За сите оние што го бараа Шишковски пред Столе, ова е разликата помеѓу голман кој знае да направи кикс и голман кој не знае да брани. Да, на Столе може да му се деси да згреши, далеку е од стабилен голман, али бар знаеш дека имаш ГОЛМАН на гол, а не човек што не знае основи на фудбал за негова позиција како да затвори агол. Апсолутно немаше никаква шанса од таму да погоди Хамбарџумијан да не го оставеше овој голот празен скроз. Истото важи и за сите оние кои го спомнуваа Гачевски. Ист тип на голмани, со нив си сигурен дека ќе ти се дешаваат вакви работи како денес, или како она што му се деси на Вардар со Копенхаген во гости. Не за џабе стигнал Столе до Шпанија, виделе нешто во него скаути на клубови кои работат малку посериозно во изборот на кадар, и не за џабе за дилајли како двајцава, Богатинов, Нурединовски и слични ветена земја ќе остане Кипар.
Друже,
Гачевски за овие сите шо ни се на располагање можи да му дава часови по бранење, дали после утакмица или после тренинг да бираат кога сакаат. Сега незнам во каква форма е, откако замина во Кипар, ако не се лажам пред неколку кола имаше одбранет пенал, ама додека беше во Вардар реално заслужи шанса, се уште тврдам дека е подобар голман и од Столе и од Шишко да не праам муабет...
Ама Гача е Гача, свој стил си тера, плука на социјалните мрежи, по селектори, по ффм му ебава матер све, бара правдина на фб и за тоа го баталија.....
Ајде ако не е Гача, зошто не пробаат со Давид Нилсон ?
Два пати доби шанса дечкото и толку или дека не е дете на Работнички, па не треба да биди во репрезентација ?
7 сезони претходно стандарден голман во екипи во Шведска 1 лига, оваа сезона во Сарпсборг - Норвешка 1 лига, прв голман на екипата и во норвешкото првенство се 4 екипа со најмалку примена гола ! Шо повеќе ?
Дejан Илиев ? До кога ќе чека братот ? Ете викаш ако Столе стигнал до Шпанија во факинг Рајо Ваљекано кој еспресно испадна од 1 лига и сега брани во втора лига. Илиев стигна во Арсенал, сеа шу праиме ? Сега последно беше пратен на позајмица негде во Полска 1 лига....
Не ми е Столе за прв голман шо знам....
Се тресам на секоја топка упатена кон голот, како ептен исфорсиран се гледа во репката, очигледно е....
За Шишковски и Богатинов не се ни за ревијален натпревар, не пак на ЕП, а Шишко два меча сега си брани сосема ок, фати интересни топки, за голот воопшто не е крив мислам, повеќе вина кај Зајков наоѓам....