Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам да биди на тоа "ако беше вака, ако беше така", но... сигурно би го помислиле истово и Вие!

Доколку, останеше резултатот како што е (1-1), овде ќе ги воздигнувавте играчите како покажале карактер и како Чеде ја погодил измената, иако пред тоа имаше постови каде што се зборуваше дека Чеде не знаел да прави измени.

Досеа што сум следел македонски фудбал, мислам дека токму со Чеде играм подобар фудбал, дисциплинирано, имаме некој план и тактики, но за жал ограничени сме со квалитетот на фудбалерите. Не играат во јаки лиги, ниту пак би ги споредил со шкотскиве фудбалери каде што имаше барем половина играчи кои играат во Премиер Лига...

Не треба промена, треба трпение и со тек на време можеби ќе има резултати па и во иднина да се пласираме на некое Европско или Светско, секако доколку Чеде издржи на клупа и не си дај самиот оставка.

Јас сум задоволен со прикажаново од страна на фудбалерите, знаејќи дека отсекогаш биле слабаци и губеле од ко стасале..
 
Тоа малку што го видов бевме на ниво на Андора освен 4 минути кога го дадовме голот. Мизерни бевме.

Не знам што се чудите што публиката свирела и не бодрела, публиката ќе бодри и во пораз под услов сите да гинат на терен а денес нешто не се претргаа. Среќа што не отидов на стадион ќе ми беше криво за парите, ги мрзи да трчаат тоа е проблемот а не што изгубија.
 
Јаховиќ нема потреба да го зимаат веќе , добар си е Јове , а може да проба и да го игра Трајковски шпиц некогаш, ако не е физички јак за таму , добро игра и како шпиц . Мирко ИВАНОВСКИ на оваа џукела треба да му се стави црн печат на пасошот да неможе да влезе у државава а не па да игра за нас , врти сучи ругај по Пандев пак на крај он е тој што ги праи головите , Шиков ужас , катастрофа, феил невиден па тој само едно стадо овци дај му и на шара прати го .. у глобала земено општ хаос ни е составов од тренер до помошник до младински до играчи и се . А и ќе заборавев , јес да е млад Бабунски али да не е татко му тешко дека ке облечеше некогаш национален дрес , ке ораше по она нивине у струмица и кавадарци за некој тим (без навреда) тоа е тоа .


Ако имаш ти три чисти шо пишиш, ....
 
Тројца клучни играчи им фалеа на Шкотиве и еден младич што натрпа 50 гола лани за својот стар тим и годинава и за новиот и репрезентација е исто така убиствен, не е фактор тоа што биле во Премиер Лига повеќето од нив. Требаше да ги добиеме, очај беа.
 
Кога го видов како се мести Малоуни, знаев дека ќе биде КПР вол.2 :(

Штета за поразот, крши филм ептен после победата против Велс. Во прво да примеа гол немаше да ми биде мака, нашите спиеја на теренот. Него го прогураа и после таман заличаа на нешто, шкотиве два пати ни го опашија. Шиков несреќник, и Ања му избега, и фаулот го направи.
 
Не сакам да биди на тоа "ако беше вака, ако беше така", но... сигурно би го помислиле истово и Вие!

Доколку, останеше резултатот како што е (1-1), овде ќе ги воздигнувавте играчите како покажале карактер и како Чеде ја погодил измената, иако пред тоа имаше постови каде што се зборуваше дека Чеде не знаел да прави измени.

Досеа што сум следел македонски фудбал, мислам дека токму со Чеде играм подобар фудбал, дисциплинирано, имаме некој план и тактики, но за жал ограничени сме со квалитетот на фудбалерите. Не играат во јаки лиги, ниту пак би ги споредил со шкотскиве фудбалери каде што имаше барем половина играчи кои играат во Премиер Лига...

Не треба промена, треба трпение и со тек на време можеби ќе има резултати па и во иднина да се пласираме на некое Европско или Светско, секако доколку Чеде издржи на клупа и не си дај самиот оставка.

Јас сум задоволен со прикажаново од страна на фудбалерите, знаејќи дека отсекогаш биле слабаци и губеле од ко стасале..
Одлично кажано .... дајте бе време бе .... што очекувате бе .... не бидете лицемери .... на Белгија и требаа 10 години да создадат ваква репрезентација со Хазард,Фелаини,Куртоа итн .... трпение спасение ... Македонскиот фудбал почна да се обновува,да се реформира,да се враќаат спонзори ... фала му на Бога имаме и добра гарнитура која има желба за равој на фудбалот,барем тие што го следат мак фудбалот знаат колку реформи и за прв пат потези се направени ... масовно селектирање низ цела земја има во тек за репрезентации,се направи ја од 12 до 21 младински репрезентации,каде нема скокање,се направи национална академија,законска трансформација,формат кој одговара на Лигата,третмам и образование кон талентите и играчите,дури и заедничка тактика која треба да даде позитивен резултат во иднина ....Ме бидете дволични ... трпениe спасение .... фудбалот ни е во очајна состојба .... потребно е да се почека .... Важно е што се мрднаа работите од мртва точка ....
 
Како прво, толку идиотски народ иде на стадион, па тоа е чудо едно.
Свиреа кога додаваа нашиве, па што очекуваат да везат на терен ?! Очигледно на некои им штети премногу гледање на странскиот фудбал, добро е што не даваат друго првенство по телевизииве наши.
Прво полувреме катастрофа бевме, се виде дека Бабунски нема искуство да повлече да направи некоа акција. Младо е детето уште за да биде стартер. Тасевски од кога влезе многу подобро и потечно игравме. Тогаш почна и Остоја многу подобро да игра.
Мечов го изгубивме само поради индивидуални грешки. Ќе ги издвојам како најслаби денеска Шиков,Георгиевски и Јаховиќ. Првиот беше неколку пати надскокан од играч 1 глава понизок од него, вторив ако добро видов не покри како што треба при првиот гол, а третиов апсолутно ништо не изигра. Ниеден воздушен дуел не доби, ниту еднаш не втрча во празно да се отвори, мислам дека ни 1 пас не даде.
Згреши Чеде што и на овој натпревар не беа стартери Тасевски и Костовски. Убаво реков пред натпреварот дека Јован ни е најдобриот шпиц моментално што го имаме, и покажа дека не грешам.
Ристовски пријатно ме изненади, второ полувреме повеќе како крило го изигра него како бек, плус тоа што е деснак и игра на неприродна позиција за него. Пандев стандардно си изигра, феноменален пас даде при голот. Незнам што очекуваат сите, не е он светска класа играч па да прави огромна разлика на терен.
Се на се, незаслужен пораз. Реализацијата повторно се покажа како голема слабост што ја имаме веќе долго време. Ме загрижува одбраната, некогаш најсилниот дел сега е премногу ранлив. Шиков дефинитивно е далеку од играч какви што беа Васовски,Седлоски,Митревски и каков што е Новевски. Одбраната веројатно ќе ни биде голема болка по пензионирањето на Новевски зошто најголем проблем ни е таа и во младинските категории....
 
Сите се навртеа на Чеде за измената на Бабунски, добро бе да му се сневиди, откај знаат дека не се работи за некаква повреда, нешто што не треба сите да знаат? :facepalm: Филе едвај чекаше, на ФБ следбениците негови и оставка од Чеде бараат :pos: Да не се сфатиме погрешно ни јас не би направила таква измена ама од сите проблеми се фатија за тинејџер кој го има целото време на светот да игра за репрезентацијата. Сигурно пола од експертиве ќе го сменеа и Пандев на полувреме и немаше ни да го внесат Костовски.
 
И јас го видов тоа ... мислам рече " ти ебам тоа публиката " ... прво аплаудираше па го рече тоа ... како и да е,во право е се согласувам ... која дволична вештачка мизерна публика имаме и тоа е реалноста .... Двочична .... ЛИЦЕМЕРИ ..... а и грешка оверал на Чеде мислам дека е што не го покрија,фластер да му удрат на Црнецот .... сите акции на Шкотска одеа преку Црнецов ... а и не дупите ве молам Георгиевски е крив ... колку пати го запре Црнецов ... една грешка направи зошто изгуби сили,изморен,попушти ... а и требаше одма пресинг да удри Чеде ... Бабунски да го стави резерва ... знаев дека не требаше стартер ... се плашев да не го изгорат Бабунски од преголем притисок ... се уште нема играно на високо ниво и млад е ... треба полека со него .... со Ристовски и Трајковски се може зошто оди веќе играат на високо ниво фудбал,можат да издржат ... како и да е .... го подржувам Чеде .... ја трансформираше репрезентацијата од пасивна во активна состојба .... ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ МИ !!! ДАЛИ Е ФАКТ ДЕКА ДОСЕГА ПОД РАКА НА ЧЕДЕ !? МАКЕДОНИЈА ГО ИГРА НАЈПРОДУКТИВНИОТ ФУДБАЛ ВООПШТО ДОСЕГА ВО НАШАТА ИСТОРИЈА !? ДАЛИ ПОЧНАВМЕ ДА ДАВАМЕ ПО НАЈМАЛКУ ЕДЕН ГОЛ НА НАТПРЕВАР !? ДА Е ОДГОВОРОТ !!!


Го подржувам Чеде да остане !!! Со него сум !!! :(

Респект за постов, 10000% се сложувам!
 
Згреши Чеде што и на овој натпревар не беа стартери Тасевски и Костовски. Убаво реков пред натпреварот дека Јован ни е најдобриот шпиц моментално што го имаме, и покажа дека не .


Костовски има предиспозиција и талент за голови,ќе видиме како ќе се развива допрва,да не рачунаме многу како се игра во нашата лига па да ги правиме класа играчите дури настапуваат во нашето ебиветер првенство

Ивановски веќе се докажува во романското првенство и мислам дека е барем два чекори пред Костовски,вечерва Ивановски принудно играше на крилна позиција,благодарејќи на Јаневски кој не си ги знае играчите со кои располага па направи каша со оваа формација со која излезе вечерва,уште на почеток се гледаше дека нема баланс и дека нема никаква игра ниту може да се воспостави..............не дека имаме некој квалитет,арно ама вечерва Јаневски лошо започна,а потоа проба да корегира нешто во кое не успеа ни најмалку,Шкотите го имаа натпреварот сите 90 минути под целосна контрола !

после Бугарија и Велс штета што не се искористи позитивната атмосфера,вечерва сите исчекуваа чекор понапред од тимот,но за жал видовме колапс и катастрофа.........
 
Него луѓе, ја незнам што сте сите толку запрепастени од поразов, па апла јасно беше дека ќе изгубиме, не ли сфаќате, па Шуми не играше, без него неаме шанси! Види само која разлика беше сега кога игравме против нив, и прошлиот пат кога ни гостуваа и Величе коа играше... Глеаш ли што ти прави разлика човекот, Џерард наш... Англиското во него одма лом праи против тоа Шкотланѓаните, не се трпат многу...

:pos:
 
Мене никако не може да ми се разјасни како очекувате Пандев да пружа исти партии во Наполи и во Македонија.Кога игра за Македонија тој и 200% да дава од себе нема да биде ни блиску до она што е во Наполи.Пандев кога игра во Наполи покрај себе има класа фудбалери и со тоа му се отвара многу поголем простор за игра.Кога ќе излезе во Неапол на утакмица покрај него има фудбалери како што се Хамшик,Маџо,Зунига и пред сезона-две Лавеци и Кавани,а од оваа година Игуаин,Каљехон,Инсигне + првите тројца што ги набројав.Кога ќе излезе во Скопје на утакмица Пандев има покрај него играчи што се 10 класи подоле од оние што ги набројав,а како бонус му се оние двајца од противничката репрезентација што од почеток до крај му дишат во врат.
 
Денеска атмосфера на стадион како на погреб.Тоа е кога нема навивачка група асална да го води колку толку навивањето.

За играта што да се каже тоа бугарчето Тасевски врска нема, да си седне на клупа еден асален пас не додаде.Бабунски не беше толку очаен незнам зошто го смени одма.Јахович изгубен во просторот, дефинитивно човекот беше на погрешно место и на погрешно време денеска.
Едина светла точка беше Георгиевски колку толку се трудеше момакот и ми се допаѓа како изигра мада голот падна по неговата страна.Пандев се знае се труди колку толку ама нема со кого да проигра.При една контра истрча напред и немаше на кој да додаде сите спијат во наша половина :facepalm:
Јове се знае си гази сум рекол неколку пати дека е добар голгетер, знае да искористи шанса со добар пас.Голот од слободен знаев дека ќе го дадат и треба да се приберат нашиве малце, па се прави ли фаул на дваесетина метри од нашиот гол во 90-та минута бе :facepalm:
 
Прво, критиките кон Чедо Јаневски се неосновани. Споредете игра под водство на Јонуз или Тошак, со игра на Чедо Јаневски. Порано бевме за никаде, однапред се впишуваа поени со нас, сега колку - толку барем на терен сме покомпетитивни. Како им игравме на Словенија, Данска и Бугарија? Одлично. Со Белгија немаше шо да бараме, тие сега се една од најдобрите репрезентации во Европа, а тек по некоја година...
Второ, денеска нашите беа слаби. Факт. Па шо оти? Неќна Франција играше нерешено со Грузија, Холандија се вадеа со Естонија. Понекогаш се има и слаб ден. Никој жив не може да ме убеди дека Шкотска и Велс се подобри тимови од Македонија. Која тактика ја имаа шкотите, да ја рокаат топката напред на левото крило Ања, знаејќи дека е брз. Некаде го напаѓаат Даниел Георгиевски, ама дечкото одигра колку можеше, некогаш го минуваа, некогаш сопираше.
Околу Бабунски, играчот има квалитет, тоа се гледа со сам факт што е дел од Ла Масија. Но, сеуште не е за репрезентативец. Му треба ментално калење, храброст.
Шиков не ми се допаѓа, можда е време Грнчаров пак да игра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom