Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Какви дебили се значи.. Кога веќе натурализираат играч што нема допирни точки со Македонија (сем играњево полусезона во Вардар), уместо да натурализираат некој КВАЛИТЕТ, некој што ќе направи разлика, некој играч каде што сме најтенки, во случајов играч што игра во средниот ред кој знае да задржи топка и да креира акција, ФФМ пробува да го натурализира типацов кој е на исто рамниште малтене со нашиве цепеници ( Шиков, Мојсов анд компани ). Мислам која е поентата.
Па земи едно дете од младинците на Вардар или од Струмица и со 16 години давај му шанса да игра и во онака беднава лига, ГАРАНТИРАМ дека ќе испадне подобар играч од овој.

Испаѓа џабе градиме инфраструктура и демек акцент ставаме на младите кога ќе ни доаѓаат играчи од типот на овој и ќе ги убедуваме да играат за МКД.
Да не е трагично би било смешна.
Си има процедура за еден играч да добие државјанство, во случај да нема Македонско државјанство, односно да има корени во Македонија.
Многу пати сме пишувале на оваа тема и сеуште не ги знам строгите правила кои ги има воведено ФИФА, покрај правилото според кое еден играч не смее да игра за друга репрезентација, доколку на официјален меч влегол во игра во дресот на друга репрезентација.
За Македонија да натурализира квалитетен играч, кој нема Македонски корени, треба истиот да живее во Македонија, а за да живее во Македонија, логично е дека треба да игра за Македонски клуб.
Не знам каков квалитет може да понудат Македонските клубови, ама Мијушковиќ во моментов е измислен за тоа хендикепираните што играат во репрезентацијата на штоперска позиција. И нема дете од Вардар што може да го достигне неговото ниво во моментов. Ете Дино Најдовски како голем талент добиваше шанса во прв тим од 16 години, па во моментов е 15 класи послаб од Мијушковиќ. Од моменталниот одбранбен двоец во репрезентацијата, Грнчаров истотака е многу подобар играч. Споредба меѓу Грне и Кирче Ристевски не може ни во сон да се направи, а најциркузантски потег беше кога го викнаа Дади да игра за репрезентација :pos::pos::pos:
Сакам да ти кажам дека констатацијата дека кога веќе некој се натурализира, треба да биде класи подобар од веќе постоечките, не ти е на место, од причини кои ги споменав погоре, затоа што класа играч не може да се задржи повеќе од една сезона во Македонска лига, а тоа не е доволно за добивање дозвола за настап за Македонија.
Затоа и прашав по која основа планираат да го земат Мијушковиќ? Вистина, нема заиграно за друга репрезентација, ама јас колку што знам треба 5 години да живее во Македонија за да заигра во репрезентација... Нема сигурно да го чекаат толку време.
 
Ние со Матиќ имаме проблем, каде еден од родителите е Македонец, не па со некој кој нема никаква врска со Македонија. Колку што знам, кај Мијушковиќ во моментов нема никаква основа да заигра за Македонија, веројатно е муабет пуштен од нашите "стручни новинари".
 
Abe ova e isto kako onoj Jakimovski sto ke igrase za bugarite, pisale nekoj mediumi od crna gora , za da napravat pritisok i da go povikaat vo reprezentacija Crna gora.
 
Ние со Матиќ имаме проблем, каде еден од родителите е Македонец, не па со некој кој нема никаква врска со Македонија. Колку што знам, кај Мијушковиќ во моментов нема никаква основа да заигра за Македонија, веројатно е муабет пуштен од нашите "стручни новинари".
Може да му дадат си има член во Законот за државјанство, доколку се оцени дека има посебен национален интерес да му се додели државјанство исто како што им доделија на Мекејлеб и компанија на странци, проблемот е дали ќе сака да заигра.
 
Мислам дека Пандев е вратен за авторитет во репрезентацијата, и сметам дека после завршетокот на неговата кариера, ќе биде добро да му се даде шанса да биде и селектор, зашто сигурно парите нема да играат улога кај него.
 
Ја би го пуштил Пандев за тие пари да игра кај нас у мала, ем ќе научи нешто, ем кога не му се игра нема да го викаме.......вака само ќе се мачи сиротиот ќе настине валајки се по мократа трева....никој нема да ја гледа Црна Гора... Македонија и онака не се ни спомнува..

п.с. Ја збирам пари за баба...Затоа вежбајте Напреддддд баааабоооо, гооооооллл бабоооо!
 
Може да му дадат си има член во Законот за државјанство, доколку се оцени дека има посебен национален интерес да му се додели државјанство исто како што им доделија на Мекејлеб и компанија на странци, проблемот е дали ќе сака да заигра.
Абе може да му се додели државјанство, но во таков случај уефа нема шанси да дозволи да игра. Различни се правилата во кошарка и во фудбал.
 
Може да му дадат си има член во Законот за државјанство, доколку се оцени дека има посебен национален интерес да му се додели државјанство исто како што им доделија на Мекејлеб и компанија на странци, проблемот е дали ќе сака да заигра.
Не е проблем државјанството, државјанство може на било кого да му дадат ако е од национален интерес, проблемот е што во фудбалот правилата не се исти како во кошарка и ракомет, каде што доволно е да имаш државјнаство на некоја држава за да настапуваш во истата.
Во фудбалот покрај правилото дека не може за повеќе од една репрзентација да заиграш, важи правилото и дека за една држава може да настапува некој што е роден во истата (по некоја логика :D), има потекло од државата (мајка, татко, баба, дедо, стрина, тетка родена во државата :D), или да живее 5 години (не мора континуирано во државата , со тоа што не сум сигурен дали се работеше за 5 години или 4 или 8 :D).
Досега на Брага му дадоа затоа што исполнуваше услов да биде државјанин на Македонија на подолг период (како што кажав не знам точно колку години, ама мислам дека се 5), Вандаир од иста причина, Ранѓеловиќ поради тетката, Оса (го спремаа на ист начин како и Брага и Вандаир, ама го снема) итн :D
 
На Пандев да му го јадете!
Не сме имале а може и ќе немаме во скоро време играч како него ;)

Пандев е нешто најдобро што го имаме иако е 31-32 години
 
Почнале да викаат постари играчи ко Пандев, за авторитет, па најубаво Панчев и Рингов да ги викнат, барем ќе им покажат две-три финти и ќе добијат пола од утакмиците.
Бидејќи од моменталната постава нема некој позабележител, треба само млади деца до 28 и да се стандардни во нивните тимови (не е битно дали 1 лига Македонија или 3 лига Холандија). И нон-стоп менување на играчи, додека не се искристализираат играчите на нивните позиции.
Не е ова sci-fi, башка ионака сме 130 и некое место, нема ништо да се смени.
 
Прва катастрофална грешка на Мрме е враќањето на Пандев, сосема непотребно, прошла мода е Пандев, на 32/3 години назад во репрезентација, максимум уште 1 година би турнал овде и пак ќе се повлечи зато велам во моментот за таквото ни е Пандев, на оваа репрезентација и Ибрахимовиќ да дојди напаѓач џабе е, треба големи промени пред се од самото раководство !
Подобро нека ги форсира Трајковски, Хасани, Ивановски, Велковски, Баже Илијоски.
Сега некој ќе ме цитира ќе речи од сите шо ги наброја не вредат колку Пандев ? :tapp: поглупа споредба АМИН.
Можи не вредат, али Пандев е вон форма 2-3 сезони, со теретниот воз ќе лази на терен, зато реков моментално не е потребен Пандев кога имаме голем избор на напаѓачи !
 
Не е проблем државјанството, државјанство може на било кого да му дадат ако е од национален интерес, проблемот е што во фудбалот правилата не се исти како во кошарка и ракомет, каде што доволно е да имаш државјнаство на некоја држава за да настапуваш во истата.
Во фудбалот покрај правилото дека не може за повеќе од една репрзентација да заиграш, важи правилото и дека за една држава може да настапува некој што е роден во истата (по некоја логика :D), има потекло од државата (мајка, татко, баба, дедо, стрина, тетка родена во државата :D), или да живее 5 години (не мора континуирано во државата , со тоа што не сум сигурен дали се работеше за 5 години или 4 или 8 :D).
Досега на Брага му дадоа затоа што исполнуваше услов да биде државјанин на Македонија на подолг период (како што кажав не знам точно колку години, ама мислам дека се 5), Вандаир од иста причина, Ранѓеловиќ поради тетката, Оса (го спремаа на ист начин како и Брага и Вандаир, ама го снема) итн :D


Го изумив правилото на ФИФА, и да се оди по основ на престој во Македонија пак не исполнува не го исполнува ни тој услов, се мислам дека е новинарска патка нарачана од ФФМ, колку да се прикаже дека Мрме почнал со работа, ден потоа следеше враќањето на Пандев. Свесни се дека се на сериозен удар на дел од спортската скоро и на целата мак.јавност, свесни дека станаа федерација и фудбалери за потсмев па се обидуваат да прикажат дека се фатиле за работа.
Кога почнаа да ги враќаат постарите еве моја желба е маскотата Величе :)
 
Ја иам исти вакви копачки, само жолти. :D
Па и костобрани стаила. :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom