Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Штета што мораше да ги отповика младите, Чурлинов и Тодоровски ќе беа напалени да изгризаат.

Убаво пиша некој вчера-завчера, сега овие што се на "граница" во ростеров и со несигурни места и младиве кои влагаат на вратата на сениорите ќе запнат да се докажат за да обезбедат место на финалниот ростер макар и како туристи.

Има едно 17-18 играчи кои се со бетонирана виза дека ќе одат (освен недај боже ради повреда) ама за останатите 5 места би требало да се потепаат.

Малце да имаме спортска среќа на ЕП и некои играчи да се докажат во вистински момент, ќе можиме да направиме добра репрезентација на подолг рок...онака да произлезат два трансфери од помладите во Топ 5 лигите и ете ти солидна репрезентација.

Малце не сече Кулушевски што не дојде да игра за нас бидејќи ќе имавме вистинска замена за Пандев на подолг рок, и ќе бевме заебана репрезентација за противниците, и плус голем амбасадор со оглед дека веќе редовно игра во гигант како Јувентус....тие се малите моменти што треба да ни се поклопат
 
Кога сме кај меморија, оваа утакмицава со Ирска што ја спомна @Sawyer88, се сеќавам Џаро дали кај Жаре еден на еден или во друга емисија кажа дека ја местел. Вика судиите биле Италија, класични женскари, им нафрлил некои женски и почнала утакмицата, ни суделе сумњив пенал и сме победиле.
Два пенали имаше, не ми текнува за двата, ама за едниот Ирецот непотребно играше со рака, т.е ги крена рацете за да се заштити од топката која му одеше на глава. Уствари еве и видео, чисти пенали.
 
Малце да имаме спортска среќа на ЕП и некои играчи да се докажат во вистински момент, ќе можиме да направиме добра репрезентација на подолг рок...онака да произлезат два трансфери од помладите во Топ 5 лигите и ете ти солидна репрезентација.

Малце не сече Кулушевски што не дојде да игра за нас бидејќи ќе имавме вистинска замена за Пандев на подолг рок, и ќе бевме заебана репрезентација за противниците, и плус голем амбасадор со оглед дека веќе редовно игра во гигант како Јувентус....тие се малите моменти што треба да ни се поклопат
Младиве дечки да стигнат до врвот што го можат и добро е..

Еве, Пандев некако фаќа врски млади дечки да добиваат шанси во Италија, па ако ги бива добро ако не..ништо
Чинам ете освен Ристовски и уште едно младо момче отиде во Спортинг..

Ова го прават хрвативе со години, создаваат добар однос со екипи, и стандардно нивни деца форсираат...
 
Ристовски нема за што да игра секако, дел од Спортинг Б е...

1605444493764.png
Автоматски споено мислење:

А еве го и тимот на Естонија

1605444613950.png
Автоматски споено мислење:

1605445299273.png

Нели требаше некои од младите да бидат дел?

Каде бе со оваа клупа :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Последно уредено:
..зошто играме од 15 саат?
Еве нема огромна разлика со Естонија, они саат унапред се...
Грузијциве сфаќам, неколку саати разлика сме па мораше порано од другите..ама ова?

Иначе..


Бреј до кај стигнавме, а само пред пар години навивавме за Луксембург на домашен терен и сметавме дека незаслужено стигнавме до трите бода....или уште посвежо...како вчера да беше кога пола стадион го напушти мечот со Австрија а другата половина навиваше за Австрија..шта речи..

Секоја чест :cuc: Да не се повторат старите денови, пошто стварно, ова е нација што навистина беше гладна за фудбалски успех и дури кога бевме најочајни на свет и никој не очекуваше ништо пак ние сериозно си ги сфаќавме поразите и лошите преставувања...
 
Клупава е комедии, 5 души чоече. Ко во трета лига кога не можат да соберат 18 играчи за натпревар.

Не ми е јасно само кај исчезнаа Кире Ристевски и Тотре. Кире на тестот вчера негативен бил, така да требаше денес да биде на клупа.
 
Во тие малку натпревари што ги одигра Тони Савевски видов за каква класа се работи, ретко потценет играч, денес би играл во најсилните лиги. Еднаш се сеќавам Аек играше во група со Милан и Ајакс, кои потоа играа финале, а Тони им даде по еден гол и на двете екипи. Легенда. Штета што во тоа време немавме вистински селектор и што работите не беа поставени на место, иначе Данска не беше ништо посебно, Шпанија беше единствената екипа од светска класа во групата.

Често сум го спомнувал муабетот во Фан Клуб Вардар дека таа генерација на клубот од 80тите е со страшен потенцијал, а тотално неискористена од аматерската организација и ниските амбиции на луѓето на позиции во тоа време. Титулата 87ма е премалку за што се можело со тој состав. Примерот со Савевски е еден од најдобрите. На анкетава на пример е убедливо пред Душан Бајевиќ и Рефик Шабанаџовиќ од шампионскиот тим на Ѕвезда (и пред 35 годишниот Ривалдо :icon_lol:) кои на иста возраст како и Савевски одат во АЕК, а во Македонија ќе се изнаслушаш какви играчишта биле овие двајца од постарите, Савевски да го ставиш во ист ранг со нив ќе те гледаат како лудак.
Првата генерација е најзвучна, меѓутоа не и најсилната која сме ја имале бидејќи речиси сите се во поодминати години кога стигаме да играме квалификации за ЕП. Кога би биле независна држава во 80тите, е тогаш сигурно би ја имале најдобрата генерација на фудбалери, ако на тој тим на Вардар се додадат Милко и Бошко Ѓуровски од Ѕвезда и Клинчарски од Партизан кои се меѓу најдобрите играчи во овие два тима, али тоа е веќе шта би било кад би било муабет.
 
За момент сите заборавивме дека Мрме ни е селектор.
Секоја чест за тоа што го направи, несомнено ќе биде запишен како најуспешниот селектор на сениорската репрезентација, АМА тоа нема да го смени мислењето мое за господинот Мрме. Секако, никој не ме прашува мене, и со овој пласман Мрме стана бесмртен.
Причината зашто е моето мислење такво е долгото влечење на потрошени таленти како Трајковски, Велковски, Бејтулаи и Зајков(овие двајца имаат среќа што конкуренцијата е речиси нула за негова позиција) Шишковски и др., а на нивна сметка нема Европско Првенство да видат таленти како Чурлинов, Тошевски, Дачи, Атанасов, Ѓорѓев...

Трајовски во вкупно две сезони со Мајорка има одиграно 400 минути. Секогаш беше незаменлив на листата на повикани.
Крсте Велковски од друга страна има минутажа, но во БиХ. Првенство кое е на ниво на македонското, можеби и полошо...
Бејтулаи на натпреварот со Грузија се виде колку му е знаењето. Напишав за него и Зајков дека се на листата само затоа што конкуренцијата е слаба на таа позиција, и други тапа играчи се шлепале со репрезентација затоа што отсекогаш сме имале фалинка на одредени позиции.
Шишковски му е синче од афера на Мрме, он е незаменлив како втор голман. И таму сме слаби, ама реално Шишковски не е опција.

Покрај тие млади што ги спомнав на големо се покажува и Бојан Миовски кој моментално во унгарската лига е трет стрелец со постигнати 5 голови од 400 одиграни минути.
Влатко Стојановски не го споменав затоа што очекувам да добие повик.

Листата на повикани според досегашните покани би требало да биде следнава (се разбира, доколку сите се фит):
Голмани - Димитриевски, Шишковски трет најверојатно помеѓу Илиев, Божиновски или Богатинов. Митов Нилсон долго време не е во комбинација, иако е незаменлив за Сарпсборг кој ја имаат петтата најдобра одбрана во норвешката прва лига.

Одбрана - Алиоски, Д.Велковски, Ристовски, Бејтулаи, Зајков, К.Ристевски, Муслиу

Среден ред - Адеми, Барди, Николов, Спировски, Елмас, Костадинов

Напад - Пандев, Трајковски, Стојановски, Несторовски, Тричковски

Тоа се 21 играч, плус со Ферхан Хасани и Крсте Велковски листата на повикани е комплетирана.

Од друга страна, да...речиси сите овие заслужија. Но доколку Мрме не беше толку лојален према одредени играчи кој ги шлепа толку долго, и доколку им овозможеше повеќе минути на помладите составот сега листата ќе изгледаше сосема различно.
Јбг, ЕП служи за промоција на играчите, многу ќе обезбедат трансфер во подобра лига/тим, а тоа може да бидат дрвца кој ќе бидат само замена во некој си Алавес или Гингамп...отколку да се промовираат играчи од у21 кој воедно би биле и столбот за во иднина.
 
Младите не се земени затоа што сите отидоа во изолација, поради позитивни случаи на корона.
Дополнително беше повикан само Дориев.
Автоматски споено мислење:

На Шишковаќа уште од 10та минута почна да му испаѓа топката од раце...
 
Последно уредено:
Види го Бранче,жнее детето,Тричковски ја распали со пуна оваа,најселски што може,овој вика обид за лоб,едноставно ВРИЕ БРАНЕ[emoji23][emoji23]

Sent from my SM-A920F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom