Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Па знаевме и реков уште кога беа противниците, дека кај нас во Струмица ќе се игра против Албанија 100 %.Со Израел ме изненадија но добро е, како и да е на двата натпревари ќе има полн стадион.
Спремајте пивото, доаѓаме. :cool:
 
Супер што во Струмица ќе се играат, може и со Лихтенштајн дуелот таму да го стават или било кој друг град освен Скопје, ама мене поеќе прашањето ми е од кога тој стадион ги исполнува стандардите за играње квалификациски натпревар? Не сум чул да е реновиран тој стадион, а колку што знам до сега единствената причина поради која секогаш во Скопје се играше, е оти само тој стадион ги исполнуваше УЕФА стандардите за квалификациски натрпевар, а не оти не им текнало за опцијата во друг град да играат.
 
Се знаеше дека дуелот со Албанија немаше да се игра во Скопје...

:kafence:
 
Па знаевме и реков уште кога беа противниците, дека кај нас во Струмица ќе се игра против Албанија 100 %.Со Израел ме изненадија но добро е, како и да е на двата натпревари ќе има полн стадион.
Искрено со душа би дошол да гледам во Струмица иако сме дрва.
Не заради репрезентација колку што заради народот што со душа оди на утакмица. И редно беше репрезентација да се пресели малце надвор од Скопје. Макар само на две утакмици. И со Лихтенштајн би играл во Струмица да сум на местото на пацерине. Ќе фрлат пари сега за стадионот да се нашминка малце, мал хендикеп е што нема трибини позади гол. Како и да е ќе крца стадионот.[DOUBLEPOST=1446065971][/DOUBLEPOST]
Супер што во Струмица ќе се играат, може и со Лихтенштајн дуелот таму да го стават или било кој друг град освен Скопје, ама мене поеќе прашањето ми е од кога тој стадион ги исполнува стандардите за играње квалификациски натпревар? Не сум чул да е реновиран тој стадион, а колку што знам до сега единствената причина поради која секогаш во Скопје се играше, е оти само тој стадион ги исполнуваше УЕФА стандардите за квалификациски натрпевар, а не оти не им текнало за опцијата во друг град да играат.
Па единствен стадион во државава што приближно исполнува услови е Младост во Струмица. Игравме пријателска со Канада 2008/9 мислам кога ги победивме 3-0. Треба малце да се појача осветлувањето, мал хендикеп е што нема трибини позади гол. Т.е. има мал дел од старата трибина продолжена на страна ама пак не е тоа тоа. Ако сакаат можат и монтажни да наместат позади гол ама мислам дека пацерите у ФФМ немаат толку мозок за да им текне. Подтрибинските простории на новата трибина се сосема ок. Ќе биде пун стадионот до последно место тоа гарантирам. @ultras1988 знае што фали, што да се среди може да напише подетално. Како и да е ќе фрлат пари од ФФМ да се нашминка стадионот, има работа, осветлувањето да се среди и да го капарисаат Зајко да закрпи тоа дупките на влезот на Струмица кај првиот кружен тек кога се врти десно за кај стадионот, или Вицето место него зависи кој го заменува моментално :D.
 
Последно уредено:
Прилеп треба да биде резервен стадион
 
ТЕ Послушале одма
Модернизација на „Гоце Делчев“: Прилеп ќе добие модерен стадион со 18.000 седишта
  • Автор: ekipa
  • Објавено: октомври 30, 2015 19:21
ilco-prilep-615x400.jpg

Прилеп ќе добие модерен фудбалски стадион со капацитет од 18.000 седишта, на кој ќе можат да се играат меѓународни натпревари. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, денеска потпишаа договор за донација за реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, објави Фудбалската федерација на својот официјален сајт.



Стадионот ќе има капацитет од 18.000 места, а ќе биде направен според сите стандарди на УЕФА за играње на меѓународни натпревари. Проектот ќе опфати хортикултурно уредување околу стадионот, изградба на паркинг простор, соодветни трибини, соблекувални како и осветлување за да може на него да се играат и ноќни натпревари. Покрај градскиот стадион „Гоце Делчев“, ќе се градат и други фудбалски терени во градот. Со овие инвестиции Прилеп ќе добие многу подобра спортска инфраструктура која во иднина ветува дека повторно ќе се раѓаат нови спортски таленти.

„Прилеп како еден од нашите најголеми спортски центри ја заслужува сета поддршка која ФФМ ја дава и се надеваме дека за љубителите на фудбалот во градот ова ќе биде мотив повеќе да ја дадат својата поддршка на фудбалот во сите негови аспекти“ – изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
http://ekipa.mk/modernizatsija-na-gotse-delchev-prilep-ke-dobie-moderen-stadion-so-18-000-sedishta/
 
Abe tri ili cetiri godini ne lazat.Aj moze v godina ke go napravat.100 dogovori potpisaa
 
Топки дека ќе го напраат. За каде попрво милион евра? Трибини, терени, гардероби??? Надевајте се дека ќе го направат.
 
Па и паркинг.А околу стадион нема место за таква работа.
Ајде живи били па видели
 
Кока Кола: Празници се ближат, празници се ближат
ФФМ+ВМРО: Избори се ближат, избори се ближат
 
Шо убаво не личи, а?!!
Никој не ни е рамен. На нас, на Молдавија и Лихтенштајн.

EEuropePrintNoText.jpg
 
Ранг листава е без врска, ете Белгија е прва, силна е да, но нема логика да биде прва... менувам 139-то место за 207 и пласман на ЕП.
 
12227167_10153629369812088_4743423936109094101_n.jpg


Додека ние овој пласман го заслуживме заради квалификациите,Барбадос,С.Лусија,Бахамите,сигурно од некој турнир меѓу баровите на плажи што им се ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom