕН ОСВЕН АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ КЛОПИЊО ДА ГО НОСИТЕ ЗА ТРЕНЕР!
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Последен натпревар на Мрме како селектор со овој договор :(

ДАЈТЕ МУ НОВ ДОГОВОР ФФМОВЦИ ЕДЕН ОСВЕН АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ КЛОПИЊО ДА ГО НОСИТЕ ЗА ТРЕНЕР!
Ќе му дадат сигурно нов договор, од федерација не сакаат „војна“ со играчите кои веќе се на страната на Мрме. Европско и плус со се квалификациите за СП, не знам само колку тие траат..
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.860
Поени од реакции
3.335
Не знам зошто толку големи очекувања. Отидоа на ЕП, играа супер овие година две, ама со овој состав без средина па и јас најоптимистички што можам да гледам знаев дека бод би бил како бод со Англија да извлечеш. Ерменија не е јака, ама истовремено не ни лежи и тој дивјачки фудбал не ни одговара. Гаден тим се едноставно. Пред оваа утакмица изгубивме од нив 4-0 со полн состав. Кога Ташак не водеше изгубивме 4-1 таму и тогаш можеше уште повеќе да биде. Во Скопје тие квалификации (2012) едвај 2-2 и тоа со подарок пенал во последна секунда. Инаку и Унгарија беше во Ц, па така како Ерменија беше турната еден ранк погоре. Унгарија сега е на чекор до промоција во А лига. :confused: :icon_lol:
На страна тоа, денес немавме среден ред и се тоа беше крпено. Да играше некоја позатворена варијанта со 5 дефанзивци, можеше нешто друго да извлече (па и 0-0). Ковид, повреди, картони, условувања од други земји, си го сторија своето.
Не е страшно Лига Ц. Северна Ирска и било кој од Ирска/Бугарија не се опасни. Словачка веројатно ќе има смена на генерација (Хамшик веројатно нема да игра после ЕП). Јас би сакал Турција да оди во Ц, а Србија да остане во Б, затоа што Турција далеку повеќе ни лежи како екипа.

За квалификациите во СП ги сакам Велс и Северна Ирска (Велс поготово од тој втор шешир).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.841
Поени од реакции
33.772
Mislam deka ist ke bide... mozebi od kvalifikaciite na CP ke gi ima tie -4, bidejki nemashe da ima efekt ligava na nacija ako ne e isto kako za EP
Не те разбрав. Вака:

1. од Лигата на нации 2018/2019 веќе знаеме дека 4 репрезентации, меѓу кои и Македонија, победниците од плеј-офите од сите 4 дивизии се пласираа на Европско првенство.
2. од оваа Лига на нации што денес ја завршивме, 2020/2021, само 2 репрезентации ќе се пласираат во баражите за Светското првенство 2022 во Катар. Од квалификациите за Светско, првопласираните во секоја група ќе одат на Светско. 10 второпласирани репрезентации, плус 2 најдобри победници на група од Лига на нации 2019/2020 кои не се пласирале претходно, ќе играат баражи. Три репрезентации, најдобри од тие 12 во баражите, исто, ќе се пласираат на Светско.
3. од Лигата на нации 2022/2023, исто како од 2018/2019, 4 репрезентации ќе одат на Европско 2024 во Германија. Тоа е веќе одлучено. Но не се знае на кој начин ќе бидат избрани тие 4, зашто форматот на Лигата на нации е сменет, и во Д дивизијата има само 7 репрезентации, па не знам дали УЕФА би дозволила некоја од нив (Лихтенштајн или Малта, на пример) да играат на Европско.
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
2.038
Поени од реакции
1.951
Постови од 2017 за Тотре
...., а Тотре е бисер кој треба уште да се обработи, му фали ентузиазам и глад за победа, премногу индиферентен е во споредба со квалитетите кои ги има. ....
... Сега му е шансата на Тотре да ја помине границата, и да стане играч. Има доста добар материјал во него, ама нема амбициозност.
....Тотре иднина на тетовскиот фудбал, како оса, не го остави раат една секунда Фелипе, мозокот на Вардарци.
Пост од 2018 за Тотре

...... Тотре сум рекол милион пати, треба да расчисти дали сака да биде фудбалер! Ги има сите нишани и предуслови за тоа, само не и амбицијата!
.....
Тотре е како што викаат србите потурак, албанец , ама зборат турски дома (особено тие што се староседелци во градот, го сметале порано како вид на фалење да се збори турски). Енур е турско име.
Многу го сакам како играч, како оса е , изгледа флегма, ама има вистински осет за да украде топки. Невероватно ладен е , и најмногу ми пречи што не е амбициозен, инаку господ му дал талент.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.537
Поени од реакции
3.736
За сите оние што го бараа Шишковски пред Столе, ова е разликата помеѓу голман кој знае да направи кикс и голман кој не знае да брани. Да, на Столе може да му се деси да згреши, далеку е од стабилен голман, али бар знаеш дека имаш ГОЛМАН на гол, а не човек што не знае основи на фудбал за негова позиција како да затвори агол. Апсолутно немаше никаква шанса од таму да погоди Хамбарџумијан да не го оставеше овој голот празен скроз. Истото важи и за сите оние кои го спомнуваа Гачевски. Ист тип на голмани, со нив си сигурен дека ќе ти се дешаваат вакви работи како денес, или како она што му се деси на Вардар со Копенхаген во гости. Не за џабе стигнал Столе до Шпанија, виделе нешто во него скаути на клубови кои работат малку посериозно во изборот на кадар, и не за џабе за дилајли како двајцава, Богатинов, Нурединовски и слични ветена земја ќе остане Кипар.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.899
Поени од реакции
7.309
На крајот од денот излезе дека можеби е во право онај тн белгиски холандски новинар за буба дека ќе проба на трка од Ф1 Ерменија со еден полуиграч тој од вардар на среќа или не на среќа не победија и вратија во реалноста и блиското минато

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Ајде сега не претерувајте и не паѓајте од делириум под земи и обратно. 10 играчи ни беа отсутни, од кои 7(или 8) стартери. Просечен, па дури и потпросечен беше тимот кој играше денес и пораз не беше нешто неочекувано. Тоа е што е, најбитното е дека победивме со Грузија и одиме на ЕП. Репрезентацијата напредна многу во овие 4-5 години и поразов не е никакво мерило дека ,,се враќаме во реалноста,,.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom