Мене па повеќе ми изгледа како ФФМ да сака бизнис да тера (not the first fucking time) и тоа што сакале да го подметнат тој со жолти картони од У21 е бајаги подмолно и мизерно. Мрме си има свои фалинки и сето тоа си стои (им дава бајаги кредити на играчи кои играле супер порано.. еве Адеми на пример враќа, кој пред 2 години имаше допинг проблеми). Ама факт е дека има створено одлична хемија меѓу играчиве, како што немала таква речиси никогаш и си има резултати (иако може и мора да бидат доста подобри). Чеде Јаневски ја воскресна екипата, па врз него се правеа притисоци кој да игра, поготово на оној дуел со Шкотска дома по кој тој фино лепо си се тргна. Стратев се загуби со Велс и ја фрли Македонија последна во групата. Со Ѓуровски и Друловиќ се закопа репрезентацијата (едвај го победија Луксембург дома во второ коло, а во последното едно реми во Минск со Белорусија во која ни на двете екипи не им се играше, па така ние освоивме 4 бода).
Кога ќе видам кој се бил претседател на ФФМ, ми се гади.