За момент сите заборавивме дека Мрме ни е селектор.
Секоја чест за тоа што го направи, несомнено ќе биде запишен како најуспешниот селектор на сениорската репрезентација, АМА тоа нема да го смени мислењето мое за господинот Мрме. Секако, никој не ме прашува мене, и со овој пласман Мрме стана бесмртен.
Причината зашто е моето мислење такво е долгото влечење на потрошени таленти како Трајковски, Велковски, Бејтулаи и Зајков(овие двајца имаат среќа што конкуренцијата е речиси нула за негова позиција) Шишковски и др., а на нивна сметка нема Европско Првенство да видат таленти како Чурлинов, Тошевски, Дачи, Атанасов, Ѓорѓев...
Трајовски во вкупно две сезони со Мајорка има одиграно 400 минути. Секогаш беше незаменлив на листата на повикани.
Крсте Велковски од друга страна има минутажа, но во БиХ. Првенство кое е на ниво на македонското, можеби и полошо...
Бејтулаи на натпреварот со Грузија се виде колку му е знаењето. Напишав за него и Зајков дека се на листата само затоа што конкуренцијата е слаба на таа позиција, и други тапа играчи се шлепале со репрезентација затоа што отсекогаш сме имале фалинка на одредени позиции.
Шишковски му е синче од афера на Мрме, он е незаменлив како втор голман. И таму сме слаби, ама реално Шишковски не е опција.
Покрај тие млади што ги спомнав на големо се покажува и Бојан Миовски кој моментално во унгарската лига е трет стрелец со постигнати 5 голови од 400 одиграни минути.
Влатко Стојановски не го споменав затоа што очекувам да добие повик.
Листата на повикани според досегашните покани би требало да биде следнава (се разбира, доколку сите се фит):
Голмани - Димитриевски, Шишковски трет најверојатно помеѓу Илиев, Божиновски или Богатинов. Митов Нилсон долго време не е во комбинација, иако е незаменлив за Сарпсборг кој ја имаат петтата најдобра одбрана во норвешката прва лига.
Одбрана - Алиоски, Д.Велковски, Ристовски, Бејтулаи, Зајков, К.Ристевски, Муслиу
Среден ред - Адеми, Барди, Николов, Спировски, Елмас, Костадинов
Напад - Пандев, Трајковски, Стојановски, Несторовски, Тричковски
Тоа се 21 играч, плус со Ферхан Хасани и Крсте Велковски листата на повикани е комплетирана.
Од друга страна, да...речиси сите овие заслужија. Но доколку Мрме не беше толку лојален према одредени играчи кој ги шлепа толку долго, и доколку им овозможеше повеќе минути на помладите составот сега листата ќе изгледаше сосема различно.
Јбг, ЕП служи за промоција на играчите, многу ќе обезбедат трансфер во подобра лига/тим, а тоа може да бидат дрвца кој ќе бидат само замена во некој си Алавес или Гингамп...отколку да се промовираат играчи од у21 кој воедно би биле и столбот за во иднина.