Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
послаб натпревар не се сеќавам да изиграла репката, најболно е што само БОД требаше против репрезентација која на дузина натпревари способна е да постигне гол, стварно кој феил со тактиката и стратегијата, па знаеш дека не смееш да примиш гол ако немаш постигнато.........буквално е катастрофа ова скроз се помочаја ко деца мали
Јас се сеќавам :D
На гости против Ерменија во Лига Д лани :D
 
Иначе потсетување:

Ерменија беше во група со нас во Лига Д и според старите правила требаше да остане во Лига Д.

Сега ќе игра во Лига Б.

БУКВАЛНО ИЗГУБИВМЕ ОД ВТОРИОТ ТИМ НА ЛИГА Д ЕКИПА!!!
Реално екипиве што беа на терен и кај нив и кај нас се на тој ранг, со неколку исклучоци.
 
Шишковски веќе никаков во прв состав. Еден е Димитриевски, а Илиев резерва
 
Сеа уште еднаш да прашам, кој и на која основа им даде одмор на Пандев, Џани и Столе? И зошто? Тука барајте го кривецот за поразот, мене искрено денешнава игра не ме чуди. Не може од Торте и компанија да очекуваме самба и тики така да играат, јебига. Не е крај на светот ама мораше да извадат барем нерешено, срамота е Ерменија да игра во ранг погоре од нас.
 
Добро ај ќе замолам едно појаснување, што толку посебно добиваме ако идевме у Б лига? Ако е за посилни противници нели ги имаме у нормалните квалификации?? Ова новиов систем не го пратев баш па малце ми е конфузно.
 
Без оглед на поразот одигравме солиден натпревар посебно на средината на теренот. Далеку подобро изгледавме во однос на првиот натревар иаку тогаш победивме. Позитивно е што добивме уште една опција на средината во Тотре кој одигра одличен натпревар. Со оглед на тоа колку играчи фалеа сепак сум задоволен. Нека играат Ерменците во Б Лига, догодина експресно ќе се вратат назат. Е сега далеку поголем проблем од овој пораз е тоа што одредени играчи мора на зима да мењаат клуб за да играат редовно и да бидат колку толку во форма за европско. Овде мислам на Ристовски, Трајковски, Несторовски. Се гледа дека им фалат натпревари, особено на Трајковски. Мора да се поработи и на центаршутевите кои денеска беа ужасно лоши.
 
Добро ај ќе замолам едно појаснување, што толку посебно добиваме ако идевме у Б лига? Ако е за посилни противници нели ги имаме у нормалните квалификации?? Ова новиов систем не го пратев баш па малце ми е конфузно.
Доволно голем резил е да имаме 6 порази во 5 "гостувања" кај Ерменците, за почеток ова. Јас ако се прашувам, подобро што останавме во Лига Ц во однос на изборување на бараж за ЕВРО2024, меѓутоа ако целта ни беше да одиме во Лига Б... срамот од денешниот перформанс е неизмерно голем. Плус сигурно ова ќе ни влијае на напредокот на ранкингот на УЕФА, оттука ќе ни следуваат и потешки противници при жрепки низ регуларни квалификации.
 
Тоа е фудбалот.

Во прво дефинитивно бевме подобри, подобро ја нагазувавме топката, али никакво фајде ако не се даде гол. Тоа беше и решавачкиот фактор, моравме да искористиме додека сме подобри да постигнеме гол, натпреварот ќе отидеше во сосема друг правец и целиот притисок ќе се префрлеше кај Ерменија.

Стигна казната, а потоа е јасно дека со играчите кои беа на терен и психолошкиот притисок, тешко беше да се дојде до изградена и осмислена позиција за гол, единствено некоја набаценка, гужва или слично сценаријо.

Се на се, со сите околности, сум задоволен, важно отидовме на EURO, а оваа репрезентација има уште многу што да каже.

Да се сите живи и здрави до тогаш, со прва 11-ка, со свежа крв од младите и надополнети со Yankee-то (мислам дека ќе ни биде џокер од клупа, таква ѕвезда има детето), се е можно.
 
Последно уредено:
Подобро што останавме во лига Ц. Ако остане истиот формат на квалификации, пак ќе имаме шанси за пласман во Германија на Еуро 2024.
 
Зајков со таа фаца, само за во Нагорно Карабах е да војува, ебати шипот на топка си со тоа мувлосаната нога испружи убо исфрли корнер, ебати играчите, толку сме слаби назад шо Зајков дојде за репрезентација да игра, освен Муслиу, Велковски, Кире Ристевски, толку сме слаби на штоперска позиција шо Зајков мора да се зема.....
Ристоски и тој даде газ, катастрофа денес, разбирам 3 утакмици за краток период, ама овој играч на зима ако не напрај трансфер, го чека кам бек во Вардар после, го бараа Динамо Москва не сакал Русија, кај сакаш бе да ти ебам фацата украинска ? Во Ливерпул ? Убо ти е да се капиш таму на плажите во Португалија....
Трајковски.... во братот имав многу голема надеж уште од порано, дека ќе биди нешто од овој, тотален аматер станал, гледам зошто не игра и во Мајорка сеа....
Дориев орангутанот, со таа конструкција само на трки 200 метри, друго ништо.....
Тотре искина, секоја чест, најдобар, Мицевски дрво, нема шо да бараат повеќе вакви играчи ниту на поширок список, за следни припреми и за ЕП шанса време е да добијат: Атанасов, Чурлинов, Даци, Миовски и тоа младото дете во Америка шо игра, во овие 5 има надеж за во иднина....
 
Ајде, вака, можеби е рано ама уште од сега гледам на следна сезона:

ЛИГА Ц - Следна сезона на Лигата На Нации што....немам појма дали ќе донесе нешто, ваљда не пошто сменети ќе бидат правилава чинам за одење на ЕП преку ЛН

Прв Шешир: Северна Ирска(?), Словачка/Израел, Србија(?), Бугарија/Ирска

Втор Шешир: МАКЕДОНИЈА, Луксембург, Грција/Словенија, Белорусија

Трет Шешир: Литванија, Косово/Молдавија, Грузија, Азербејџан

Четврт шешир: Фарски Острови, Гибралтар и две екипи од: Кипар, Естонија, Молдавија/Косово, Казахстан

Тоа е, шансите за прво место во следната лига ќе бидат потешки, ќе треба да се мачиме против екипите од првиот шешир и ќе треба пак да се мачиме со екипи ко Косово или Грузија

Јбг, да се надеваме дека ќе добиеме добра група во квалификациите за СП барем :/
 
Сеа уште еднаш да прашам, кој и на која основа им даде одмор на Пандев, Џани и Столе? И зошто? Тука барајте го кривецот за поразот, мене искрено денешнава игра не ме чуди. Не може од Торте и компанија да очекуваме самба и тики така да играат, јебига. Не е крај на светот ама мораше да извадат барем нерешено, срамота е Ерменија да игра во ранг погоре од нас.
Добро за Пандев барем имај разбирање, си заслужи одмор, 37 години не е 27, не може човекот константно да игра во толкав краток период, плус ни донесе Европско. Кај се со головите Трајковски, Несторовски, еве Тричковски нели во Кипар растура, кај ни се напаѓачите да докажат дека заслужуваат да играат за репрезентацијата...
 
Таа потреба да се докажуваме со послаби противници, доволно говори за нашиот менталитет. Цела среќа Чеферин напраи ЛН, па се протнавме на првенство.

Побитно е да се игра со подобри, макар и таму да иде тешко да се избориш за ново европско отколку да играш со послаби или аматерски репрезентации.. Денеска требаше да се добие утакмицата т.е да имаме позитивен резултат против оваква Ерменија, кој играл како играл небитно.

Иначе за играта денешна, прво полувреме одлично одиграно, второ контра од првото по што и примивме гол.
Овие што влегоа во второ полувреме се надевам дека нема да ги земе мрме за првенството.
Илија, Трајковски и Ристовски нека си бараат побрзо клуб, оти ако останат кај што се и ако не играат фудбал, тешко ни се пишува на првенството.
 
Едини хендикеп од останувањето во Ц Лига е евентуалната пропуштена (резервна) шанса за игра во бараж за СП 2022. Објаснив неколку страни поназад што се добива од овој циклус на Лигава. Сепак да ја почекаме ждрепката за квалификациите за СП да видиме шо група ќе добиеме. Од оваа утакмица нека извлечат поука што значи предвреме завршување на работата. Сепак психолошкиот момент (ослободување по пласманот на еп) и големиот недостаток на главни играчи, си го направија своето. И нема така лошо да ни биде во Ц следниот циклус. Доаѓаат С. Ирска, Словачка/Израел, Србија и Бугарија :D.
 
Трајковски.... во братот имав многу голема надеж уште од порано, дека ќе биди нешто од овој, тотален аматер станал, гледам зошто не игра и во Мајорка сеа....
Многу е поспор од порано, 2016/2017 си газеше, ако имаш време изглеај хајлатс против Црна Гора 4-1 кога тепавме на пријателска, Трајковски даде 3 гола и се гледа по играта дека беше далеку побрз играч, нејсе на утакмицава се виде најмногу дека ни фалат квалитетни крила, кој за жал ги неаме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom